Владимир Трајковски
Владимир Трајковски (роден на 13 ноември 1968 во Скопје) — македонски генетичар, професор по Хумана генетика, Физиологија со функционална анатомија, Медицински основи на инвалидноста и Аутизам[1] и претседател на Македонското научно здружение за аутизам.[2] Завршил основно и средно образование во родниот град. Дипломирал во 1994 на Медицинскиот факултет во Скопје, магистрирал во 1999 на истиот факултет и докторирал во 2002 на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за дефектологија.[3]
Владимир Трајковски | ||
Роден | 13 ноември 1968 Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Занимање | универзитетски професор, генетичар |
Кариера
уредиПо дипломирањето работи на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија како волонтер и учествува како асистент на оператор во повеќе од 250 хируршки операции. Од 1995 година запишува постдипломски студии на Клиниката за нефрологија, каде активно се вклучува во работата на единицата за интензивна нега. Во јуни 1997 година избран е за помлад асистент по предметите хумана генетика и јадрено-хемиско-биолошки загрозувања и заштита на Филозофскиот факултет во Скопје. Во октомври 1999 година избран е за асистент по предметите хумана генетика и јадрено-хемиско-биолошки загрозувања и заштита на Филозофскиот факултет во Скопје. Од април 2003 година е избран за доцент по хумана генетика на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје, а од декември 2007 година е вонреден професор во научните области хумана генетика, медицински основи на инвалидноста и физиологија со функционална анатомија. На 19 октомври 2012 година на седница на Сенатот УКИМ е избран за редовен професор во научните области хумана генетика, медицински основи на инвалидноста, физиологија со функционална анатомија и аутистичен спектар на нарушувања.
Во периодот 2000-2019 година има успешно учество на деведесетина семинари, конгреси, симпозиуми и конференции во земјата и странство. Стручно-научната активност ја остварува со објавување на повеќе од 95 трудови во домашната и странската периодика: „Македонски медицински преглед“, „Nephron“, „Дефектолошка теорија и практика“, „Македонско списание за медицина“, „Годишен зборник на Филозофски факултет“, „Специјална педагогика“, „Белградска дефектолошка школа“, „Croatian Medical Journal“, „Focus on Autism and developmental Disabilities“, "Ophtalmic genetics", "Vox Medici", Hrvatska revija za rehabilitacijska istraživanja", "Svet rada", "Bosnian Journal of Basic Medical Sciences", "Acta Ophtalmologica Scandinavica", "Paediatria Croatica", "Bratislava Lek Listy", "Ophthalmic Epidemiology", "Journal of Autism and Developmental Disorders", "Journal of Neuroscience and Rural Practice". Има остварено студиски посети во Холандија, Германија, Ирска, Белгија, Србија, Бугарија, Хрватска, Полска, Босна и Херцеговина. Учествува во 15 домашни и меѓународни проекти од кои за издвојување се: „Европа како место за живеење“, „Во Фокус“, „Засилување на научните студии за ран аутизам“, „Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници”, „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство”, „Холистички пристап на планирање за лица со аутизам”.
Во 2004 година го воведува предметот Аутизам во курикулумот на последиплосмките студии на Институтот за дефектологија. Неговите истражувачки интереси покрај аутистичниот спектар на нарушувања се: хуманата генетика, физиологијата и медицинските аспекти на инвалидноста. Од 2009 до 2013 тој е раководител на последипломските студии на Институтот за дефектологија и Еразмус координатор на Филозофскиот факултет во Скопје.
Во периодот од ноември 2008 до септември 2017 е главен и одговорен уредник на интернационалното, рецензирано списание „Дефектолошка теорија и практика“. Претседател е на Македонското научно здружение за аутизам. Членува во: Македонското здружение за хумана генетика, Аутизам Европа, ЕАСПД, ИАССИД. Тој е консултант на уредникот на списанието “Journal of Policy and Practice in Intellectual Disabilities”, член на редакцискиот одбор на „Бугарското списание за комуникациски нарушувања“, член на редакцискиот одбор на списанието The Open Access Journal of Science and Technology и многу други списанија, визитинг професор на југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ во Благоевград (Бугарија).
На 27 април 2018 е назначен за главен и одговорен уредник[4] на електронското списание Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities (jrtdd.com) кое го издава холандската ReAttach Therapy International Foundation.
Библиографија
уредиУчебници и книги
уреди- (2004) Аутизам. Скопје: Филозофски факултет, Институт за дефектологија
- (2005) Хумана генетика. Скопје: Филозофски факултет, Институт за дефектологија
- (2008) Медицински основи на инвалидноста. Скопје: Филозофски факултет, Институт за дефектологија
- (2009) Физиологија со функционална анатомија на човекот. Скопје: Филозофски факултет, Институт за дефектологија
- (2011) Аутизам и первазивни развојни нарушувања. Скопје: Филозофски факултет, Институт за дефектологија
Практикуми
уреди- (2003) Практикум по хумана генетика. Скопје: Филозофски факултет, Институт за дефектологија
- (2009) Практикум по физиологија со функционална анатомија. Скопје: Филозофски факултет, Институт за дефектологија
Скрипти
уреди- (2005) Медицински основи на инвалидноста 1. Скопје: Филозофски факултет, Институт за дефектологија
- (2006) Медицински основи на инвалидноста 2. Скопје: Филозофски факултет, Институт за дефектологија
- (2007) Физиологија со функционална анатомија. Скопје: Филозофски факултет, Институт за дефектологија
- (2009) Фонијатрија. Скопје: Филозофски факултет, Институт за дефектологија
- (2018) Хумана генетика и физиологија. Скопје: Филозофски факултет, Институт за психологија
Наводи
уреди- ↑ „Профил на проф. д-р Владимир Трајковски - Филозофски факултет“. Архивирано од изворникот на 2019-05-14.
- ↑ Македонско научно здружение за аутизам - Извршен одбор
- ↑ „Проф. д-р Владимир Трајковски“. Архивирано од изворникот на 2016-04-16. Посетено на 2016-07-04.
- ↑ JRTDD во друштвените медиуми