Разговор:Владимир Трајковски

Почитувани господа,

Вчера замолив да бидат тргнати предупредувањата за бришење. Навистина нема смисла ова што го правите. Ако еден професор на универзитетот на УКИМ не е познат и знаќаен, тогаш еден Пиже скопски кафанџија не знам по што е познат да има своја страна. Доколку се уште не верувате дека сум јас проф. д-р Владимир Трајковски, ве молам одте на линкот http://www.fzf.ukim.edu.mk/defektologija/cv_trajkovski.htm Искрено се надевам дека брзо ќе биоде тргнато вашето предупредување кои влијае на на мојот углед. Со почит, Проф. д-р Владимир Трајковски --Vladotra (разговор) 05:31, 23 април 2009 (UTC)

Статијата ако е ставена за бришење не значи дека ќе се избрише. Личноста не е баш непозната, но ќе ве замолам, најверојатно Вие сте таа личност, да не ја уредувате повеќе зошто тоа го прекршува едно од основните правила на Википедија- без саморекламирање. Така, јас ќе ја средам статијата и ќе го тргнам шаблонот но не ја уредувајте повеќе таа статија ако сте Вие таа личност. Можете да уредувате други статии. Благодарам--MacedonianBoy 09:57, 23 април 2009 (UTC)
Почитуван господине, најискрено не би сакал да коментирам околу тоа колку сте важни или не, тоа си е ваше лично мислење и ако го кажам моето ќе ве навредам, но можам да ви кажам дека тоа што сте професор на еден факултет во еден универзитет во една зафрлена држава не ве прави автоматски славна личност што треба да има статија на Википедија. Книга може да издаде секој, издале дури и школски мои другарки на 10-годишна возраст, издале стручна литература и невработени луѓе со средно училиште, па не ги има нив на Википедија. Е сега тоа што сте издале книги според некои (тука на Википедија) ве прави важна личност, но јас мислам дека сите тие статии за некои wannabe славни личности со 2 издадени книги или бендови со 2 снимени песни треба да бидат избришани. Без навреда, но вашето реноме не се стекнува со статија на Википедија (бидејќи очигледно тоа се обидувате да го направите), а уште помалку пак се губи ако статијата е за бришење. Треба да стекнете реноме, па да добиете статија на Википедија. Толку од мене, сè беше кажано со пријателски тон, па ако вие сметате дека сте над другите бидејќи сте професор (сме имале случаи со колеги кои се обиделе да се наметнат тука како ултра виша сила и авторитет) слободно тужете ме. Ова е слободна енциклопедија, вашите уредувања се повеќе од добредојдени, а саморекламирањето е забрането. -{админинстратор}- гитардемон 12:18, 23 април 2009 (UTC)

Започнете разговор за Владимир Трајковски

Започни разговор
Назад на страницата „Владимир Трајковски“.