Разговор:Македонци-муслимани

Дали сметате дека оваа статија би требало да се пренасочи во статија со име Македонци (муслимани) или Македонци муслимани (Торбеши) со оглед на тоа дека сепак името Торбеши е навредливо и погрдно. - Македонец 15:59, 3 ноември 2006 (UTC)

Апсолутно. Ќе го префрлам во Македонци (муслимани). --FlavrSavr 13:00, 4 ноември 2006 (UTC)
Мене некако не ми личи ни муслимани, можеби во заграда да стои (муслиманска вероисповед). --brest 19:13, 13 март 2007 (UTC)

Дали постои друг збор наместо торбеш? Користењето на овој збор е битен за да нема бунење со оваа статија со на пр., Македонци од албанско потекло кои и се муслимани. --Johan1298 19:29, 13 март 2007 (UTC)

Па сега зависи од кој аспект ги гледаш работите. Национална припадност, верска определба, државјанство. Категоријата луѓе за која зборуваме се Македонци по националност со исламска верска определба, а може ама не мора да се државјани на Македонија (Република Македонија), може а не мора да живеат во Македонија (етничка македонија), македонци муслимани има и во Европа, Америка и сл. Ако го имаме во предвид државјанството и верската определба, тогаш под македонци муслумани можат да се подведат и луѓето со албанска национална припадност, ама и оние со труска национална припадност, односно било која друга национална припадност.

Заради тоа мислам зборот торбеш можеби треба да биде употребен. --Johan1298 19:52, 13 март 2007 (UTC)

Терминот торбеш е погрден збор за овие луѓе. Од друга страна имаме термин помаци за истата категорија на луѓе само од Пиринска Македонија, кој исто така е погрден збор. Торбеш е термин за оваа категорија на луѓе од Република Македонија (Вардарска т.е. Јужна Србија / Вардарска Бановина, според српската пропаганда). Јас сметам дека овде се работи за негативна пропаганда на нашите мили соседи со намера да се омаловажи оваа категорија на македонци а со самото тоа и целината.--brest 20:00, 13 март 2007 (UTC)

Океј, нека си стои. Ама дали знаете оти ако се пребара торбеши автоматски го пренасочува читателот кон оваа статија. Што значи, е скриено како титула, ама не баш. --Johan1298 20:08, 13 март 2007 (UTC)

Тоа е работа за администраторите, треба да го тргнат пренасочувањето. Ако некој од нив го следи нашиов разговор тогаш нека превземе нешто.--brest 20:23, 13 март 2007 (UTC)

Мислам дека тоа што Торбеш пренасочува кон Македонци (муслимани) не е ништо лошо. Статијата не ја нарушува НГТ. Всушност, било кој да сака да најде податоци за Македонците-муслимани, нема да напише Македонци (муслимани), туку како во секојдневниот говор - Торбеши. Затоа е и пренасочувањето. Boyan 20:32, 13 март 2007 (UTC)

Може и така, ама може и да напише торбеш па пребарувачот да ги излиста страниците каде се јавува тој термин, меѓу кои и страницата Македонци (муслимани), а сепак да не се форсира погрдниот термин. Иначе кога разговараме за пренасочување од овој тип и симболиката на пренасочувањето кога се работи за погрдни термини или термини кои не ни одат во прилог, гледам дека истото тоа е направено и со ПЈРМ, па директно не пренасочува на Република Македонија?????!!! Да замислиме сега ситуација некому да му текне да изврши пренасочување македончиња --> Македонци????!!!! се употребува во секојдневниот говор. Треба добро да се размислат овие работи.--brest 21:20, 13 март 2007 (UTC)

Немам забележано за ПЈРМ. Веднаш ќе го избришам тоа пренасочување бидејќи е грчкa гледна точка, а најверојатно тоа го има направено некој од трајно блокираните грчки корисници тука, како Корисник:GrekoMakedonski кој е активен и на англиската Википедија како Telex или пак Domitius во статиите за Македонија. Boyan 22:35, 13 март 2007 (UTC)

Македонци - муслимани - торбеши

уреди

Чувствителна тема. Еве некои линкови кои може да ни помогнат да расчистиме некои работи:

Торбеши е синоним за дел од исламизираните Македонци, кој е измислен како погрден збор. Постојат и други такви називи за Македонците со исламска вероисповед, како Реканци, Горанци, Помаци и други. Торбешка група се исламизираните Македонци од скопската торбешка група, населени во Долно Количани, Света Петка и во неколку други села во Скопско. Ние не сме со ништо различни од Македонците со православна вера, ни по говорот, ни по ликот, ни по традицијата. Во религијата нема специфичности. Во Бога се верува еднакво - вели Исмаил Бојда, претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија.

