Дордоња (департман)

Дордоња (француски: Dordogne, окситански: Dordonha) – департман во регионот Нова Аквитанија кој името го добил според истоимената река која поминува низ него. Седиште на префектурата е во Периге.

Дордоња
Dordogne
департман
Одозгора надолу, одлево надесно: зградата на префектурата во Периге, Замокот Кастелно-ла-Шапел, реката Лурд и Ла Рок-Гажак
Знаме на ДордоњаГрб на Дордоња
Местоположба на Дордоња во Франција
Местоположба на Дордоња во Франција
државаФранција
РегионНова Аквитанија
префектураПериге
потпрефектуриБержерак
Нонтрон
Сарла-ла-Канеда
Управа
 • Претседател на советот на департманотЖерминал Пеиро (Социјалистичка партија)
Површина1
 • Вкупна9.060 км2 (3,500 ми2)
Население (2013)
 • Вкупно416.909
 • Ранг58-ми
 • Густина46/км2 (120/ми2)
Час. појасЦЕВ (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)ЦЕЛВ (UTC+2)
Број на департманот24
арондисмани4
кантони25
општини520
^1 Француски катастар на земјиште кој не ги вклучува естуарите, езерата, вештачките езера и ледниците поголеми од 1 км2.

Историја

уреди
 
Префектурата на Дордоња во Периге.

Департманот Дордоња е еден од првичните 83 департмани создадени за време на Француската револуција на 4 март 1790 година. Бил создаден од делови од поранешните провинции, главно од Перигор, но и од Ажене, Ангумоа и Лимузен.[1].

Во 1793 година, општините Боасеј, Кубжур, Женис, Пеизак, Сен-сир-ле-Шампањ, Сен Месмен, Салањак, Савињак-Ледрие, Сен Трие и Тејо биле извадени од департманот Корез и припоени на Дордоња.

Во 1793 или 1794 година, Дордоња му го препуштила Каварк на Лот и Гарона[2].

На 6 нивоз III година (26 декември 1794), општината Паркул била извадена од Долна Шаранта и припоена на Дордоња [3].

Во 1819 година, општина Борепо е извадена од департманот и споена со Сујак во департманот Лот [4].

Во септември 1939 година, 80.000 Алзашани од Долна Рајна, од кои 60.000 стразбуржани и жители на деветнаесет села од Гран Рие, јужно од Стразбур, биле евакуирани кон Дордоња [5] ·[6]. Во август 1940 година, кога Алзас бил анектиран кон Германија, било организирано нивно враќање, но 15.000 од нив претпочитале да останат во Дордоња [5].

За време на примирјето од 22 јуни 1940 година, департманот бил поделен на два дела: окупирана зона на запад и слободна зона на исток.[7] ·[8]. По англоамериканското истоварање во Алжир и Мароко на 8 ноември 1942 година, Германците ја зазеле слободната зона на 11 ноември и се сместиле во Периге и Сент Астје[8].

До 1 јануари 2016 година Дордоња била дел од старата покраина Аквитанија.

Географија

уреди

Департманот е дел од регионот Нова Аквитанија и е опкружен со следните департмани: Горна Вјена, Корез, Лот, Лот и Гарона, Жиронда и Шаранта. Дордоња е третиот по големина департман во метрополитенска Франција.

Демографија

уреди

Најбројно население од 505.789 жители, департманот имал во 1851 година според пописот од таа година. По 150 години постојано намалување, бројот на жители паднал на 400.000 во 2000 година. Сепак, во првата декада од 21 век, има тренд на зголемување на населението.

Во Дордоња живеат голем број Британци, меѓу 5.000 и 10.000, привлечени од лежерниот начин на живот, топлата клима и пониските трошоци за живот. Заради ова департманот го добил прекарот Дордоњшир[9]

Стопанство

уреди

Со шумска површина од 4080 км2, распарчена на 90.000 сопственици, шумата зафаќа 44% од површината на департманот [10]. Шумскиот сектор, со бројни пилани и преработувачи, е вториот индустриски работодавач во Дордоња [11].

Лозарството со винови насади од сортите бержерак, монбазијка и пешарман е исто така голем работодавач и создавач на богатсва, како и вистинска туристичка атракција.

Сместени главно на југоисток на департманот, 200 производители на тутун обезбедуваат 15% од националното производство[12].

Во 2012 година, туризмот претставувал 21% од БДП на департманот и сè уште има потенцијал за понатамошен развој, особено кон англосаксонските посетители, љубители на француската гастрономија [13].

Во индустрискиот дел, 3271 претпријатија распределени низ целиот департман вработуваат околу 23.800 лица [14].

Туризам

уреди

Во Дордоња има преку 1.500 замоци[15] како:

Прочуените пештери Ласко се затворени за посетители, но копија на Ласко е отворена за посетителите и е голема туристичка атракција. Периге има важни римски руини, вклучително и арена која е сè уште видлива во паркот во близина на центарот на градот.

Наводи

уреди
  1. Adolphe Joanne, Géographie du département de la Dordogne, [[Hachette Livre|Librairie Hachette et Предлошка:Cie]], Paris, 1877,  .
  2. Voir la page de discussion de Cavarc.
  3. Notice communale de Parcoul sur le site Ldh/EHESS/Cassini, consulté le 21 mars 2012.
  4. Notice communale de Beaurepos sur le site Ldh/EHESS/Cassini, consulté le 21 mars 2012.
  5. 5,0 5,1 Ludivine Loncle, « Et le Périgord devint alsacien », Le Mag Предлошка:N°, supplément à Sud Ouest du 7 mars 2015,  .
  6. Jessica Guglielmi, « Retour sur l'évacuation de l'Alsace en Périgord », Sud Ouest édition Dordogne, 8 avril 2015,  .
  7. Hervé Chassain, « Les enfants de la ligne », Sud Ouest édition Périgueux, 8 mai 2015,  .
  8. 8,0 8,1 Guy Penaud, préface de Roger Ranoux, Les crimes de la Division « Brehmer », éditions la Lauze, mars 2004, ISBN 2-912032-65-2,  .
  9. „Dordogne-shire: How British expats could be destroying an idyllic French paradise“. Mail Online. Посетено на 2018-01-18.
  10. Benoît Martin, « Forêt : rester divisés, c'est moins bien régner », Sud Ouest édition Dordogne, 9 mai 2018,  .
  11. Hervé Chassain, « La forêt patchwork », Sud Ouest édition Périgueux, 24 octobre 2008.
  12. Sud Ouest édition Dordogne du 10 décembre 2011.
  13. Le Périgord veut attirer toujours plus de touristes, Sud Ouest édition Dordogne du 13 mars 2012.
  14. Virginie Desmet, Le Périgord industriel, Sud Ouest édition Dordogne du 21 mars 2012.
  15. Woods, Katherine (1931). The Other Chateau Country; the Feudal Land of the Dordogne. John Lane The Bodley Head.

Надворешни врски

уреди