Ванила (растение)
Ванилини орхидеи Период: Доцна креда/палеоцен - денес | |
---|---|
Рамнолисна ванила (Vanilla planifolia) | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Нерангирано: | Angiospermae |
Нерангирано: | Monocotyledonae |
Ред: | Asparagales |
Семејство: | Orchidaceae |
Потсемејство: | Vanilloideae |
Племе: | Vanilleae |
Потплеме: | Vanillinae |
Род: | Vanilla Plumier ex Mill., 1754 |
Видови | |
Зелено: Распространување на видовите од родот Vanilla' |
Ванилата (лат. Vanilla) е род на орхидеи кој во себе вклучува 110 видови на монокотиледони и многугодишни растенија. Од некои видови (во прв ред Vanilla planifolia) се добива ароматичното соединение со исто име. Името доаѓа од шпанскиот збор vainilla, што во превод значи вагина. Ванилата е распространета во тропските и суптропските зони. Постојат видови во Западна Африка, Нова Гвинеја, како и во тропските зони на Америка и Азија. За татковина на ванилата се сметаат Мексико и околните региони - таму се наоѓаат единствените опрашувачи на ова растение. Во останатите делови на светот каде ванилата се одгледува, овој процес се извршува по вештачки пат.
Ванилата била позната и почитувана и од страна на Ацтеките кои правеле специјален напиток од неа - смеса од какаови зрна, ванила и мед, која била сметана за моќен афродизијак. Во 16 век ванилата е пренесена во Европа од страна на Шпанците.
Растението по својот хабитус претставува многу долга лијана. Со тек на времето и еволуцијата, кај некои видови исчезнува лисната маса и остануваат единствено долгите стебла. Цветовите се најчесто бели или белозеленкасти, поретко зеленкасти или жолти.
Есенцијата од ванила се добива по пат на филтрација со алкохол и вода на раздробените зрна, слично како при производството на кафе. Ванилината есенција е многу силна. Таа има голема примена и надвор од кулинарството. Таа се користи при подготовката на парфеми, пури и ликери.
Систематика
уредиСистематиката на родот Vanilla е нејасна.[1] Ова е делумен список на видови или синоними:
- Vanilla albida
- Vanilla aphylla – Безлисна ванила
- Vanilla barbellata – Мала брадеста ванила
- Vanilla chamissonis – Чамисова ванила
- Vanilla claviculata
- Vanilla dilloniana – Дилонова ванила, "безлисна ванила"
- Vanilla edwallii – Едвалова ванила
- Vanilla mexicana – Мексиканска ванила
- Vanilla odorata
- Vanilla phaeantha – Лисната ванила
- Vanilla pilifera
- Vanilla planifolia – Рамнолисна ванила, тахитска ванила, "Западноиндиска ванила"
- Vanilla poitaei – Поатоова ванила
- Vanilla pompona – Помпонска ванила, Гваделупска ванила, "Западноиндиска ванила"
- Vanilla siamensis – Тајландска ванила
Наводи
уреди- ↑ Bory, Séverine; Michel Grisoni, Marie-France Duval and Pascale Besse (21 јули 2007). „Biodiversity and preservation of vanilla: present state of knowledge“. Genetic Resources and Crop Evolution. Springer Netherlands. 55 (4): 551–571. doi:10.1007/s10722-007-9260-3. ISSN 1573-5109.[мртва врска]