Акатист
Акатист[1] (грчки: Ακαθιστος - слуша стоејќи) — химна на благодарност.[2]
Православната химнографија познава акатисти посветени на Света Троица, Светиот крст и некои светци. Најмногу користен акатист е оној посветен на Пресвета Богородица, „Заштитничката на Константинопол“. Oва е ремек-дело на византиската литургиска химнографија. Овој акатист има облик на песна составена од 24 икоси и кондаци, а секој икос е составен од прозби составени од дванаесет стиха (според описот од Откровението, поглавје 12), а завршува со извикот: „Радуј се Невесто, неневестна!"[1] Оваа химна се заснова на кондакот испеан од Роман Слаткопевец (491-560), ѓакон во Бејрут и Константинопол, и му се припишува на патријархот Сергиј (помеѓу 610 и 638). Византискиот филозоф Михаило Псел (11 век) му го припишува овој акатист на Георгиј Писидиски, библиотекарот на Света Софија, кој наводно го составил во 629 година, за време на владеењето на царот Ираклиј, по повод византиската победа над Аварите кои го опседнале Константинопол, победа што ѝ се припишува на Пресвета Богородица („Ти благодариме за победата“). Овој настан е претставен во иконографски облик во 24 сцени на западните ѕидови на пронаосот. Особено се пее во саботата што и претходи на петтата недела од Велигденскиот пост.
Овој акатист дава богослужбена потврда на учењето за Дева Марија како Пресвета Богородица - Θεοτοκος, што е потврдено од Третиот вселенски собор во Ефес (431 г.), како и други главни аспекти на православната христологија и мариологија во 5 и 6 век.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Таковски, Јован, протојереј (1999). „Терминологија од областа на теологијата“ (PDF). Македонска терминологија. Скопје: МАНУ. 102 (4): 6.
- ↑ Стамболић, Милош, уред. (1986). Речник књижевних термина. Београд: Нолит. стр. 6. ISBN 86-19-00635-5.
Литература
уреди- Трифуновић, Ђорђе (1990). Азбучник српских средњовековних књижевних појмова (2.. изд.). Београд: Нолит.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Чуркин А. А. Русский акафист середины XIX — начала XX века как жанр массовой литературы // Материалы XXXVI Международной филологической конференции 12 — 17 марта 2007 г. Выпуск 21: Кафедра Истории русской литературы / Под ред. А. О. Большева. СПб.. 2007. — С. 23—33. — ISBN 978-5-8465-0772-2
- Александра Јовић Акатист као жанр црквене химнографије // Зборник радова Филозофског факултета. ХLIII. 2013 — № 2. — С. 701—722