РК Борац Бања Лука
Ракометен клуб Борац Бања Лука (српски: Рукометни клуб Бопац Бања Лука) — ракометен клуб од Бања Лука, Република Српска, Босна и Херцеговина. Тој е дел од спортското друштво Борац.
РК Борац Бања Лука | |||
---|---|---|---|
Целосен назив | Ракометен клуб Борац Бања Лука Рукометни клуб Бопац Бања Лука | ||
Основан | 1950 | ||
Игралиште | Спортска сала Борик, Бања Лука | ||
Приемност | 5.000 | ||
Престедател | Саша Кондич | ||
Лига | Ракометно првенство на Босна и Херцеговина | ||
2020–2021 | 2. | ||
Бои | |||
Клупски бои | |||
Дресови | |||
Мреж. место Матична страница |
Сојузната лига на Југославија била основана во 1957 година. Ракометниот клуб Борац станал нејзин член и оттогаш се натпреварувал во лигата до распадот на СФР Југославија во 1992 година. Борац бил шампион на СФР Југославија седум пати помеѓу 1959 и 1981 година.
Покрај тоа, РК Борац Бања Лука дванаесет пати го освоил Купот на Република Српска помеѓу 1993 и 2013 година. Купот не се одржал во 1995 година поради воени активности.
Од 1993 до 2001 година се натпреварувал во првата лига (тогаш највисок ранг) на Република Српска, во која бил шампион во сите осум сезони. По тој период е основана заедничката лига на Босна и Херцеговина, во која Борац се натпреварува и денес.
Eвропски шампион
уредиВо сезоната 1975/1976 година, клубот од Бања Лука ги освоил првенството и купот на Југославија и ја освоил титулата европски првак. РК Борац станал европски првак на 11 април 1976 година, победувајќи го данскиот шампион СД „Борик“ во финалниот меч во со 17:15. Натпреварот го следеле околу 5.000 гледачи. Со овој успех РК Борац станал првиот клуб од БиХ кој ја освоил титулата европски првак.
Следниве играчи биле крунисани за европски шампиони во 1976 година: Милорад Каралиќ, Здравко Раѓеновиќ, Неѓељко Вујиновиќ, Абас Арсланагиќ, Добривоје Селец, Момо Голиќ, Небојша Поповиќ, Миро Бијелиќ, Раде Унчанин, Слободан Вукша, Боро Голиќ, Зоран. Тренер на тимот бил - Перо Јањиќ.
Достигнувања
уредиНатпреварување | Број | Година | |||
---|---|---|---|---|---|
Државно првенство - 12 | |||||
Првенство на СФР Југославија | Победник | 7 | 1958/59, 1959/60, 1972/73, 1973/74, 1974/75, 1975/76, 1980/81. | ||
Втор | 4 | 1961/62, 1968/69, 1984/85, 1989/90. | |||
Првенство на БиХ | Победник | 5 | 2012/13, 2013/14, 2014/15, 2016/17, 2019/20. | ||
Втор | 5 | 1999/00, 2008/09, 2009/10, 2010/11, 2011/12. | |||
Државен куп - 17 | |||||
Куп на СФР Југославија | Победник | 10 | 1956/57, 1957/58, 1960/61, 1968/69, 1971/72, 1972/73, 1973/74, 1974/75, 1978/79, 1991/92. | ||
Финалист | ? | 1984/85. | |||
Куп на БиХ | Победник | 7 | 2006/07, 2010/11, 2012/13, 2013/14, 2014/15, 2017/18, 2018/19. | ||
Финалист | 1 | 1999/00. | |||
Република Српска - 21 | |||||
Првенство на Република Српска | Победник | 8 | 1993/94, 1994/95, 1995/96, 1996/97, 1997/98, 1998/99, 1999/00, 2000/01. | ||
Финалист | 0 | / | |||
Куп на Република Српска | Победник | 13 | 1992/93, 1993/94, 1994/95, 1996/97, 1997/98, 1998/99, 1999/00, 2000/01, 2008/09, 2009/10, 2011/12, 2012/13, 2017/18. | ||
Финалист | 0 | / | |||
Меѓународни натпреварувања | |||||
ЕХФ Лига на Шампиони | Победник | 1 | 1975/76. | ||
Финалист | 1 | 1974/75. | |||
Полуфинале | 0 | / | |||
ЕХФ Европска Лига | Победник | 1 | 1991. | ||
Финалист | 0 | / | |||
Полуфинале | 0 | / | |||
Останати натпреварувања | |||||
Трофеј Добој | Победник | 4 | 1967, 1970, 1971, 1973. | ||
Финалист |