Родриго Себастијан Агире Сото (роден на 1 октомври 1994 во Монтевидео) — уругвајски фудбалер, напаѓач на Насионал Монтевидео на заем од Удинезе.

Уругвај Родриго Агире
Лични податоци
Полно име Родриго Себастијан Агире Сото
Роден на 1 октомври 1994(1994-10-01)(29 г.)
Роден во Монтевидео, Уругвај
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Насионал Насионал
Број 27
Младинска кариера
Ливерпул Ливерпул Монтевидео
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011-2015 Ливерпул Ливерпул Монтевидео 57 (16)
2014- Удинезе Удинезе 17 (1)
2014-2015Емполи Емполи 1 (0)
2006Перуџа Перуџа 17 (3)
2016-2017Лугано Лугано 9 (1)
2017-Насионал Насионал 1 (2)
Репрезентација
2010-2011 Уругвај Уругвај 17 13 (2)
2013 Уругвај Уругвај 20 8 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21 септември 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 септември 2011

Клупска кариера уреди

Почетоците во Ливерпул Монтевидео уреди

Својата кариера ја започнал во екипата на Ливерпул од Монтевидео за која го направил своето професионално деби на 4 септември 2011 со само 16 години во првенствената победа на домашен терен над Бела Виста со 2-0, влегувајќи како замена од клупата на местото на Енцо Ерера во 71-вата минута. Првата сезона како професионалец ја завршил со 11 лигашки настапи без постигнат гол.

На 29 август 2012 го постигнал својот прв погодок во кариерата во првиот натпревар од второто коло на Копа Судамерикана на гости против колумбијскиот Енвигадо што завршил 1-1. Сезоната ја завршил со 20 првенствени настапи и 8 постигнати гола, вклучувајќи ги и двата натпревари на кој постигнал по два гола против Дефензор Спортинг и Бела Виста.

Удинезе и Емполи уреди

Во април 2014 италијанскиот Удинезе го купил Агире од Ливерпул Монтевидео за 4 милиони евра.[1] Меѓутоа само неколку месеци подоцна на 3 јули 2014 Агире бил позајмен на новиот прволигаш Емполи до крајот на сезоната 2014-2015.[2] Своето деби во Серија А го направил на 20 септември 2014 во ремито 2-2 против Чезена, влегувајќи во игра во 87-мата минута на местото на Симоне Верди. Сепак, во Емполи Агире не успеал да пронајде повеќе простор за игра и до јануари 2015 одиграл само два натпревари (еден во првенството и еден во купот), по што заем бил прекинат и се вратил во својот матичен клуб Удинезе на 17 јануари 2015. Тој одиграл 7 натпревари во лигата и постигнал еден гол за фриуланите - во поразот со 4-3 од Каљари во последното коло.[3] Следната сезона Агире одиграл 10 натпревари за Удинезе во Серија А и 2 натпревари во Купот на Италија без постигнат погодок забележувајќи една асистенција во поразот со 3-1 од Рома на Олимпико.

Позајмиците во Перуџа, Лугано и Насионал уреди

На 1 февруари 2016, Агире бил позајмен на Перуџа до крајот на сезоната 2015-2016 во Серија Б.[4] Постигнал три гола во лигата на 17 натпревари, од кој првиот бил во ремито 1-1 против Салернитана на домашен терен на 19 март 2016.

На 20 јули 2016 Агире оди на заем во швајцарскиот Лугано. Своето деби во Супер лигата го имал на 11 септември 2016 во победата со 2-0 на гостувањето кај Санкт Гален, постигнувајќи го притоа вториот гол за Лугано.

На 18 јануари 2017 се вратил во својот роден Уругвај на заем во Насионал Монтевидео. На своето деби на 12 февруари 2017 против Данубио, Агире влегол од клупата за резерви и постигнал два гола со кој му донел пресврт и победа на својот тим од 2-1.[5]

Репрезентативна кариера уреди

Агире го претставувал Уругвај во репрезентациите под 17 и под 20 години.

Клупска статистика уреди

Статистиката е ажурирана на 13 јануари 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2011-2012   Ливерпул М. ПД 11 0 - - - - - - 11 0
2012-2013 ПД 20 8 - - КС 6 1 - - 26 9
2013-2014 ПД 26 8 - - - - - - 26 8
Вкупно Ливерпул М. 57 16 - - 6 1 - - 63 17
2014-јан. 2015   Емполи А 1 0 КИ 1 0 - - - - 2 0
јан.-јун. 2015   Удинезе А 7 1 КИ 1 0 - - - - 8 1
2015-јан. 2016 А 10 0 КИ 2 0 - - - - 12 0
Вкупно Удинезе 17 1 3 0 - - - - 20 1
јан.-јун. 2016   Перуџа Б 17 3 КИ - - - - - - 17 3
авг. 2016-јан. 2017   Лугано СЛ 9 1 КШ
јан.-јун. 2017   Насионал Монтевидео ПД 1 2
Вкупно во кариерата 101 21 0 6 1 - - 102 21

Наводи уреди

  1. spaziocalcio.it, уред. (16 август 2014). „I nuovi stranieri della Serie A: Rodrigo Aguirre (Empoli)“.
  2. „Arriva Rodriguo Aguirre“ (италијански). Empoli F.C. Архивирано од изворникот на 2018-01-12. Посетено на 4 July 2014.
  3. „Cagliari-Udinese 4-3: i rossoblù salutano con Sau, Joao Pedro e Mpoku“ (италијански). La Gazzeta dello Sport. Посетено на 13 февруари 2017.
  4. „AC Perugia Calcio - Sito Ufficiale - Aguirre è biancorosso!“. Посетено на 4 февруари 2016.
  5. „Nacional a lo campeón…“. Посетено на 12 февруари 2016.

Надворешни врски уреди