Островот Хуахине или "Автентичен" е остров во Француска Полинезија, дел од Заветрените острови кои пак се дел Друштвените острови во Тихиот Океан. Тој се наоѓа 34 км на исток-североисток од Рајатеа, на 43 км исток-југоисток од Тахаа и на 167 км западно-северозападно од Тахити, од 151° западна должина и 16°30 јужна географска ширина. Тој е исто така во близина на Бора-Бора.

Хуахине
Матаиреа
Остров
Слика на НАСА од Хуахине виден од север.
Слика на НАСА од Хуахине виден од север.
Топографска карта на Бора Бора без Тупаи
Топографска карта на Бора Бора без Тупаи
ЗемјаФранција
Прекуморски региони на ФранцијаФранцуска Полинезија
АрхипелагДруштвени Острови
ГрупаЗаветрени Острови
Површина
 • Вкупна77,6 км2 (300 ми2)
Надм. вис.&10000000000000699000000699 м
Население (2012)
 • Вкупно6,303[1]
Хуахине
Општина
Знаме на Хуахине
ЗемјаФранција
Прекуморска заедницаФранцуска Полинезија
Површина80 км2 (30 ми2)
Население (2012)16.303
 • Густина79/км2 (200/ми2)
INSEE/Пошт. бр.98724 / 98731
1 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.
Грбот на Хуахине

Топонимија

уреди

Хуахине исто така е познат и како "Остров на жената", бидејќи отсекогаш со него владееле кралици. Островот порано бил наречен Темататоерау а потоа Матаиреа.

Географија

уреди
 
Ванила
 
Одгледување на лубеницата

На островот има околу 6.000 жители на површина од 74 км2.

Составен е од два планински венци, Хуахине Нуи ("Голем Хуахине") и Хуахине Ити ("Мал Хуахине"), одделени со заливите Марое и Боурајне. Хуахине Ити има само еден вулкан, чиј врв Похуе Рахи, достигнува 460 метри. Повисокиот, Хуахине Нуи се издига на 669 метри на планината Тури.

Коралниот гребен е видлив на северниот и источниот брег што го прави издигнат атол[2].

Се одгледува ванила, како и дињи и лубениците на островчињата. Се експлоатира и риболов.

На Хуахине Нуи се наоѓа Фаре, главниот град на островот воедно и на комуната Хуахине. На островот има аеродром.

Современа историја

уреди

До крајот на 19 век, Хуахине било независно кралство, исто така, се нарекувало Кралство на Хуахине и Мајао. Според традицијата, имало три главни династии:

  • Династијата Хауморере била основана во 17 век ; последниот претставник била кралицата Техапапа I која капетанот Кук ја сретнал во 1769. Таа одржувала кохезија и независност на нејзиното кралство.
  • Династијата Таматоа произлегла од Техапапа I и нејзиниот сопруг Мато а Таматоа, член на семејството Таматоа од Рајатеа. Тие биле основачи на гранката Таматоа од Хуахине. Оваа династија е владеела до 1854.
  • Династијата Теурура е резултат на Аримате Теурураи, поглавар на Хуахине и неговата сопруга Теријтепороуараи Таматоа, членка на семејството Таматоа од Рајатеа, правнука на кралицата ТехапапаI од Хуахине. Оваа династија е владеела од 1854 до 1895 г.

Додека Приветрените Острови, станале француска колонија во 1880, Заветрените Острови останале независни до 1890-тите години. Кралството Хуахине и Мајао било припоено во 1895 г и станало дел на Францускиот естаблишмент во Океанија во 1897 година. Неговата историја оттогаш е испреплетена со онаа на Тахити.

Администрација

уреди

Административно Хуахине е комуна (општина) дел од административната субдивизија на Заветрените Острови. Тој ги содржи следниве општини:

  • Фаје
  • Фаре
  • Фитии
  • Хаапу
  • Маева
  • Марое
  • Пареа
  • Тефарерии

Административен центар на општината е населбата Фаре, на Хуанине Нуи.

Личности

уреди

Наводи

уреди
  1. „Population“. Institut de la statistique de la Polynésie française (француски). Архивирано од изворникот на 2020-04-11. Посетено на 11 January 2015.
  2. „Islands of French Polynesia (France)“. Архивирано од изворникот на 2012-03-14. Посетено на 22 јуни 2017.

Литература

уреди
    • (англиски) Yosihiko H.Sinoto, "Excavations on Huahine, French Polynesia" in Pacific Studies Journal vol 3, Предлошка:Numéro avec majuscule, 1979 [Serveur : Scholarly Publication Center (Brigham Young University)]
    • (француски) Anonyme, Histoire et traditions de Huahine et Pora Pora : Puta Tumu, in Cahiers du patrimoine : savoirs et traditions, volume 1, Ministère de la culture de Polynésie française, Papeete, 2000.- Édition critique de Bruno Saura.- Texte bilingue, traduction en français de Patrick Matari'i Daubard et Hiriata Millaud.– 89 p., Предлошка:Unité.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди