Majahm
Добре дојде!
Здраво, Majahm, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:
Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}}
пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!
Добредојде!
уредиПокрај официјалното добредојде, да ти пожелам и лично добредојде од мене како Администратор. Гледам дека се ангажираш со статии поврзани со нумизматиката. Досега тоа го немавме баш многу разработувано и добро е што ете, ти ни притекна на помош. На англиската Википедија гледам дека дури имаат и портал за нумизматика. Можеме и ние да направиме такво нешто. Јас имам изработено доста статии за античките македонски кралеви и на повеќето имам ставено монети со нивниот лик. Доколку направиш истражување и напишеш статии за нив многу ќе и послужиш на македонската нумизматика, или барем на нејзиното претставување (и афирмирање) пред непрофесионалната јавност. Поздрав! --Б. Јанкулоски 10:35, 7 Мај 2006 (UTC)
Добронајдов :-)
уредиБлагодарам за топлото добедојде, иако придонеси за Википедија почнав да давам уште лани. Што се однесува до порталот за нумизматика кој го предлагаш, мислам дека нема толку интерес за нумизматика за да се отвори посебен портал, но сепак ќе оставам на тебе, па ти реши дали треба да го има или не. Патем, погледнав некои од твоите статии за античките македонски кралеви и монетите кои таму се поставени. Имам една забелешка, имено, кога се прикажува една монета редовно се илустрираат и двете страни, односно и аверсот и реверсот на монетата, што во твоите статии не е случај. Ова е добронамерна забелешка и се надевам дека ќе може да се корегира. Не сум баш сигурна дека тука треба да одговорам, но се надевам дека Б. Јанкулоски ќе прочиташ. Поздрав
- Колку што паметам (а не сум ги погледал статиите одамна) многу од нив имаат и аверс и реверс. Се разбира, доколку некои немаат, тоа значи дека не сум можел да најдам такви слики, а не дека не сум го имал тоа правило на ум. За порталот можеби си во право, но јас често правам статии по принципот уметност заради уметност и не внимавам многу на читаност. Се разбира, со портаите тоа е малку поинаку. Моментално изработувам Портал:Класична музика кој сеуште не е готов и не сум го објавил никому. Сеуште каталогизирам композитори по азбучен ред по периоди, што е многу долг и макотрпен процес, но се надевам дека наскоро ќе имаме комплетна листа на сите композитори во историјата на класичната музика :-) За одговорите - во принцип ние ги пишуваме во корисничките страници на тој кој ни се има обратено, за истиот да може да биде навреме известен дека има нови пораки. Продолжи со добрата работа и ако ти треба било каква помош, како да речеме за каталогизација, вики-форматирање или било што друго, стојам на располагање комплетно и безусловно. --Б. Јанкулоски 21:58, 7 Мај 2006 (UTC)
За Паско Кузман и категоризацијата
уредиЕпа вака... првобитната статија беше именувана Македонски археолози, а во рамките на неа ти си пробала како поднаслови да пишуваш за археолозите. Википедија има сосема друг начин на форматирање. Затоа јас ја преименував (преместив) статијата во име Паско Кузман. Тогаш статијата „Македонски археолози“ автоматски станува пренасочувачка страница (со единствена фактичка содржина: #REDIRECT Паско Кузман. Бидејќи во овој случај ова не беше статија која може да има две или повеќе можни имиња (во кој случај се користи пренасочувањето), потоа сосема ја избришав статијата „Македонски археолози“ (опција која само Администраторите можат да ја исползуваат). Сега на статијата Паско кузман го имаш само Паско Kузман :-)
Што се однесува до категоризацијата - проверив и се се сосема в ред. Кога при дното ќе кликнеш на Категорија:Македонски Археолози сега за сега ти го дава само Паско Кузман под буквата П бидејќи истиот е единствениот македонски археолог кој е категоризиран таму.
За начинот на категоризација мислам дека сеуште немаме напишано водич, но немаш потреба бидејќи е прост: На дното од страницата го пишуваш името на категоријата, па го хајлајтираш и го притискаш копчето „[[:Категорија:]]“ долу во знаковникот и поимот автоматски се вметнува во рамките на заградите по двете точки. Откога ќе ја зачуваш страницата, проверуваш (на дното) дали категоријата е сина или црвена (постоечка или непостоечка), во кој случај кликнуваш на неа и потоа ја категоризираш и нејзе, и се така, се додека не дојдеш до некоја постоечка категорија што може да ја комплетира низата. Само вака можеме да имаме успешна категоризација. Се прекина ли низата некаде, веќе не е тоа тоа. Значи, да напоменам: на страниците за категории во принцип се пишуваат само нивните надкатегории (на која категорија и припаѓа самата таа, т.е. на која категорија и е „подкатегорија“), а не текстови или слично.
