Кондак[1][2] (κοντάκιον) — облик на химна, која се изведува во православната литургиска традиција[3].

Опис

уреди

Кратка црковна молитвена песна во чест на празникот или светителот, со јасна содржина. Самиот збор води потекло од грчкиот збор κόνταξ, со значење прачка околу која е поставен свиток. Поимот го опишува начинот на кој зборовите во свитокот се откриваат при читањето. Потеклото на кондакот се лоцира во раниот византиски химнографски период, околу 6 век. По начинот на пеење кондакот е речиси идентичен со тропарот, од кого се разликува само по местото (редот на пеење) во богослужбата.

Првично означувал свиток од пергамент со записи на црковни песни. Потоа тој означувал кратка црковна песна, која во себе содржи хвала за Господа Бога, за Мајката Божја или за светител. Понекогаш кондакот ја искажува главната содржина на црковниот празник.

Името на кондакот е поврзано со една случка од животот на свети Роман Слаткопевец. Тој бил родум од Сирија, а како ѓакон служел во Бејрут. При императорот Анастасиј I (491-518) служел во Константинопол, каде со тек на време станал пцалт во црквата Света Софија. Но, не бил талентиран за пеење. Неуспехот го разжалостувал. Тој силно се молел на Пресвета Богородица. После долгите молитви тој ја видел во сон Пресвета Богородица, која му дала свиток и му рекла да го проголта. Кога се разбудил почувствувал вдахновение и тогаш го испеал својот познат кондак на празникот на Рождество Христово: „Дева денес Надсуштинскиот Го раѓа, И земјата пештера на Непристапниот Му принесува. Ангелите со пастирите славословат, Мудреците, же, со ѕвездата сопатуваат: оти заради нас се роди Дете Младо, Предвечниот Бог“.

Кондакот настанал во Византиското Царство околу 6 век и е тесно поврзан со свети Романос Мелодист (п. 556).

Поделен е на строфи („оикои“, строфи) и започнува со пролог („проимоион“ или „кукулион“). Кондакот обично има библиска тема и често содржи дијалог помеѓу библиските ликови. Единствениот кондак што денес редовно се празнува во целост е Акатист на Богородица.

 
Икона на Св. Романос Мелодистот пеејќи го својот кондак (1649, Маларита, Белорусија).
 
Велигденски кондак Сè уште во гробот ( Εἰ καὶ ἐν τάφῳ) (Национална библиотека на Русија, Манастирот Света Катерина)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

Литература

уреди
  • Вениамин (Краснопевков-Румовский). Ч. 2, гл. 4, § 19 Кондак / Новая Скрижаль, или Объяснение о церкви, о литургии, и о всех службах, и утварях церковных, в четырёх частях. — М.: Изд-во Правосл. братства Свт. Филарета, митрополита Московского, 1999. — С. 78.
  • Священник магистр Григорий Дьяченко. Кондак. / Полный церковнославянский словарь со внесением в него важнейших древнерусских слов и выражений. — Тип. Вильде, 1899. — С. 261.