Нема проблем, ќе сторам сѐ што можам, нема потреба да се брише. Можеш да ставиш кориснички кутии за јазиците што ги познаваш на твојата корисничка страница, за да знаеме :P Поздрав -- iNkubusse

Многу ми е мило што имаме и Украинец на македонската Википедија. Те молам, за сѐ што ти треба, најслободно да се обратиш кај мене! И мислам дека треба да ставиш корисничка кутија {{Корисник mk-3}}, бидејќи навистина напредно зборуваш македонски! Инаку, за прашањето кај Јанкулоски, што се однесува до мене, слободно пишувај си најобично „и“, ако нешто не погодиш, ќе поправиме ние ;) Исто така, ако нешто не разбираш (или мене ако не ме разбираш), прашај ме, сѐ ќе ти преведам! Голем поздрав од Поречанец 18:22, 15 септември 2007 (UTC)

Транскрипција

уреди

Ете, и мене баш ми е драго што имаме корисник дури од таму! Секоја чест!

Двете букви и и ы на македонски се транскрибираат како и. Тоа е бидејќи во македонскиот како глас постои само „ы“ (кој се пишува со и), па не постои друг начин да се изговорат обете букви. Поздрав --Б. Јанкулоскиразговор 22:15, 15 септември 2007 (UTC)

Навистина македонскиот ти е многу добар, и за тоа секоја чест! И јас би се понудил за помош од јазички или било кој друг вид. Што се однесува до транскрипцијата на презимињата, во македонскиот испушта последното й (значи, Маяковский не е Мајаковскиј, туку само Мајаковски). За секоја друга помош слободно обрати ми се. --Б. Јанкулоскиразговор 22:29, 15 септември 2007 (UTC)

Химната на Украина

уреди

Нема проблем. Еве го мојот предлог (иако не сум сигурен дека е доволно точен). Преведував од украински и мислам дека многу е блиску до твојот превод:

Уште не умрела ни славата, ни волјата на Украина,
Уште, браќа млади, судбината ќе нѝ се насмевнува,
Ќе ги снема нашите душмани, како роса на сонцето,
Ќе завладееме и ние, браќа, во својата земја.

Рефрен (2 пати):
Ќе положиме душа и тело за нашата слобода,
И ќе покажеме дека ние, браќа, сме од козачкиот род.

Тоа беше според мене најдобар превод, но рефренот е малку специфичен, па еве и други предлози за превод на рефренот (во случај некој да не се сложи):

  • Да положиме душа и тело за нашата слобода; (заповеден начин, нешто како „АЈДЕ да ги положиме...“ - мислам дека и на украински има заповеден начин во оваа реченица. Всушност, мислам дека ова е подобар превод!)
    • Да ги положиме душите и телата за нашата слобода (слично, само во множина и членувано)
    • Да ги положиме душата и телото за нашата слобода (слично, само во еднина и членувано)
    • Ќе ги положиме душите и телата за нашата слобода; (множина, членувано)
    • Ќе ги положиме душата и телото за нашата слобода; (еднина, членувано)
  • И да покажеме дека и ние, браќа, сме од козачкиот род. (исто заповеден начин, бидејќи мислам дека и на украински има заповеден начин во реченицава. Всушност, мислам дека ова е подобар превод!)

Ете тоа е мојот превод, ако не ти е јасно нешто (или ако нешто сум згрешил), пиши кај мене. Поздрав, Поречанец 16:45, 17 септември 2007 (UTC)