Можеби многу од овие работи веќе ги знаеше, но мое беше да се потрудам ти објаснам се што мислам дека треба да знаеш за нив. Се надевам дека постигнав пристојно ниво на пластицитет во објаснувањето. Доколку било што не ти е јасно, на било која тема, тука сум да те инструирам. Па затоа сум администратор нели :-). Поздрав! --Б. Јанкулоски 21:40, 9 Мај 2006 (UTC)
Медал
уредиЕве од мене една скромна награда за напорите што ги правиш во името на македонската археологија, нумизматика, музеологија и друго. Ти си за секоја пофалба и пример за уредник. Само напред!--Б. Јанкулоскиразговор 09:36, 14 Мај 2006 (UTC)
Честитки
уредиЧеститки од мене за добиениот медал, а воедно здраво и добредојде. Гледам дека пишуваш статии претежно со историско-археолошка содржина (посебно ми се допаѓаат твоите статии за Скопската Чаршија,Требеништа и за скопски Маџир Маало), па би те замолил повеќе да се погрижиш за статиите околу историјата на Античка Македонија, бидејќи верувам дека си најкомпетентна и највеќе имаш знаење од сите нас за тие статии. Уште еднаш честитки за медалот и здраво (не добредојде зашто не сум администратор или некое службено лице тука). Македонец 17:37, 16 Мај 2006 (UTC)
За ордените
уредиЈас имам основни информации за ордените и нивни слики, и сакам странава да ја направам така што само ќе ги дава на листа, а за секој орден и сл. да има посебна статија (мислам дека заслужуваат) :-) Би те замолил да додаваш, колку што можеш, текст за секој од нив. Јас од овде (НЗ) немам пристап кон таква литература, а интернет е многу оскуден на таа тема. Поздрав. --Б. Јанкулоскиразговор 22:14, 16 Мај 2006 (UTC)
- Статиите ти се одлични (пр. Црква Св. Спас). Уште еднаш би го изразил моето воодушевување за твојот лексиографски талент. Почнуваш да ми стануваш конкуренција :-) --Б. Јанкулоскиразговор 04:51, 18 Мај 2006 (UTC)
За Дожот
уредиЕ и јас мислев така пред да сфатам (смотанко) дека тоа е хрватски (од Дубровничката Република) а кај нас се вика Дож (не дожд) :-) Во тој случај ќе биде Дожов дворец. Не е палата заради тоа што зборот „палата“ на македонски не ги има истите импликации што и Palace или Palazzo на англиски или италијански. Палата кај нас е нешто друго. Во овој случај тоа е дворец. Зошто тогаш е Зимски дворец, а не Зимска палата? --Б. Јанкулоскиразговор 13:12, 19 Мај 2006 (UTC)
- Може да е дужд (иако не звучи ни грам македонски + видов дека и други во енциклопедијава користат дож). Но Зимскиот дворец (па и ова здание) не се вон, туку во сред град и не се воопшто утврдени. Меѓутоа, како што велиш палата може да се користи. Меѓутоа тие дефиниции ми се малку сомнителни. :-) Castello се преведува како замок, а никако како дворец. Замокот е утврдена градба, дворецот не е. Во секој случај, ова беше само информативно, а јас ќе го променам името по предложеното. Премногу те почитувам како уредник за воопшто да ми падне на памет да навлегувам подлабоко. Поздрав. --Б. Јанкулоскиразговор 22:22, 19 Мај 2006 (UTC)
Диоклетијан
уредиЗапознаен сум со таквиот изговор (впрочем латинскиот ми е една од специјалностите), но мислев дека во Македонија тоа се изговара така и не сакав да отстапувам од воспоставеното. Ама ете, не сум знаел дека конечно го утврдиле правилото за транслитерација. Одсега ќе го следам. Благодарам за корисната забелешка. --Б. Јанкулоскиразговор 23:48, 2 Јуни 2006 (UTC)
Пајонски јазик
уредиАко не ме пратат по обрвски, очекувај да биде преведена за 15-20 мин.--Б. Јанкулоскиразговор 22:58, 3 Јуни 2006 (UTC)
- Преведено! --Б. Јанкулоскиразговор 23:26, 3 Јуни 2006 (UTC)
Шах
уредиЗа статијата Шах...едноставно немам зборови. Ете некој да ми парира. Се разбира, јас не би бил Б. Јанкулоски ако не ти ја засолам манџата Имено, ставив два шаблона - еден шаблон за игра на почетокот на статијата, а другиот шаблон изгледа како слика за почетните позиции на фигурите, кој впрочем е шаблон-мрежа со индивидуални слики на фигурите во своја позиција (види „уреди“). Тој шаблон мораме да го имаме зошто се користи при секоја шаховска ситуација каде можеш да ги распределуваш фигурите како сакаш. Продолжи со сјајната работа! Ни за еден момент се зажалив што ти дадов награда толку рано. --Б. Јанкулоскиразговор 07:07, 5 Јуни 2006 (UTC)
- п.с. Дали ја виде Пајонски јазик, готова е.
Разговор
уредиЗдраво. Се отвори една дискусија на Разговор:Самуилово царство. Мислам дека ќе те интересира. Поздрав, Boyan 10:15, 5 Јуни 2006 (UTC)
Шаблон за никулец
уредиНаправив еден шаблон кој ќе се става на никулци за статии поврзани со македонската археологија (наоѓалишта, археолози, градби, предмети и др.) За сефте го имам ставено во Антички театри во Македонија. Еве ти врска за да го погледаш Шаблон:мак археологија-никулец. Кодот за него (како и за сите шаблони) е {{име на шаблон}}, во случајов {{мак археологија-никулец}} (без „Шаблон:“, тоа накнадно само ти излегува). За категоризација на шаблоните, проследи го овој пример или некои други шаблони.
