Чтец
Чтец (грчки: αναγνώστης, старословенски: чтецъ, латински: lector) — лице што во некои христијански цркви е одговорно за гласно читање на извадоци од Светото писмо за време на литургијата. Во раните христијански времиња, чтецот имал особено значење поради слабата писменост на населението.
Православни цркви
уредиВо православните цркви чтецот е во редот на пониските чинови во свештенството, повисок од вратарот (денес го нема), а понизок од подѓаконот. Неговата главна улога е да ги чита лекциите од Стариот завет и епистоларните посланија за време на божествената литургија, како и да ги пее псалмите и антифоните. Постои посебна служба за ракоположување на чтеците, иако во денешно време и лаик може да ја врши улогата на чтецот со благослов на свештеник.
Чтецот може да носи расо, но најчесто само за време на богослужбите[1].
Римокатоличка црква
уредиВо обредот на римокатоличката црква „лектор“ го означува лицето кое е назначено да чита библиски текстови, освен текстови од Евангелието. Читањето на Евангелието за време на миси е резервирано за ѓаконот, или во негово отсуство за свештеникот. Но, исто така има и пошироко значење во смисла да означува лице кое е „поучено“ за лектор, а не само кога е назначено да чита.
Ова звање е класифицирано како едно од четирите помали чинови и во последниве неколку века им се доделувало само на оние кои се подготвувале да бидат ракоположени за свештеници.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Чтец на Православната википедија
- Photo: Tonsure of a Reader
- Church Reading: A Vital Ministry Архивирано на 25 јануари 2010 г. by Deacon Sergius Halvorsen (Orthodox)