Кадилница[1][2], кандилка[3][4] или кадило[5][6] — сад што се користи за согорување на благомирис (мирисливи материи; во христијанството тоа е темјанот). Се користи во многу религиитаоизмот и будизмот (во Кина и Јапонија), хиндуизмот (во Индија) и христијанството (почесто кај православните), а ги користеле и други антички цивилизации како што се Маите, на пример.

Глинена куќна кадилница и посатка за темјан.

Кадилници во православието

уреди

Тоа се рачни садови за принесување кадење на Бога и служат за кадење на иконите и луѓето. За време на богослужбите во храмовите, како и за време на молитвите во домовите, се користи кадилница, која во христијанската симболика го претставува човештвото преку Исус Христос: жарот е божество, додека чадот е добар мирис на Св. Дух. Црковните отци сведочат за темјанот како пропратен чин, нагласувајќи дека на тој начин се почитуваат светите икони. Со кадењето на верниците се примаат нивните молитви и се делат осветувања кои доаѓаат невидливо како и мирисот на темјанот[7].

Домашни кадилници

уреди

Кадилниците во домот најчесто се рачно изработени, направени од земја или метал и се со различни облици во согласност со христијанскиот дух. Во кадилницата се става жар од дрво (јагленот има непријатен мирис), а на жарот се става благомирис кој шири пријатен мирис. Бидејќи во градовите често нема жар, за замена на жарот се користи специјална брикета во прстени.

Кадилницата и жарта во неа ја симболизираат жестоката љубов кон верата и топлината на христијанската душа. Мирисот на темјан ја симболизира благодатта на Светиот Дух. Кадилницата се користи при секоја молитва. Домаќинот кади, држејќи ја кадилницата во десната рака и со неа прави знак на крст. Се кадат прво постарите, а потоа помладите. Кадилницата се чува на свечено место во куќата[8].

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „кадилница“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „кадилница“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „кандилка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „кандилка“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „кадило“Дигитален речник на македонскиот јазик
  6. „кадило“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  7. Церовић Н. (2014) Говор крста, Изложба у Народни музеј у Београду
  8. „Шта све један православни дом треба да има - Кадионица, жар и тамјан[[:Предлошка:Ботовски наслов]]“. Архивирано од изворникот на 5 март 2016. Посетено на 14 јули 2015. URL–wikilink conflict (help)