Рејмонд Чендлер (англиски: Raymond Chandler) (1888 - 1959) — американски писател.

Рејмонд Чендлер во 1943 г.

Животопис

уреди
 
Куќата во која живеел Чендлер во Лондон.

Творештво

уреди
 
Потписот на Р. Чендлер

Чендлер е еден од најзначајните американски автори на 20. век во областа на детективската проза. Тој го презел суровиот и реалистичен стил на Дашиел Хемет, додавајќи делуно уметнички призвук поради што бил ценет и во академските кругови и од страна на серизоната книжевна критика. Неговите дела се преведени на околу дваесет јазици, а тој е синоним на „поезијата на насилството“ и за уметнички пристап во пишувањето детективска проза. Во рамките на овој жанр, Чендлер е најпознат по серијата раскази и романи за приватниот детектив Филип Марлоу.
Според неговите дела се снимени повеќе филмови: во 1943 година бил снимен филмот „Време за убивање“ според романот „Високиот прозорец“; во 1947 година bil снимен филмот „Дама во езерото“; во 1969 година бил снимен филмот „Марлоу“ според неговиот роман „Помалата сестра“; романот „Збогум, љубов моја“ доживеал три екранизации - „Убиство, мила моја (Murder, my Sweet)“ од 1942 година, „Соколот презема (The Falcon Takes Over)“ од 1944 година и „Збогум, љубов моја“ од 1975 година; како и филмот „Големата дремка (The Big Sleep)“ од 1946 и 1978 година.
Првата своја приказна, Чендлер ја објавил во списанието „Црната маска (Black Mask)“ на возраст од 45 години. Вкупно, тој напишал 23 куси раскази од кои само 15 биле објавени за време на неговиот живот како дел од збирката „Едноставна уметност на убиството“ од 1950 година. Во 2005 година, неговата новела „Пробај со девојката“ била објавена на македонски јазик од издавачката куќа „Темплум“, во превод на Зоран Попоски.[1]

Наводи

уреди
  1. „Белешка за авторот“ во: Рејмонд Чендлер, Пробај со девојката. Скопје: темплум, 2005, стр. 79-81.