Еј, ти одговорив кај мене, пиши таму, за да не пишувам и ваму и таму... --Поречанец 17:32, 17 септември 2007 (UTC)
Ти кажав, нема проблем, кога сакаш побарај ми помош! Еве, сега, на пример, јас ти барам (сосема мала) помош :) Направив корисничка страница на украинската Википедија и напишав некои информации за мене, ама на англиски. Би бил ли љубезен да ми ги преведеш на украински? Ако имаш време, те молам напиши ги преводите кај мене. Благодарам многу! --Поречанец 21:21, 17 септември 2007 (UTC)
Фала многу! 7 месци постар викаш, а? :D Јас па мислев дека си неколку години постар од мене :P Уште еднаш фала многу и голем поздраВ! -- Поречанец 21:50, 17 септември 2007 (UTC)
Искрено, не ни приметив, а и немам никаква идеја што е работата! :O Јас не сум го тргнал знамето, никој не го тргнал знамето, едноставно не можам да го ставам со димензии 22x20px... (?!) Ако знаеш што може да е проблемот, те молам кажи ми. Еве сега го вратив, ама со други димензии. Инаку, за хуморот, мило ми е ако ти се допаѓа, ако не, нема врска :) а го ставив тоа знаме од преголема фрустрација, не можам веќе да издржам, навистина претеруваат Бугарите, ама не би зборувал со тебе за тоа, не би разбрал, не сакам да те вмешувам во нешто толку збунувачки. Не те сфатив баш убаво што сакаше да кажеш со „Б’лгарски вандализам“, ако сакаш да ми објасниш, би било убаво. Фала уште еднаш ;) --Поречанец 22:37, 17 септември 2007 (UTC)

Хех, ме изненади... Пријатно :D Навистина, многу ми е мило што ми ја разбираш маката (а тешка ми е, верувај). Еве, можеш да читаш дискусија кај еден фин господин, прво нешто се закаравме, сега зборуваме како нормални луѓе, па ако сакаш, можеш да ја читаш дискусијата (сѐ уште трае хаха). Од големото искуство, знам дека не е паметно да се прават муабети од ваков тип на Википедија, можеби некогаш ако имаме прилика во живо, ќе зборуваме. Особено за состојбата во Украина, со Русија... Добро ми е позната, ама сакам да дознаам повеќе, од луѓе што живеат таму! Делам слично мислење со тебе, ама не сакам никого да напаѓам овде ;) Сега одам на спиење (прва смена сум на училиште утре), одамна требаше да спијам :( утре можеби ќе продолжиме. Голем поздрав пријателе! :D Поречанец 23:14, 17 септември 2007 (UTC)

Тимошенко

уреди

Еве, готова е, нема проблем ;) Имаше само 2-3 ситни проблеми, од кои само еден памтам сега: пишува дека вонредните парламентарни избори ќе бидат на 31 септември, но 31 септември НЕ ПОСТОИ!! хахаха :) Имаш некоја грешка таму, провери. Ама слатко се изнасмеав, гледам нешто не чини, како така 31.09 хахахахаха :) Поздрав, Поречанец 21:13, 18 септември 2007 (UTC)

Видов дека си го вратил Владимировна на Володимировна. Не сум многу сигурен, ама мислам дека на македонски се транскрибира Владимировна (т.е. прилично сум сигурен). Практикуваме да ги почнуваме статиите вака:
Јулиа Владимиривна Тимошенко (украински: Юлія Володимирівна Тимошенко) е .... и така натаму...
Прашај и некој друг ако не ми веруваш хехе :D --Поречанец 12:40, 19 септември 2007 (UTC)
За Јулија нема сомнение, и ние имаме име Јулија (и ја знам украинската азбука, сѐ е во ред). А за татковото име, кај нас не се употребува никогаш, во матичната книга на родените сме запишани само со ИМЕ и ПРЕЗИМЕ (пр. Александар Милоески). Во статиите на Википедија за странци (на пр. за Ленин) го пишуваме целото име (Владимир Илич Ленин), а по него во заграда го пишува изворното име (пр. руски: В.И.Л....). Мојата забелешка беше за транскрипцијата, дека Володимирівна -> Владимиривна (такви нѝ се правилата). А? (Поречанец) 14:09, 19 септември 2007 (UTC)

История Украины

уреди

Здравствуй Тюха. Как дела? Я очень рад что вот один прогресивний молодой человек из Украины пришол здесь чтобы помог его Македонских друзей. Я б хотел попросить тебя написать что-то про Петлюры. Он очень загадочний персонаж в Украинской истории. Привет. Revizionist 01:02, 19 септември 2007 (UTC)

