Претседателски избори во САД (1792)
Претседателски избори во САД, 1792 — втори претседателски избори во САД. Траеле од 2 ноември до 5 декември 1792. Дотогашниот претседател на САД Џорџ Вашингтон бил по вторпат бил едногласно избран од страна на избирачкиот колегиум. Исто како и на претходните први избори, Вашингтон немал конкуренција. Правилата на избирачкиот колегиум во тоа време го овластувале секој избирач да даде по два гласа без да има разлика дали гласот е даден за кандидат за претседател или потпретседател. Оној кој добил најголем број на избирачки гласови станал претседател, а оној кој втор по ред освоил најмногу гласови - потпретседател. Дотогашниот потпретседател Џон Адамс добил 77 гласови и исто така бил реизбран (Вашингтон добил 132 избирачки гласови, или по еден од секој избирач).
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мапа на резултатите од изборите. Бројките го означуваат бројот на избирачки гласови распределени по сојузна држава. | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Овие избори биле првите во која секоја од 13 сојузни држави имала избирачи (плус Кентаки и Вермонт). Исто така овие се единствените американски претседателски избори кои не се одржале точно четири години по претходните избори, иако сепак дел од претходните одржани избори бил одржан точно четири години претходно. Инаугурацијата се случила на 4 март 1793 во канцеларијата на Сенатот при Конгресната сала во Филаделфија.
Кандидати
уредиВо 1792 година претседателските избори сè уште биле спроведувани според првичмиот метод воспоставен во американскиот устав. Според овој метод, секој избирач имал право на два гласа, кандидатот кој освојува најголем број на гласови (при мнозинска победа) станува претседател, додека вториот по ред кандидат според избирачки гласови станал потпретседател. XII амандман на САД го заменил овој систем, обврзувајќи ги избирачите да дадат по еден глас за кандидатот за претседател и уште еден за кандидатот за потпретседател, но овој амандман не стапил на сила сè до 1804. Поради ова, потешко е да се опише врската помеѓу кандидатите во овие избори со современа терминологија.
Вашингтон според историчарите се кандидирал без конкуренција. Тој уживал поддршка од двете спротивставени политички групи и добил по еден глас од секој избирач. Изборот за потпретседател бил многу поделен. Новата Федералистичка партија застанала зад дотогашниот потпретседател Џон Адамс, додека пак Демократско-републиканската партија ја поддржала кандидатурата на гувернерот на Њујорк, Џорџ Клинтон. Поради тоа што малкумина сметале дека Вашингтон нема да го добие најголемиот број на гласови, Адамс и Клинтон активно се натпреварувале за функцијата потпретедател иако според тогашниот закон тие всушност се кандидирале за претседател исто како и Вашингтон.
Федералистичка партија
уреди- Џорџ Вашингтон, претседател на САД
- Џон Адамс, потпретседател на САД
Демократско-републиканска партија
уреди- Џорџ Вашингтон, претседател на САД
- Џорџ Клинтон, гувернер на Њујорк
Резултати
уредиНародно гласање
уредиСојузна држава | Народно гласање(a), (b), (c) | |
---|---|---|
Бр. на гласови | Процент | |
Федералистички избирачи | 26,088 | 91.28% |
Демократско-републикански избирачи | 2,491 | 8.72% |
Вкупно | 28,579 | 100.0% |
Извор: U.S. President National Vote. Our Campaigns. (February 11, 2006). Извор (за народно гласање): A New Nation Votes: American Election Returns 1787-1825[1]
(a) Само 6 од 15 сојузни држави избрале избирачи според каква било форма на народно гласање.
(c) Оние сојузни држави кои не избрале избирачи на народното гласање имале разни ограничувања на правото на глас поради имотната состојба.
Избирачки гласови
уредиСојузна Држава | Џорџ Вашингтон | Џон Адамс | Џорџ Клинтон | Томас Џеферсон | Арон Бјур | Број на избирачи |
---|---|---|---|---|---|---|
Конектикат | 9 | 9 | - | - | - | 9 |
Делавер | 3 | 3 | - | - | - | 3 |
Џорџија | 4 | - | 4 | - | - | 4 |
Јужна Каролина | 8 | 7 | - | - | 1 | 8 |
Северна Каролина | 12 | - | 12 | - | - | 12 |
Кентаки | 4 | - | - | 4 | - | 4 |
Мериленд | 8 | 8 | - | - | - | 8 |
Масачусетс | 16 | 16 | - | - | - | 16 |
Њу Хемпшир | 6 | 6 | - | - | - | 6 |
Њу Џерси | 7 | 7 | - | - | - | 7 |
Њујорк | 12 | - | 12 | - | - | 12 |
Пенсилванија | 15 | 14 | 1 | - | - | 15 |
Род Ајленд | 4 | 4 | - | - | - | 4 |
Вермонт | 3 | 3 | - | - | - | 3 |
Вирџинија | 21 | - | 21 | - | - | 21 |
Вкупно | 132 | 77 | 50 | 4 | 1 | 132 |
Наводи
уреди- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2018-05-13. Посетено на 2016-12-27.
Надворешни врски
уреди- Информации за претседателските избори во САД во 1792 година од библиотеката на Конгресот
- Информации околу броењето на гласовите на претседателските избори во САД во 1792 година Архивирано на 26 септември 2019 г.