Природонаучен музеј во Белград
Природонаучниот музеј во Белград е една од најстарите српски национални институции. По богатството и разновидноста на изложбените примероци, постигнатите резултати во областа на музеологијата и науката овој музеј е еден од најзначајните во југоисточна Европа. Официјално бил основан во 1895 година и тогаш бил наречен Јестаственички музеј на српската земја.[1] И покрај тоа што поседува 2 милиони предмети и артефакти, музејот нема постојана изложбпоставка ниту соодветен изложбен простор.
Јестаственички музеј на српската земја | |
Основан | 19 декември 1895 |
---|---|
Место | Белград, Србија |
Тип | музеј на геологија, палеонтологија, ботаника, зоологија |
Фонд | 2,000,000 |
Директор | Др. Милан Пауновиќ |
Мреж. место | Природонаучен музеј |
Историјат
уредиПред формирањето на Музејот, уште во средината на 19 век во тогашното Кнежевство Србија имало голем број природонаучни збирки, кои биле чувани во Природонаучниот кабинет на Лицејот. Музејот првобитно бил сместен во Задужбинската куќа на Стевче Михајловиќ на Врачар.[2]
Јосиф Панчиќ се смета за втемелувач на Природонаучниот музеј, кој со група на свои соработници и ученици систематски собирал и проучувал примероци од природата. Бил прв претседател на Српската кралска академија и професор на Големата школа (српски јазик: Велика школа). Детално ја истражил флората на тогашна Србија, а открил и опишал околу 50 и денес сèуште валидни, нови видови за науката ( Picea omorica, Ramonda sebica, Eryngium serbicum, Centaurea derventana и други).
Првата изложба на музејот била отворена во 1904 година во присуство на кралот Петар I и надлежни лица, а првото гостување на природонаучните експонатите во странство било истата година на Светската изложба во Париз. Прв управител на Музејот бил академикот Петар Павловиќ, геолог и предавач на Големата школа (српски јазик: Велика школа).
Музејот денес
уредиПриродонаучните збирки се од 1939 година до денес и се чуваат во привремениот простор во некогашната зграда на Првата женска гимназија во Његошевој 51. Фондот на збирки ја документира природата не само на Србија, туку и на соседните балкански подрачја и го прикажува нивниот развој, од древните времиња па се до денес. Во музејот се чуваат примероци од растенија и животни кои веќе не можат да се најдат на тлото на Србија бидејќи поради влијанието на човекот исчезнале или мигрирале во други предели. Во збирките се наоѓаат и неколку стотици холотипови и уникатни примероци на минерали, карпи, ботанички и зоолошки предмети.
Природонаучниот музеј во 1972 година бил припоен со Музејот за шумарство и лов, со своите збиркии на ловечки трофеи и ловечко оружје.
Музејот има четири сектори: Геолошки сектор (кој се занимава со минералогија, петрологија и палеонтологија), Биолошки сектор (кој се занимава со ботаника, зоологија и микологија), Сектор за едукација и односи со јавноста и Сектор за заеднички служби.
Музејот е добитник на наградата Михаило Валтровиќ за Музеј на годината за 2012 година која ја доделува Музејското друштво на Србија.[3]
На 15 февруари 2016 година, со указ на претседателот на Република Србија, Музејот бил одликуван со Сретенски орден од втор степен, за особени заслуги во областа на науката, културата и музеологијата, по повод 120 годишнината од основањето.[4] Музејот го одбележал јубилејот со свечен собир во САНУ во декември 2015 година.[5]
Природонаучниот музеј е прогласен за установа за култура од национално значење. Од своето основање до денес Музејот нема сопствена зграда ниту соодветен изложбен простор.[6]
Збирки
уредиВо привремениот простор се чуваат 120 збирки, кои го претставуваат природното и културното наследство на овие простори. Во тие збирки се наоѓаат околу два милиони примероци од Србија, од Балканскиот Полуостров, но и од други делови на светот. Според бројот на примероците се издвојуваат минералошката, петролошката, збирките на фосилни и рецентни мекотели, инсекти, птици, цицачи, како и Генералниот хербариум на Балканскиот Полуостров. Сите овие збирки имаат голема научна и музеолошка вредност. Збирките се организирани во две одделенија:[1]
Одделение за биологија
уреди- Миколошка збирка
- Збирка на лишаи
- Генерален хербариум на Балканскиот Полуостров
- Колекција на споменици од природата на Белград
- Збирка на овошја
- Збирка на плевели
- Збирка на артроподи (без инсекти)