Симон Петљура

уреди

Па, Артјоме, со оглед на тоа што во македонскиот јазик нема падежи, можеш да ме викаш како сакаш :D Сепак, има остатоци од вокативот, па, гледаш, те нареков Артјоме, ама и Артјом е во ред. Многу ретко ме викаат Сашо, во Скопје најчесто викаат Алек, Аце (понекогаш и Ацо), ама некои и Сашо викаат ;) Ја средив статијата за Симон Петљура. Ја поставив директно како статија, не на твојата корисничка страница, заборавив... Се надевам не се лутиш... :D Ако ти треба нешто друго, викај! ;) А? (Поречанец) 17:24, 19 септември 2007 (UTC)

Хаха :) Да, се разбира знам што е КГБ (Комитет государственной безопасности), сѐ ми е јасно сега. Само не знаев дека НКВД е претходник на КГБ. Во Македонија има „Дирекција за безбедност и контраразузнавање“ (ДБК), ама не се грижи за нашата безбедност, туку против организирање на Македонци (значи против нас) :( А МВР можеби не се брутални колку Гештапо, ама тепаат без причина понекогаш :) Ама ај, добри се сега за сега... Добра ноќ ;) А? (Поречанец) 21:14, 19 септември 2007 (UTC)

Антон Мирчев - Пешовски

уреди

Може ли некако да провериш дали е вистина дека Антон Мирчев - Пешовски бил министер во некоја Украинска влада? Мене тоа не ми е познато, ама некој тоа го напишал. --brest 21:03, 19 септември 2007 (UTC)

ОК. Јас побарав на украинска википедија за Антон Мирчев - Пешовски, но исто така не најдов ништо.

  • Или не е точно она што е напишано во статијата Антон Мирчев - Пешовски
  • Или неговото име е поинаку запишано и транскрибирано
  • Или сеуште не ставен на ниту еден дигитален документ достапен на интернет
  • Или ...

Би замолил за уште нешто, погледни ја статијата Македонски полк, таму има еден скениран документ, веројатно од државниот архив на Украина. Јас се обидов да направам транскрипција на имињата кои се на списокот ама не ми оди баш најдобро. Кога ќе имаш време може да го погледнеш списокот и да извршиш правилна транскрипција.--brest 21:42, 19 септември 2007 (UTC)

Контакт

уреди

Супер, и јас би сакал да зборуваме преку таков програм. Адресата на мсн ми е inkubzz ет hotmail ком, а на јаху inkubzz ет yahoo ком. Слободно додади ме. Поречанец A? 10:37, 20 септември 2007 (UTC)

Петлюра

уреди

Принимайте моих самих глубоких извинений дорогой Артем, что я вам не писал раньше. Но вот знаете как получается. Я очень, благодарен что ви позаботились и написали подробную статью про Виктора Петлюри. Я первий раз встретил его имя когда читал книгу "Белая Гвардия" от Булгакова. Я хочу сказать что очень много уважаю Украинцев, и думаю что наши два народа очен похожи, и что у нас сходная историческа судьба. Ну вот надеюсь что ето поставит начало хорошого знакомства и что когда-нибудь приедишь к нам в гостях в Македонии. Пока. Revizionist 16:14, 28 септември 2007 (UTC)

Статья Македонцы

уреди

Привет Артем. Как делишки? Вот наконец сумел написать новую версию статьии Македонцы. Она сейчас включает большое колическтво сканированих фоток, аргументов, источники, и конечно больше текста. Новая версия неутральная, обемна, инфформативная, и илюстрованая. Потому-что здесь все считуаем тебя как полноправного члена тима, я б хотел узнать твое мнение - вот НЫНЕШНУЮ ВЕРСИЮ статьии, а здесь найдешь НОВУЮ ВЕРСИЮ с моих изменений. Ваше мнение Артем можете написать здесь. Поздравления. Revizionist 13:46, 06 октомври 2007 (UTC)

