Разговор:Александар Букарски
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Александар Букарски“ |
||||
---|---|---|---|---|
|
|
Дискусија за релевантност
уредиОваа дискусија ја започнувам како резултат на еден претходен разговор (можеби со малку повеќе емоционален набој од што е потребно!). Станува збор за еден феномен на македонската Википедија - имено појавата на текстови за млади македонски писатели чија значајност за македонската литература допрва треба да се оценува. Да не бидам разбан погрешно, најмалку што сакам е да изигруваме полиција и да цензурираме (само напред со писателските набои!), меѓутоа треба да се постават некои линии - Википедија не е блог, а најмалку е средство за самопромоција. Значи, во недостиг на соодветна македонска Википолитика по ова прашање (види на што целам), веројатно најдобро е, сега за сега, да одиме случај по случај и да оцениме дали соодветна личност е "достојна" за енциклопедиска статија. Се надевам дека на крај ова ќе прерасне во некој поширок консензус околу критериумите за релевантност (на пр. дали е доволно некој што направил една изложба да има статија како македонски уметник? и сл.). Ова е особено битно зошто во Македонија и нема некои цврсти критички авторитети кои што кажуваат што е значајно, а што не за културниот живот во земјава. --FlavrSavr (разговор) 19:36, 8 декември 2008 (UTC)
Дискусија за релевантност
уредиБукаро мислам дека не е спорен за релевантност. Иако Гугл резултатите главно водат кон блогови (кои од друга страна, пак, и не мислам дека се до тој степен незначајни), има линкови кон новинарски написи, за добиени награди и сл... Исто така, издаден е на странски јазик, нешто со кое ретко кој македонски писател може да се пофали. Секако може некој размислува поинаку... па кажете... --FlavrSavr (разговор) 20:00, 8 декември 2008 (UTC)
- Интересната работа е тоа што не можеме да го ставаме она што е вистинито, туку она што е проверливо. Точно дека е значаен А. Букарски, но причината за бришење е недостигот на материјал со кој може тоа да се провери. Ме сфаќате ли? Оваа статија нема извори. Предлагам да ја избришеме сега, а ако некој се обиде повторно да ја напише, нека го направи тоа со извори. Ок? --Brainmachinewtf? 21:03, 8 декември 2008 (UTC)
- Brainmachine, ако тргнеме така, ќе треба пола мк.вики да ја избришеме! :-) Ми се допаѓа посветеноста кон цитирање на извори и тоа е правецот по кој треба да тргне Википедијава, меѓутоа недостигот на извори, сам по себе, не е причина за бришење на статијата. Мислам дека дури и на en.wiki не е причина, а нивните стандарди се на каде-каде повисоко ниво... Најдобро што може да се направи е да се додаде "извори" тагот... Не мора да се брише. --FlavrSavr (разговор) 21:07, 8 декември 2008 (UTC)
- Знам дека ако тргнеме така ќе треба да ја избришеме пола мк-вики. :D Да размислиме вака: постојат некои статии, како на пример за Никола Груевски, кои не можеме да ги избришеме на ист начин како за А. Букарски. Општо познат факт е дека Н. Груевски е моментален премиер на Р. Македонија, и кога ќе го напишеме тоа во статијата, не мора да го докажуваме. Мора да се става извори само на оние податоци кои можат да се предизвикаат. Ме разбирате ли? Ако во статијата напишам „Никола Груевски е моменталниот премиер на Република Македонија...“, тоа нема да биде предмет на предизвикување и може да стои така. Но, не знаат сите дека А. Букарски е писател доколку нема врска до некоја литературна критика на некоја негова книга. Фактот според кој Букарски е писател е фактот врз кој се темели темата — дали е таа релевантна. Затоа, проверливоста е особено важна за статии на не-толку-познати лица или пак за биографии на живи лица. Во минатото дозволувавме голем број од статиите да одат со изјави кои не се потврдени. Јас сум за менување на оваа политика во иднината, сѐ со цел да добиеме една енциклопедија која е веродостојна. --Brainmachinewtf? 21:38, 8 декември 2008 (UTC)
- Brainmachine, ако тргнеме така, ќе треба пола мк.вики да ја избришеме! :-) Ми се допаѓа посветеноста кон цитирање на извори и тоа е правецот по кој треба да тргне Википедијава, меѓутоа недостигот на извори, сам по себе, не е причина за бришење на статијата. Мислам дека дури и на en.wiki не е причина, а нивните стандарди се на каде-каде повисоко ниво... Најдобро што може да се направи е да се додаде "извори" тагот... Не мора да се брише. --FlavrSavr (разговор) 21:07, 8 декември 2008 (UTC)
