Приморска Шаранта

Приморска Шаранта (француски: Charente-Maritime) – департман на југозападниот брег на Франција кој името го добил според реката Шаранта.

Приморска Шаранта
Charente-Maritime
департман
Згрдата на префектурата на департманот Приморска Шаранта, во Ла Рошел
Згрдата на префектурата на департманот Приморска Шаранта, во Ла Рошел
Знаме на Приморска Шаранта Charente-MaritimeГрб на Приморска Шаранта Charente-Maritime
Местоположба на Приморска Шаранта во Франција
Местоположба на Приморска Шаранта во Франција
државаФранција
РегионНова Аквитанија
префектураЛа Рошел
потпрефектуриЖонсак
Рошфор
Сент
Сен Жан д’Анжели
Управа
 • Претседател на советот на департманотДоминик Бисеро (Републиканци)
Површина1
 • Вкупна6.864 км2 (2,650 ми2)
Население (2013)
 • Вкупно633.417
 • Ранг39-ти
 • Густина92/км2 (240/ми2)
Час. појасЦЕВ (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)ЦЕЛВ (UTC+2)
Број на департманот17
Арондисмани5
Кантони27
Општини465
^1 Француски катастар на земјиште кој не ги вклучува естуарите, езерата, вештачките езера и ледниците поголеми од 1 км2.

Историја

уреди

Претходно дел од Сентонж и Они, Долна Шаранта била еден од 83 првични департмани формирани за време на Француската револуција на 4 март 1790 година. На 4 септември 1941 година, департманот бил преименуван во Приморска Шаранта.

При формирањето, општината Сент била назначена за префектура на департманот (Сент претходно бил главен град на Сентонж). Ова било променето во 1810 година кога Наполеон издал императорски декрет со кој префектурата била пренесена во Ла Рошел.

За време на Втората светска војна, департманот бил заземен од германската армија и станал дел од окупирана Франција. За да обезбеди одбрана од можен настап на плажите, организацијата Тот изградила бројни средства за одбрана во областа. Одбранбени средства како кутии за пилули се особено видливи на плажите на полуостровот Прескил д’Арвер и островот Ил д‘Олерон.

На крајот на војната имало само две упоришта на германскиот отпор: Ла Рошел на север, и Ројан на југ. И покрај тоа што бил скоро целосно уништен од бомбардирањето на британската авијација на 5 јануари 1945 година, градот Ројан бил ослободен од Француското движење на отпорот дури во април истата година. Ла Рошел конечно бил заземен на 9 мај 1945 година.

Географија

уреди

Приморска Шаранта е дел од административниот регион Нова Аквитанија. Департманот има површина од 6.864 км2 и според податоците од 2012 година имал 628.733 жители.

Важни реки во департманот се Шаранта и нејзините притоки, Бутон и Сењ, како и Севр Ниортез, Седр и Гарона во долниот тек кој е естуар на Жиронда.

Департманот ги опфаќа островите Ил де Ре, Ил д’Екс, Ил д’Олерон, и Ил Мадам.

Приморска Шаранта е опкружена со департманите Жиронда, Шаранта, Де Севр, Дордоња и Вандеја.

Клима

уреди

Климата е блага и сончева, со помалку од 900 мм врнежи годишно, а со неверојатно висока инсолација, всушност, највисока во западна Франција, вклучувајќи ги и најјужните приморски одморалишта, како Бијариц. Просечните екстремни температури варираат од 38 °C во лето до -5 °C во зима.

Економија

уреди

Економијата на Приморска Шаранта се заснова на три главни сектори: туризмот, поморската индустрија и производството. Коњакот и шарантското пино се два од главните земјоделски производи. Освен нив се произведува пченка и сончоглед.

Во текот на летните месеци, семејства од цела Европа доаѓаат за да уживаат во сонцето и во локалната морска храна. Ројан, популарен по своите плажи и атракции, е еден од најпознатите приморски центри на атлантскиот брег.

Приморска Шаранта е седиште на главниот производител на остриги Марен-Олерон. Остригите одгледувани тука се испраќаат низ цела Европа.

Рошфор е бродоградилиште и е голема француска поморска база од 1665 година.

Ла Рошел е седиште на главната француска индустрија. Во близина на градот е фабрика на францускиот инженерски гигант Алстом, каде што се произведуваат возовите за големи брзини (TGV, Train a Grande Vitesse). Градот е популарно туристичко место, со живописно средновековно пристаниште и градски ѕидини.

Туризам

уреди

Популарни одредишта се Ла Рошел, Ројан, Сент, Сен Жан д’Анжели, Рошфор, Ил д'Екс, Ил де Ре и Ил д'Олерон.