Дефенсор Спортинг
Дефенсор Спортинг е фудбалски клуб од Монтевидео, Уругвај. Моментално се натпреварува во Примера Дивисион, највиското ниво на уругвајскиот лигашки фудбалски систем.
Дефенсор Спортинг | |||
---|---|---|---|
Целосно име | Дефенсор Спортинг Клуб | ||
Прекар | Темјанушки и Ла Виола | ||
Основан | 15 март 1913 | ||
Стадион | Стадион Луис Францини | ||
Капацитет | 18.000 | ||
Претседател | Даниел Јаблонка | ||
Менаџер | Хорхе Оросман да Силва | ||
Лига | Примера Дивисион | ||
2018 | 4-ти | ||
|
Клубот е основан на 15 март 1913, а досега во својата историја четири пати бил државен шампион (1976, 1987, 1991, 2008). Својте домашни натпревари ги играат на стадионот Луис Францини.
Историја
уредиДефенсор Спортинг е формиран на 15 март 1913, како Клуб Атлетико Дефенсор. Денешното име клубот го добил во 1989 по соединувањето со Спортинг Клуб Уругвај.
Клубот исто така е четирикраетен шампион на Уругвај (1976, 1987,1991 и 2008).
Дефенсор исто така го има претставувано Уругвај неколкупати во Либертадорес купот. За овој тим во минатото играле неколкумина многу познати фудбалери како: Себастиан Абреу, Дарио Силва, Мартин Касерес, Максимилијано Переира, Табаре Виудез и др.
Титули
уреди- Примера Дивисион : 1976, 1987, 1991, 2008.
- Сегунда Дивисион : 1950, 1965.
Други официјални домашни титули
- Апертура: - 1994, 2008.
- Клаусура: - 1997.