Примањето на исламот од страна на Македонците Мијаци во Река е процес кој започнал уште во XVI а траел сè до втората половина на XIX век. Меѓутоа, овој премин од една во друга конфесија не се случувал масовно туку поединечно и траел долг временски период.

....

Следен документ кој говори за исламизацијата на Македоците е писмото на султанот Јахја до римскиот папа од 1644, во кое се говори за премин во ислам на голем број христијански семејства. Тој говори за премин на 800 католици од горен и долен Дебар и на уште 800 луѓе од Река во ислам.

...

Исто така, стратешка цел на Турците во доцното средновековие била и создавање на муслимански појас помеѓу бунтовните Албанци и битните клисури (Реканската и Кичевско-Јамската).


  • Демографските промени во Македонија од крајот на 14 век до балканските војни - книга на Глигор Тодоровски
  • Исламизацијата на Торбешите и формирањето на торбешката суб-група - докторска дисертација на др. Галаба Паликрушева

--brest 09:51, 14 март 2007 (UTC)ж

Македонци-муслимани или Македонци (муслимани)

уреди

Сметам дека статијата треба да се врати со тоа муслимани во заграда бидејќи вака со цртичка, добива поголемо значење на одделеност од останатите Македонци православни, католици итн. - 62.162.208.176 12:28, 14 март 2007 (UTC)

Но мора вака да биде. Начинот на пишување на таков поим е тој и нема друг. Употреба на заграда за такви случаи досега немам видено. По мое гледање, тука не станува збор за никаква сегрегација и поделеност, туку едноставно соодветна примена на македонскиот правопис. Вака може да се направи и со македонците-католици, македонците од различни протестански вери, или за било кои македонци со неофицијална вероисповест (неправославна). За православните пак, бидејќи таа е официјална вера, и нејзините припадници се во неспоредливо огромно мнозинство, не би било коректно да се употреби „македонци-православци“. Во тој случај би испаднало инфантилно да бараме реципроцитет само заради тоа што некој би се почувствувал одделен. Имено, доколку нечија вера е малцинска (и тоа многу малцинска) во рамките на македонскиот етнос, разликата е веќе создадена (на каков било начин, или во која било мера) и сметам дека цртичката не би придонела ништо кон било какво понатамошно поделување или антагонизирање на тие луѓе.--Б. Јанкулоскиразговор 02:12, 17 март 2007 (UTC)

Посебност на статијата

уреди

И покрај тоа што овие луѓе навистина се различни, тие сепак се Македонци и нема потреба да постои посебна статија за нив. Како што се тие муслимани, некој можеби е будист, и можеби за пар години ќе има 100.000 будисти во Македонија, па тогаш ќе треба да направиме и статија Македонци-будисти? Иако се познати и како Горани, Торбеши и многу други имиња, тоа е така бидејќи таму каде што се познати како такви се и малцинства, т.е. заедници, па затоа на другите Википедии може да видите статии за таквите групи. Сепак, кај нас се Македонци, и по пописот се Македонци, а не Македонци-муслимани (религијата не е етникум). Така јас предлагам оваа статија да се вметне во статијата за Македонци, и во статијата за Ислам во Република Македонија. Ако се водиме по ова, треба да направиме и статија Македонци-католици. Друго е Торбеши, кои денес се сметаат себе за Турци, Албанци, Босанци, Бошњаци и така се изјаснуваат на пописите, а друго е Македонец со муслиманска вероисповед. Ако утре некој од вас стане муслиман, тоа го прави да си ја промени етничката припадност? 79.103.188.98 (разговор) 13:39, 3 јуни 2009 (UTC)

Се сложувам, тие се Македонци и не треба да има посебна статија. Треба овој текст да се премести во статијата Македонци. --Никола Стојаноски 14:22, 3 јуни 2009 (UTC)
А мене па ми личи дека статијата си има самостојност. Во статијата Македонци треба да си стои линкот што води до овде, ама што е толку чудно ако постојат статии и за Македонци-будисти, или Македонци-католици? --Виолетова (разговор) 14:28, 3 јуни 2009 (UTC)
Па нема логика да стои оваа статија посебна зошто овие луѓе се Македонци и со ваква статија ги делиме од нашата нација и ги правиме како посебна етничка група. Значи мој предлог е оваа содржина од оваа статија да се префрли во статијата Македонци, а да се направи статија Исламот во Македонија каде ќе се направат посебни статии како: еден дел ќе биде општо за исламот во МК, после исламот помеѓу Македонците, исламот помеѓу Албанците, исламот помеѓу Турците и исламот помеѓу Ромите. Тоа би било добро решение. Поздрав--Никола Стојаноски 14:35, 3 јуни 2009 (UTC)