Мала помош: кога категоризираш (било што) секогаш погледувај како името на тоа што го категоризираш сооднесува со името на категоријата. Илустрација: Категорија:Македонска археологија во неа ставаш---> [[:Категорија:Македонски археолози|А]], а не само „[[Категорија:Македонски археолози]]“ зошто ќе ти испадне пак под „М“, а не под „А“ (а нам ни требаат археолозите - веќе знаеме дека сме во македонска категорија). Доколку не вметнеш „|буква“, индексирањето не си ја врши работата и станува збунувачко.
Сметам дека е важно на овој начин да ги индексираме сите никулци на оваа тема за секогаш да имаме увид во тоа до каде сме и што повеќе треба да се направи. Темата ми е особено драга и со задоволство би пишувал многу за неа да имав материјали, но по сè изгледа дека тука има многу малку (треба да допроверам на факултет). Поздрав. --Б. Јанкулоскиразговор 04:02, 9 Јуни 2006 (UTC)
- П.С. Отворив страница Помош:Преводи и транслитерации каде јас сум одговорниот референт за сите прашања.
Здраво!
уредиМожеш ли да го видиш: Википедија:Портал/Правопис и граматика? Има една дискусија во врска со употреба на времињата во статиите, која создаде доста негативна енергија во Википедијава, и би сакал да ја решиме со некакво заедничко решение. --FlavrSavr 23:04, 11 Јуни 2006 (UTC)
Битолски натпис
уредиМаjа, те прашав на страницата за разговор Битолски натпис, дали имаш читано книгата на Угринова Скаловска. Те молам, ако jа имаш читано, напиши, каде и на коjа страна таа тврди дена натписот е од 14 век. Ако не, нема смисла страницата да биде заштитена, а да не се изнесуват аргументи. Поздрав, --Иван 17:57, 4 јули 2006 (UTC)
Не беше посочен извор за Слика:Opinci.jpg
уредиВи благодариме за подигнувањето на Слика:Opinci.jpg. Страницата за опис на датотеката моментално не дава информации за тоа кој ја создал содржината, што спречува да се одреди статусот на авторските права врз неа. Ако не сте ја создале оваа датотека вие, ќе мора да го наведете сопственикот на авторските права. Ако сте ја нашле сликата на некое веб-место, тогаш би било доволно да доставите врска до веб-местото од каде што е земена сликата, заедно со условите за употреба на нивната содржина што се наведени на тоа веб-место. Меѓутоа, ако сопственикот на авторските права не е самиот издавач на веб-местото, треба да го дознаете сопственикот на авторските права.
Покрај додавање на изворот, ве молиме додадете и соодветна ознака за лиценцата што ни дозволува да ја користиме сликата, ако не е веќе додадена. Ако сликата, звукот или видео-клипот сте го направиле вие, тогаш можете да ја поставите ознаката {{Јд-јас}} или {{ГЛСД-корисник}}. Ако мислите дека датотеката спаѓа во неслободна содржина, искористете ознака како {{неслободна праведна употреба во|име-на-статија}} или една од ознаките наведени кај Википедија:Лиценци за слики#Праведна употреба. Видете Википедија:Лиценци за слики за целосен список на ознаки за авторски права и лиценци што може да ги користите.
Ако сте подигнале и други датотеки, ве молиме проверете дали сте го навеле нивниот извор и сте ги означиле правилно. Можете да погледнете список на датотеки што сте ги подигнале со кликнување овде. Сликите без извор и ознака може да бидат избришани една недела по откако биле означени како проблематични. Ако сликата е означена како неслободна, тогаш сликата ќе биде избришана 48 часа по 13:19, 8 септември 2008 (UTC). Ако имате било какви прашања, слободно прашајте некој администратор или обратете се до Википедија:Прашања за авторски права. Ви благодариме за соработката. --Brainmachinewtf? 13:19, 8 септември 2008 (UTC)
100 редакции на ден
уредиA што ако правам по 100 редакции на ден...--Еден Македонец ? (разговор) 22:32, 31 август 2010 (CEST)
- Мене лично ми е тешко да ги следам промените во историјата на статиите со толку промени на една запирка или буква. А функцијата „Преглед“ е токму за да нема многу ситни промени --Ajax (разговор) 23:17, 31 август 2010 (CEST)
Што да ги следиш промените на статијата... таа беше со пет реда пред да ја дополнам... Функцијата Преглед ја користам повеќе од порано... ама треба да имаш разбирање дека користам различна литература пишана или електронска од која треба да направам целина и тоа ми одзема време, не притискам зачувај на точки или запирки туку го зачувувам текстот и потоа го пречитувам за да видам дали сум препуштил нешто и тогаш се случува да видам дека фали запирка или точка и поправам... поздрав--Еден Македонец ? (разговор) 23:27, 31 август 2010 (CEST)