Претседателски избори во САД (1788-89)
Претседателски избори во САД, 1788-89 — први претседателски избори во САД. Траеле од нивното започнување на 15 декември 1788 до сабота, 10 јануари 1789. Се одржале според нормите во новиот американски устав кој бил ратификуван во почетокот на 1788 година. Џорџ Вашингтон бил едногласно избран за претседател, а Џон Адамс станал првиот потпретседател на САД.
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мапа на резултатите. Бројките го означуваат бројот на изборни гласови распределени по сојузна држава. (Забелешка: Северна Каролина и Род Ајленд сè уште не го ратификувале уставот, законодавството во Њујорк било во „ќор-сокак“, а Вермонт била de facto непризната држава.) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Пред одржувањето на овие избори, во САД не постоела функцијата шеф на држава.[1] Според Членовите за конфедерацијата усвоени во 1781, националната влада била раководена од Конгресот на конфедерацијата, која што имала церемонијален претседавач и неколку други извршни тела, но немала независна извршна власт.[2]
На големо популарниот Вашингтон бил избран без никаква конкуренција. Единственото прашање било кој ќе биде изборот за потпретседател. Според Членот 2 од уставот на САД, секоја држава требала да избере број на избирачи еднаков на оној со претставници во Конгресот. Секој избирач имал два гласа. Кандидатот кој добил мнозинство од гласовите станува претседател исто како и потпретседателот. Сите 69 избирачи гласале еднаш за Вашингтон. Нивниот втор глас бил поделен помеѓу единаесет други кандидати од кои Џон Адамс добил најмногу со тоа станувајќи потпретседател. XII амандман на САД кој бил ратификуван во 1804 година, ја сменил оваа процедура, обврзувајќи ги избирачите посебно да ги даваат своите гласови за претседател и потпретседател.
Кандидати
уредиЗа време на одржувањето на овие избори не постоеле политички партии. Кандидатите или биле федералисти - поддржувачи на ратификацијата на Уставот или анти-федералисти, односно противници на ратификацијата. Овие групи не воспоставиле политички партии, но сепак, се соединиле во поддршката за Вашингтон.
Големата популарност на Вашингтон ја направила дилемата околу тоа кој ќе биде следниот претседател обична формалност. Вистинската трка се водела околу функцијата потпретседател, каде што имало девет кандидати од различни сфери од животот во САД. Сепак, поради гласачките процедури во тоа време не ги разликувале гласовите за претседател и потпретседател, технички сите биле кандидати за претседател заедно со Џорџ Вашингтон.
Федералисти
уреди- Џон Адамс, поранешен амбасадор во Велика Британија од Масачусетс
- Џон Џеј, секретар за надоврешни работи на САД од Њујорк
- Џон Рутлиџ, поранешен гувернер на Јужна Каролина
- Џон Хенкок, гувернер на Масачусетс
- Самуел Хантингтон, гувернер на Конектикат
- Бенџамин Линколн, поранешен секретар за војна на САД од Масачусетс
- Џорџ Вашингтон, поранешен шеф на вооружените сили на континенталната армија од Вирџинија
-
Гувернер
Џон Хенкок
од Масачусетс -
Гувернер
Самуел Хантингтон
од Конектикат -
Мајор-генерал
Бенџамин Линколн
од Масачусетс
Анти-федералисти
уреди- Џорџ Клинтон, гувернер на Њујорк
-
Гувернер
Џорџ Клинтон
од Њујорк
Резултати
уредиКандидат | Група | Сојузна држава | Народно гласање | Процент | |
---|---|---|---|---|---|
Изборни гласови | |||||
Џорџ Вашингтон | независен | Вирџинија | 38.818 | 100,0 % | 69 |
Џон Адамс | Федералист | Масачусетс | – | – | 34 |
Џон Џеј | Федералист | Њујорк | – | – | 9 |
Роберт Хансон Харисон | Федералист | Мериленд | – | – | 6 |
Џон Рутлиџ | Федералист | Јужна Каролина | – | – | 6 |
Џон Хенкок | Федералист | Масачусетс | – | – | 4 |
Џорџ Клинтон | Анти-федералист | Њујорк | – | – | 3 |
Самуел Хантингтон | Федералист | Конектикат | – | – | 2 |
Џон Милтон | Федералист | Џорџија | – | – | 2 |
Џејмс Армстронг | Федералист | Џорџија | – | – | 1 |
Бенџамин Линколн | Федералист | Масачусетс | – | – | 1 |
Едвард Телфер | Анти-федералист | Џорџија | – | – | 1 |
- Извори:
- U.S. President National Vote. Our Campaigns. (11 февруари 2006).
- "Electoral College Box Scores 1789–1996".
- A New Nation Votes: American Election Returns 1787-1825[3]
Наводи
уреди- ↑ Ellis 1999, стр. 1.
- ↑ Ellis 1999, стр. 2.
- ↑ „A Nation Votes“. Архивирано од изворникот на 2018-05-13. Посетено на 2016-12-28.