Е добро де, може да се отвори статија за Исламот во Македонија, па да се стави овој текст таму, и да се дополни со деловите што ги предлагаш: исламот помеѓу Албанците, исламот помеѓу Турците и исламот помеѓу Ромите... тоа веќе е во ред --Виолетова (разговор) 14:42, 3 јуни 2009 (UTC)

Но оваа статија да не е посебна. Македонци муслимани да пренасочува во Македонци (во потсекцијата која би се направила).--Никола Стојаноски 14:45, 3 јуни 2009 (UTC)

Мене ми се чини дека треба да стои оваа статија, не затоа што овие луѓе се различни, туку повеќе заради тоа што се значајни. Но, исто така во статијата Македонци достојно да се спомнат како Македонци со специфични културни особености. Исто така, како што вели Виолетова, да се спомнат и во статијата за Исламот во Македонија. Поздрав, --Wikimk (разговор) 14:53, 3 јуни 2009 (UTC)

Не знам на што потсетува насловот, но сепак мислам дека Виолетова е целосно во право. Оваа статија нека не асоцира на тоа дека Македонците-муслимани се од посебна етничка припадност. Тие имаат само различна религиозна припадност, а доколку содржината се префрли во статијата Македонци, тогаш, значајниот поим „Торбеши“ би пренасочувал во една секција. Тоа не е добро. Овој поим не е навредлив. Ова го зборувам од лично искуство, бидејќи во разговор со Македонци-муслимани имам слушнато дека овој збор се засенува од страна ан „културолозите и јазичарите“. Содржината на статијата е предолга за да биде запишана во една секција од статијата Македонци, па затоа мислам дека статијата треба да остане.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:17, 3 јуни 2009 (UTC)
P.S.Размислував дури, дека добро би било оваа статија да биде пренасочена во „Торбеши“, бидејќи значењето на поимот „Торбеши“ со Македонци-музлимани и баш не е исто. Прочитав некои коментари и мислам дека и сфаќањето на ова статија е погрешно. Торбешите се Македонци, кои се со исламска религизона припадност, но тие имаат своја историја и нивната промена на религиозната припадност е суштински значајна. Торбеш не може да стане некој, којшто сега е христијанин и ќе ја смени верата, иако е Македонец. Значи името на статијата „Македонци-муслимани“ нека не асоцира на сите македонски муслимани, без оглед на тоа кога, како и зошто се Муслимани, туку оваа статија всушност се однесува само на „Торбешите“. За да не дојде до ваква забуна, мислам дека нема да биде лошо статијата да биде пренасочена.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:30, 3 јуни 2009 (UTC)

Така е Кирил, плус тоа има Македонци-муслимани кои ги смениле имињата и кои не ги смениле презимињата, односно имаат муслиманско име, а презимето им е македонско (завршува на -ски). Значи ова е посебна и комплексна тема, и треба да биде како посебна статија, е сега дали со ова име, или како секција во статија со име Исламот во Македонија, тоа да го решиме. --Виолетова (разговор) 16:27, 3 јуни 2009 (UTC)

Е ај ок нека стои вака но другите Википедии гледаат пример од нас и на ниту една, освен на англиската, торбешите не се македонци туку посебна етничка група што е проблем и сериозна лага. Поздрав и ова беше само предлог :)--Никола Стојаноски 21:47, 3 јуни 2009 (UTC)

brest-bot проверка на правопис

уреди
  • Промена на зборови од типот сеуште во сѐ уште , одделни зборови сѐ, уште, е акцентирано.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 23:29, 26 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.

Податоци од научни извори или „рекла-казала„

уреди

Едно е да се фигурира на листата од Википедиа со податоци кои не се поддржани со научни факти а друго е да се оди директно во коренот на проблемот. Покрај анализата за распространетоста на ова население е за долготрајноста на Отоманската империја на Балканот лесно може да се даваат заклучоци за тоа колку христијани би можеле да се потурчат секој ден.Но сепак таквите резултати за некого може да се индивидуална полза.Нема проблем,тука имаме ДНК анализа,преголеми библиотеки во Турција во кои што ја пишува историјата на овој народ.Ви изнесувам само еден мал резултат: Од ДНК анализата на еден Македонски Муслиман било утврдено дека поголем процент е компатибилен со Варварско т.е. Барбари т.е Бербери. Неверојтна е сличноста на денешните Бербери (Афрички и Азијски) со овој народ,како и по ДНК така и по начинот на живеење. Но се‘ додека човечкиот памет не се ослободи од очигледните зависности и егоистичките потреби нема да има меѓусебно разбирање,и што е најглавно:сликата на коренот е дека сите се човечки битија.

vamPIRAT

Назад на страницата „Македонци-муслимани“.