Русиньский язык

уреди

У нас русиньский вопрос не очень известний, но я читал в одну лингвистическуюу книгу про славянских наречий, и там било написано русински јазик. По македонскому будет русински јазик. Поздравления Тюха. Revizionist 24:52, 07 октомври 2007 (UTC)

Тюха когда приедешь в Македонии возму машину и покажу тебе всех достапримечательностей. Также познакомишся с остальних твоих друзей из македонскую википедию, а и найдем тебе македонскую девушку ;) Сега не може да ми сетам за некоја личност од Украјна за која би можел да пишеш, но многу би сакал (ако имаш време и нерви се разбира) да напишеш убава долга статија за украинскиот народ. Голем поздрав. Revizionist 01:50, 07 октомври 2007 (UTC)

Транслитерација

уреди

Според мене, презимињата треба да бидат напишано ктака како што се напишани на украински јазик, т.е. како што си пишал ти. П.С. Мило ми е што се врати одамна те немаше. Ќе може ли да ми го дадеш твојот е-маил сакав да те прашам нешто. Поздрав. --Revizionist 17:27, 16 декември 2007 (UTC)

Артјом, тогаш згрешив, сега ќе ти го кажам правилото: се пишуваат така како што се изговараат. Тогаш мислев дека се изговараат како Русите што ги изговараат, ама од тогаш научив многу работи за украинскиот јазик (благодарејќи на тебе) :) Се изговара Володимиривна и мора да се пишува Володимиривна! --Поречанец A? 19:25, 16 декември 2007 (UTC)

Еве, готово :) --Поречанец A? 17:34, 16 декември 2007 (UTC)

Знам дека е, заборавив да го поправам тоа... :) --Поречанец A? 15:58, 20 декември 2007 (UTC)

Транслитерација

уреди

Да, имињата кои завршуваат на „-др“ во источнословенските јазици, завршуваат на „-дар“ на македонски - на пр. Александр-Александар, па така Олександр -Олександар. --Б. Јанкулоскиразговор 07:37, 19 декември 2007 (UTC)

Една молба...

уреди

Еј, здраво Тјуха! Гледам дека одлично соработуваш со нашите уредувачи и, искрено да кажам, мило ми е зашто ти се можеби единствениот „странски“ уредувач со доби намери тука :P. Туку, имам едно прашање т.е. молба и мислам дека ти можеш да ми помогнеш. Веќе подолго време неуспешно се трудам да најдам на интернет една украинска народна песна: Їхав козак за Дунай. Па мислев, ако знаеш некој линк или место од каде би можел да ја симнам, би ми помогнало многу. Благодарам унапред! --Филип што бе? 09:50, 19 декември 2007 (СЕВ)

Ееееј Артёме, фала многу за песната! Собирам етно песни од секој од словенските народи, па за Украинците ја избрав баш оваа. Мислам дека е cool :D. Ако имаш некој совет или забелешка или пак прашање, слободно прашај! ПоздраВ и фала уште еднаш! --Филип што бе? 17:45, 19 декември 2007 (СЕВ)
Хехе, знаеме за Полска, не се секирај :DDDD. Но, за жал си во право... не е многу застапена т.е. претставена полската култура во Македонија. Од она што го истражував во игра ми се две песни: Sto lat i Ja za woda, ty za woda, барем на повеќето места тие се истакнуваа како едни од најпознатите полски етно песни. Сеа, Sto lat ти била некој пандан на Happy birthay или слично, ама познавајќи нѐ нас Словените, тоа е (или барем била) сигурно некоја, што би рекле некои у Македонија, биртијашка песна (секако не во негативната смисла!). А инаку размислував и за мазурката на Добровски, но тоа би било нешто ко да ја стаам Хеј, Словени во тој склоп :P. Ќе треба да консултирам некој „славист“ т.е. заљубеник во сесловенската култура. Ако имаш некој совет, конкретна песна или нешто така, слободно кажи! Мислиш ли дека Јихав козак е добар избор за Украина? Иначе, песната ја слушнав за прв пат во Војводина, ја свиреше една тамбурашка тајфа Русини и Словаци. И од тогаш ми влезе во уво... Најдов и една скратена верзија, но сега гледам дека текстот на мојата верзија не се совпаѓа со оваа што ми ја прати ти. Како и да е, ја имам во оригинал :))) и мнооогу ти благодарам! За било што, пиши слободно: filip_gd@yahoo.com --Филип што бе? 01:39, 20 декември 2007 (СЕВ)
ПС кога ќе ја завршам компилацијата ќе се потрудам да ја добиеш! :))))

