Vladotra
Почетен курс за Википедија
|
Vladotra, добредојдовте на Википедија на македонски јазик, слободна on-line енциклопедија започната во август 2003 година!
Ве повикуваме на заедничка соработка при создавањето на нови енциклопедиски содржини и подобрување на постоечките 147.995 статии.
Еве неколку страници кои може да ви бидат од помош:
- Википедија, опис, организација и историја на проектот
- Петте столба на Википедија
- Почетен курс, што треба да знаете и како се користи (за повеќе детали погледнете ги врските од десно)
- Слики, начин на подигнување и вметнување во статиите
Своите придонеси во статиите не ги потпишувајте, додека коментарите на соодветните страници за разговор, корисничките страници и селската чешма Ве молиме да ги потпишувате на тој начин што ќе притиснете на копчето од лентата со алати или ако напишете 4 тилди (~~~~).
Сопствената корисничка страница (Корисник:Vladotra) можете да ја уредувате по сопствена желба во согласност со правилата за уредување на корисничките страници.
Ве молиме не вметнувајте заштитени материјали без дозвола од нивниот сопственик!
Не копирајте содржини од други веб страници ако немате добиено изрична согласност за тоа. Ако имате добиено согласност, напишете го тоа на страницата за разговор или едноставно додадете го тоа овде. Но задолжително, прво тоа направете го, а потоа започнете со вметнување на преземените содржини.
Ве молиме, имајте во предвид дека сите придонеси на Википедија се смета дека се објавени под ГНУ-овата Лиценца за слободна документација.
If you are not able to speak, understand or write Macedonian, please visit our Village Pump for non-Macedonian speakers if you have any suggestions or comments.
Поздрав, MacedonianBoy, 13:06, понеделник, 23 декември 2024
Добредојдовте, за вашите придонеси
уредиОдлична работа и Ве повикуваме да придонесувате на Википедија уште повеќе. Сакам да ви посочам една статија за да ја разгледате а тоа е статијата што не е Википедија. Има една секција таму која вели без саморекламирање и ако можете земете го во предвид тоа правило, кое сакале ние или не мораме да го практикуваме. Поздрав и пријатна работа на Википедија.--MacedonianBoy 12:10, 20 април 2009 (UTC)
Брзо бришење на Владимир Трајковски
уредиПоставена е ознака на Владимир Трајковски со која се бара да биде избришана од Википедија по брза постапка. Тоа е направено заради следнава причина:
Под критериумите за брзо бришење, статиите кои не ги исполнуваат основните стандарди на Википедија можат да бидат избришани во секое време. Ако можете да покажете зошто е статијата или содржината соодветна, можете да го предизвикате бришењето. За да го направите тоа, додадете {{ејпочекај}}
на врвот на страницата и оставете објаснување на страницата за разговор на содржината во кое ја прикажувате Вашата позиција. Ве молиме самите да не ја отстранувате ознаката за бришење, но не се двоумете да додадете информации кои ќе ја подобрат важноста на темата и ќе овозможат содржината да е исправна во однос на нашите стандарди. Доколку имате било какви прашања, консултирајте се со Википедија:Прашања за да утврдите каде да го поставите. Благодарам за Вашето разбирање, -- -{админинстратор}- гитардемон 14:18, 20 април 2009 (UTC)
Википедија и биографии на живи луѓе
уредиВикипедија ги следи своите принципи на уредување и креирање на нови статии. Кога се работи за биографии на живи луѓе станува збор за мошне сензитивна тема и таквиите статии во пракса подлежат на зголемена критика од страна на уредувачите. Тоа не значи дека во никој случај не може да постои такваа статија. Самостојно пишување на лична биографија на википедија во пракса е уште потешко бидејќи може да се подведе под критириумот самопромоција. Но во краен случај и тоа не мора да биде пречка да постои една такваа статија.
Колку што можам да забележам Вие (Корисник:Vladotra се идентификувате со Владимир Трајковски за кој и пишувате статија. Потрудете се вашата статија да биде напишана така што ќе ги задоволи минималните технички стандарди за да биде вики статија, а потоа добро проучете го следниов принцип на википедија en:Wikipedia:Biographies_of_living_persons (кој за жал не е преведен на македонски јазик). Имајте ги во предвид и разговорите водени по слични поводи (пример Разговор:Дејан Велкоски, Разговор:Душко Гошевски, Разговор:Александар Букарски, ...). Имајте ги во предвид и следниве Википедија:Принципи и напатствија. Посебно обрнете внимание на поткрепување на тврдењата изнесени во статијата со проверливи наводи.
Конечно, добро место за пишување на својата биографија е вашата корисничка страница (Корисник:Vladotra), каде што критериумите се далеку полабави а самата страница е достапна на интернет под исти услови како и статијата Владимир Трајковски која се наоѓа во главниот именски простор.
Се надевам дека покрај уредувањето на вашата биографска статија ќе дадете свој придонес и кон останатите статии на википедија на македонски јазик. Поздрав.--brest (разговор) 08:38, 23 април 2009 (UTC)
- Јас статијата ја средив и го тргнав шаблонот зошти на Википедија има и други статии што се со помала значајност па опстојуваат како такви. Го замолив овој кориосник да не ја уредува статијата повеќе па нека стои како што е. Поздрав--MacedonianBoy 10:17, 23 април 2009 (UTC)
- Јас ја досредив статијата и сега е во склад со сите други (добри) биографски статии, но оставив порака на страницата за разговор дека саморекламирањето е забрането, и дека моето мислење е дека статијата треба да се избрише (затоа и го ставив тагот). Е сега тоа што јас мислам и тоа што мнозинството мисли не мора да е исто, но статијата ги исполнува критериумите за бришење. Исто така, сме имале проблеми со надуени егоистични професори и порано, па можеби од предрасуди напишав и нешто поостро, но во секој случај не беше со навредлива намера. Се надевам дека вие не се вклопувате во профилот погоре (надуен и егоистичен, иако со коментарот: 'ми штети на реномето' не се покажувате баш различен), и се надевам на успешна соработка со вас и во иднина на други статии, освен на саморекламирање. -{админинстратор}- гитардемон 12:24, 23 април 2009 (UTC)
Викисредба, 20 јуни
уредиVladotra, вашите придонеси можеби на некој начин помогнаа да се подобри Википедија на македонски јазик. Ве информираме дека во сабота, 20 јуни, ќе се одржи викисредба на која е добредојдено вашето присуство. За повеќе детали околу терминот, локацијата и начинот на пријавување на викисредбата погледнете тука. Поздрав. --Brest-bot (разговор) 07:36, 16 јуни 2009 (UTC)