Претседателски избори во САД (1804)
Претседателски избори во САД, 1804 — петти претседателски избори во САД. Започнале на петок, 2 ноември и траеле до среда, 5 декември 1804. На овие избори се кандидирал тогашниот демократско-републикански претседател Томас Џеферсон против кандидатот од редовите на федералистичката партија Томас Котсворт Пинкни од Јужна Каролина, херој во Американската војна за независност и поранешен амбасадор во Франција. Џеферсон издвоил голема победа над Пинкни, а Џорџ Клинтон бил избран за потпретседател. Клинтон бил на функцијата потпретседател за време на мандатот на Џеферсон како и за време на мандатот на неговиот наследник, Џејмс Медисон.
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мапа на изборните резултати. Зелената боја ги означува сојузните држави во кои победил Џеферсон, а портокаловата ги означува сојузните држави во кои победил Пинкни. Бројките го означуваат бројот на изборни гласови распределени по сојузна држава. | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Ова биле првите избори коишто се организирале по ратификацијата на XII амандман од уставот на САД кој направил реформи во процедурата за избирање на претседател и потпретседател. Според новите закони од XII амандман, избирачите биле обврзани да го прецизираат нивниот избор за претседател и потпретседател на нивните гласачки ливчиња. Претходно избирачите гласале само за претседател, а кандидатот кој освоил втор најголем број на гласови бил избран за потпретседател.
Победата со разлика од 45,6% на Џеферсон е најголемата постигната разлика во американските претседателски избори во кои имало кандидати на повеќе големи партии. На овие избори Џеферсон станал прв поранешен потпретседател во американската историја што бил избран, а потоа и реизбран претседател, подвиг кој од тогаш се повторил само еднаш од страна на Ричард Никсон во 1968 и 1972 година.
Заднина
уредиИако претседателските избори во 1800 биле тесни, Џеферсон со текот на времето се здобил со популарност за време на неговиот мандат. Американската трговија пораснала поради привремениот прекин на борбите за време на француските револуционерни војни во Европа и купувањето на Луизијана биле сметани за големи достигнувања.
Номинации
уредиНоминации на Демократко-републиканската партија
уредиНа јавното внатрепартиско гласање на членовите на Демократско-републиканската партија се избрале кандидатите за претседател и потпретседател. За поврорната номинација на Џеферсон немало воопшто никаква дискусија, со тоа ставајќи го акцентот на избирање на кандидатот за потпретседател кој би го заменил Арон Бјур поради неговите скандали. Поради влошувањето на односите помеѓу Бјур и Џеферсон, Бјур најверојатно би бил отстранет од кандидатската листа, но по неговиот двобој со Хамилтон дефинитивно исчезнала секоја надеж за негова повторна номинација. Наместо Бјур, кандидат за потпретседател бил избран Џорџ Клинтон.
Кандидати за претседател
уреди- Томас Џеферсон (Вирџинија), претседател на САД
-
Претседател
Томас Џеферсон
Кандидати за потпретседател
уреди- Џон Брекинриџ (Кентаки), сенатор
- Џорџ Клинтон (Њујорк), гувернер
- Гидеон Грејнџер (Конектикат), министер за пошта
- Џон Ленгдон (Њу Хемпшир), поранешен сенатор
- Леви Линколн (Масачусетс), јавен обвинител на САД
- Вилијам Меклеј (Пенсилванија), поранешен сенатор
-
Министер за пошта
Гидеон Грејнџер -
Јавен обвинител на САД
Леви Линколн
Гласање
уредиКандидат за претседател | Вкупно | Кандидат за потпретседател | Вкупно |
---|---|---|---|
Томас Џеферсон | 108 | Џорџ Клинтон | 67 |
Џон Брекинриџ | 20 | ||
Леви Линколн | 9 | ||
Џон Ленгдон | 7 | ||
Гидеон Грејнџер | 4 | ||
Вилијам Меклеј | 1 |
Номинација на федералистичката партија
уредиФедералистите го одбрале Пинкни и поранешниот сенатор Руфус Кинг од Њујорк како противници на Џеферсон и Клинтон.
Кандидат за претседател
уреди- Чарлс К. Пинкни (Јужна Каролина), поранешен амбасадор во Франција
Кандидат за потпретседател
уреди- Руфус Кинг (Њујорк), поранешен сенатор
Резултати
уредиКандидат | Партија | Гласови | Изборни гласови | |
---|---|---|---|---|
Бр. на гласови | Процент | |||
Томас Џеферсон | Демократско-републиканска партија | 104.110 | 72,8 % | 162 |
Чарлс К. Пинкни | Федералистичка партија | 38.919 | 27,2 % | 14 |
Gesamt | 143.029 | 100 % | 176 |
Извори (народно гласање):
U.S. President National Vote. Our Campaigns. (February 10, 2006).
A New Nation Votes: American Election Returns 1787-1825[1]
Извор (изборни гласови): "Electoral College Box Scores 1789–1996"
Наводи
уреди- ↑ „A New Nation Votes“. Архивирано од изворникот на 2018-05-13. Посетено на 2017-01-01.