Шарантско пино
Шарантско пино (француски: Pineau des Charentes) – регионален француски аперитив кој се произведува во департманите Шаранта, Приморска Шаранта и во многу помала мера во Дордоња во западна Франција. Многу е популарен во областа каде се произведува, помалку познат во другите покраини во Франција, а скоро непознат во странство.
Тоа е збогатено вино, направено од свеж, неферментиран сок од грозје или мешавина на лесно ферментирана шира од грозје, на што се додава коњак, а потоа се зрее.