- Па добро, и не е дотолку без извори, има некакви надворешни линкови...:) Те разбирам потполно што сакаш да кажеш, и добра ти е поентата... Со тоа што мислам дека, тоа што го предложуваш е малку тешко за спроведување - значи подразбира администраторите да ја проверуваат секоја нова статија постојано, а мислам дека немаме човечки ресурси за тоа, сеуште. (Или може сум грешка, нешто се сменило од кога не сум активен?? :)) Што мислам... еве да земеме една хипотетичка ситуација... јас доаѓам на Википедија како нов корисник, и отварам две хипотетички статии и не ставам референци... едната за Рикардо Дализи, италијански архитект, а другата за Џон Џонсон, американски безбол играч. Првиот е значаен (иако сеуште нема статија за него на en.wiki), а вториот штотуку го измислив (иако стварно може да постои таков!). Значи, во оваа ситуација, ти (или било кој од администраторите) би ги избришале и двете - бидејќи тешко е веројатно да имате експертиза и од дизајн/архитектура и безбол. Тоа е загуба на една добра и една лоша статија. Меѓутоа, бидејќи ние претпоставуваме добра волја (assume good faith), мислам дека подобро е на двете да им ставиме (без извори) таг и да чекаме некој да ги поткрепи со референци. Статијата за Рикардо Дализи евентуално ќе добие референци, додека статијата за Џон Џонсон ќе остане "осакатена" од тагот, и евенутално ќе биде избришана од некој ревносен администратор. Што мислиш? --FlavrSavr (разговор) 21:54, 8 декември 2008 (UTC)
- Ок, планот во кој претпоставуваме добра волја е подобар и по тој ќе се движиме. Од ова ќе произлезе правилото: сите факти претпоставуваме дека не се лага сѐ додека не се докаже спротивното (innocent until proven guilty) :D Според тоа имаме факти поткрепени со веродостоен извор, за кои е потврдено дека се точни (но сепак важат општите услови за употреба, не гарантираме дека нешто е точно), а пак фактите кои не се поткрепени со извор, може да се точни, но може и да се неточни, но не ги гибаме сѐ додека некој не ги предизвика. Тие ги оставаме на ризик на читателот. Но, кога евентуално ќе дознаеме дека Џон Џонсон е фиктивен, ако никој не го предизвикува? Зборувам за временско ограничување, дали тоа да постои. Уште нешто, процедурално :) може ли да ја преместиме дискутијата на Википедија:Портал/Википолитика? --Brainmachinewtf? 22:14, 8 декември 2008 (UTC)
- Па добро, и не е дотолку без извори, има некакви надворешни линкови...:) Те разбирам потполно што сакаш да кажеш, и добра ти е поентата... Со тоа што мислам дека, тоа што го предложуваш е малку тешко за спроведување - значи подразбира администраторите да ја проверуваат секоја нова статија постојано, а мислам дека немаме човечки ресурси за тоа, сеуште. (Или може сум грешка, нешто се сменило од кога не сум активен?? :)) Што мислам... еве да земеме една хипотетичка ситуација... јас доаѓам на Википедија како нов корисник, и отварам две хипотетички статии и не ставам референци... едната за Рикардо Дализи, италијански архитект, а другата за Џон Џонсон, американски безбол играч. Првиот е значаен (иако сеуште нема статија за него на en.wiki), а вториот штотуку го измислив (иако стварно може да постои таков!). Значи, во оваа ситуација, ти (или било кој од администраторите) би ги избришале и двете - бидејќи тешко е веројатно да имате експертиза и од дизајн/архитектура и безбол. Тоа е загуба на една добра и една лоша статија. Меѓутоа, бидејќи ние претпоставуваме добра волја (assume good faith), мислам дека подобро е на двете да им ставиме (без извори) таг и да чекаме некој да ги поткрепи со референци. Статијата за Рикардо Дализи евентуално ќе добие референци, додека статијата за Џон Џонсон ќе остане "осакатена" од тагот, и евенутално ќе биде избришана од некој ревносен администратор. Што мислиш? --FlavrSavr (разговор) 21:54, 8 декември 2008 (UTC)
- Е, не знам што и како дечкото, дали му се издадени дела, дали има стил и за што пишува, ама едно знам: дечкото е пррроклето неписмен! Ете така, ова воопшто не е место за тоа, ама се потсетив на старата дискусија (поздрав до Брејнмашин кого не го поддржив баш многу), па осетив потреба да пишам тука. НЕ-ПИС-МЕН! --iNkubusse A? 04:16, 24 јануари 2009 (UTC)