- Ентомолошка бирка
- Збирка на мекотели
- Студиска збирка и збирка на експонати од водоземци
- Студиска збирка и збирка на експонати од влекачи
- Остеолошка збирка на рецентни водоземци и влекачи
- Остеолошка збирка на д-р Милутин Радовановиќ
- Збирка на риби - ихтиолошка збирка
- Збирка на птици
- Збирка на цицачи
Одделение за геологија
уреди- Минеролошка збирка
- Петролошка збирка
- Палеоботаничка збирка
- Збирка на палеозоиски фосилни безрбетници
- Збирка на мезозоиски фосилни безрбетници
- Збирка на кенозоиски фосилни безрбетници
- Збирка на академикот Петар Стевановиќ
- Палеонтолошка збирка на Надежда Крстиќ
- Збирка на фосилни пониски ’рбетници
- Збирка на терциални ситни цицачи
- Збирка на квартални ситни цицачи
- Збирка на терциални крупни цицачи
- Збирка на квартални крупни цицачи
Библиотека
уредиПриродонаучниот музеј во својот состав има и стручна Библиотека, која официјално била основана во 1903 година. Прв голем прилог за Библиотеката била комплетната стручна библиотека на професорот д-р Лазар Докиќ, кој се смета за основен и иницијален фонд на Библиотеката.[7] Библиотеката денес има 25.245 наслови на книги, 1.236 наслови на странски и домашни списанија (79.823 броеви), 1.032 географски и геолошки карти и 226 ракописи.[8] Во фондот на Библиотеката највредни се голем број на стари и ретки книги, први изданија и комплети на многубројни значајни научни списанија од целиот свет. Иако спаѓа во специјални библиотеки, таа е достапна и за јавноста.
Издавачка дејност
уредиПочетокот на издавачката дејност на Музејот на српските земји се врзува со 1903 година.[9] Во почетокот Музејот на српските земји објавувал помали прилози за фауна, флора и геа. Првите прилози печатени се во списанијата Ловац, Наставник и Просветни гласник. Природонаучниот музеј има и свое списание, а првиот број е печатен во 1948 година како Гласник на Природонаучниот музеј на српските земји (српски јазик: Гласник Природњачког музеја српске земље) од 1958 година Гласник на Природонаучниот музеј (српски јазик: Гласник Природњачког музеја), а од 2008 година Bulletin of the Natural History Museum in Belgrade).Од 2007 година Музејот ја издали и едицијата: Годишник на Природонаучниот музеј (српски јазик: Годишњак Природњачког музеја). Годишникот е осмислен така што во него да се објавуваат податоци за сите активности и настани во една календарска година: вести, информации за резултати на кустоси, средување на збирки, усовршување, објавени трудови, учество на собири, претставување во медијуми, работа на Библиотеката, едукативна работа и слични активности.[10]
Галерија на Калемегдан
уредиМузејот нема постојана поставка, а изложбената активност, едукативните работилници, промоциите и стручните собири се одржуваат во Галеријата на Калемегдан. Педагошко пропагандната служба на музејот соработува со голем број на училишта и предучилишни установи во Србија, со деца од сите возрасти.
Галерија
уреди-
Череп на праисториски риноцерус кој живеел во Србија
-
Бутна коска на степски мамут
-
Бутна коска на степски мамут
-
Мегалоцерус гигантус череп и `рбетен прешчен
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Природњачки музеј“. Званични сајт. Архивирано од изворникот на 4 мај 2016. Посетено на 21 април 2016.
- ↑ Сто година Природњачког музеја: документи и сведочанства. Београд. 1995.
- ↑ „Природњачки музеј добитник награде за музеј године 2012“. Вести.
- ↑ „Одликовање“. Вечерње новости.
- ↑ „Природњачки музеј слави 120. рођендан“. Политика.
- ↑ „Министарство културе и информисања“. Званични сајт.
- ↑ Извештај. 1903.
- ↑ Подаци о библиотечком пословању. 2015.
- ↑ Павловић, Петар (1903). Пузгавац. Београд.
- ↑ Природњачки музеј Београд: Годишњак. 2007. Отсутно или празно
|title=
(help)
Поврзано
уреди- Природонаучен музеј во Нови Сад
- Природен центар на Србија Свилајнац
- Природонаучен музеј во Лондон
- Културни институции во град Белград
Надворешни врски
уреди- Природонаучен музеј во БелградАрхивирано на 4 мај 2016 г., Официјална веб-страница
- Природонаучен музеј во Белград, официјален канал на YouTube
- Скриеното богатство на Белград: природни чуда што не можете да ги видите („Блиц“, 13 март 2014 година)
- Дружење со Рајс на брегот на Панонското Море („Вечерње новости“, 14.07.2016)
- Сто дваесет и пет години од Природонаучниот музеј во Белград („Политика“, 9 ноември 2020 година)