Здраво Тјуха! Ја создадов статијата Їхав козак за Дунай, но сакам да те замолам нешто: ако си расположен, би било добро да ги преведеш стиховите од украински на македонски, и тоа буквално (дословно), секако, а не поетски. Ако имаш вишок време :) и ако се нафатиш, не се секирај дали ќе има грешкички. Дури и да ги има - лесно се поправаат :D. И уште нешто: насловот би се превел како: Јавал Козак зад Дунав ?! Уствари и затоа не пишав превод на насловот зашто немав појма како да го преведам. Ваљда зашто за пронаоѓање соодветен превод се служев со руско-српски речник (хехехе). Поздрав друже! --Филип што бе? 2044, 22 декември 2007 (СЕВ)

Преведување

уреди

Здраво Тјуха. Ако имаш време, можиш ли да ја преведуваш статијата Македонско девојче во украински и руски? Сакам да направам интервикии во сите словенски јазици. Има англиска верзија тука ако ти е полесно да преведуваш од тоа. Фала. Балканец Да? 06:49, 15 март 2008 (UTC)

Го видов преведот - фала многу! Само едно нешто: можиш ли и во руски јазик да ја преведиш? Потоа ќе одам да прашувам други словени да преведуват од тие верзии, бидејќи не можам да најдам корисници кои зборуваат чешки-словачки-беларуски а исто така македонски, но има неколку кои зборуваат чешки-словачки-беларуски а исто така украински (или руски). Балканец Да? 05:07, 19 март 2008 (UTC)
Добро, ќе најдам некој русин ;-). Ако сакаш, можиш да го ставиш рускиот превод на мојата страна за разговор, да не ти смета на песочницата. Балканец Да? 13:21, 20 март 2008 (UTC)
Ја видов статијата - благодарам! Има сега и беларуска верзија; ќе ја направам руската статија кога имам време. Можиш ли да го преведиш воведот во руски? Поздрав. Балканец Да? 06:15, 23 март 2008 (UTC)

Транскрипција на украинскиот јазик

уреди

Конечно нашава Википедија доби авторитативно правило за транскрипција (предавање) на поими и имиња од украинскиот јазик во македонски! :) Еве каде стојат правилата: Транскрипција на туѓите имиња во македонскиот јазик#Украински имиња. Доколку сметаш дека е потребно, можам ова да го ставам во посебна статија со наслов „Транскципција на украинските имиња во македонски јазик“. Поздрав и со среќа да се служиме со овој водич. --Б. Јанкулоскиразговор 08:51, 8 мај 2008 (UTC)

НУМС

уреди

Здраво Tjuha, со оглед на вашиот интерес за уредување на македонската википедија би сакал да ве информирам дека започнавме проект „Недела на Македонско-украинска соработка“. Поздрав. --brest (разговор) 10:07, 4 јануари 2013 (CET)Одговори

Вашата сметка ќе биде преименувана

уреди

04:45, 18 март 2015 (CET)

Направено е преименување

уреди

22:49, 21 април 2015 (CEST)

Прохання

уреди

Вітаю Tjuha~mkwiki. Хотів запитати, чи не могли б ви допомогти з фотоколлажем українських постатей македонській вікі: бо перша спроба просунути у mk:Украинци фотодобірку стикнулася з відмовою: перша причина - я так розумію - неправильне місце. Друга - правопис.--Yasnodark (разговор) 15:06, 14 април 2016 (CEST)Одговори