Демократско-републиканска партија
Демократско-републиканска партија — поранешна американска политичка партија формирана од страна на Томас Џеферсон и Џејмс Медисон во периодот помеѓу 1791 и 1793 со цел да се спротивстават на централистичките политики на Федералистичката партија предводена од Александар Хамилтон, кој бил секретар за финансии и архитект на администрацијата на Џорџ Вашингтон.[2] Од Демократско-републиканската произлегле неколку претседатели како и власт во Конгресот и повеќето сојузни држави во периодот од 1801 до 1825 за време на таканаречениот „систем на прва партија“. Започнала со дејствување во 1791 како фракција во Конгресот која вклучувала повеќе политичари кои се спротивставувале на новиот устав. Се нарекувале себеси републиканци поради нивната идеологија, односно републиканството. Тие немале доверба кон федералистичкиот пристап кон него. Партијата се поделила во 1824 на џексоновото движење (од кое подоцна произлегла Демократската партија во 1830-те) и на краткотрајната Национална републиканска партија (подоцна наследена од Виговската партија).
Водачи | Томас Џеферсон, Џејмс Медисон, Џејмс Монро, Ендру Чексон |
---|---|
Основана | 1799 |
Распуштена | 1828 |
Претходник | Анти-администрациска партија |
Насленик | Демократска партија (Џексонијанци) Национална републиканска партија (Анти-Џексонијанци) |
Идеологија | Џеферсонизам Американски републиканство Аграризам Независно министерство за финансии Децентрализација[1] |
Полит. положба | Левица |
Бои | црвена, бела и сина |
Политика на САД Политички партии Избори |
Поимот „Демократско-републиканска“ се користи особено од страна на модерните политиколози со цел да се опиште првата „Републиканска партија“ (спротивно од модерната републиканска партија формирана во 1854 година). Исто така позната била и како „Џеферсонски републиканци“. Историчарите вообичаено го користат името „Републиканска партија“
„Анти-администрациската“ фракција одржала таен состанок во главниот град (Филаделфија) со цел да се спротивстави на финансиските планови на Хамилтон. Џеферсон не ги признавал плановите тврдејќи дека тие водат кон монархија и се субверзивни кон републиканството. На Џеферсон му била потребна партија на национално ниво со цел да ги предизвика федералистите на чело со Хамилтон кои имале поддршка во поголемите градови. Надворешната политика била причината за најголемите спротивставувања од страна на републиканците во 1794 и 1795 година, особено кога се склучил договорот на Џеј со Велика Британија, која тогаш била во војна со Франција. Републиканците ја сметале Франција за подемократска по револуцијата, додека Британија ја сметале за омразената монархија. Партијата ги сметала многуте од мерките на Хамилтон како неуставни, особено националната банка.
Партијата имала најголема поддршка во јужниот дел на САД, а најмала на северниот дел. Се залагала за права за сојузните држави кои биле наведени во „Принципите од 1798“ и артикулирани во резолуциите на Кентаки и Вирџинија на кои би им било овозможено на сојузните држави да поништуваат државен односно федерален закон.[3] Партијата исто така се залагала за правата на јоманските фармери. Републиканците биле длабоко посветени на принципите на републиканството, за кој тие забележувале дека бил загрозен со монархистичките тенденции на хамилтоновите федералисти. Партијата стапила на власт во 1801 со новоизбраниот претседател Џеферсон на изборите во 1800.
Партијата ги избирала своите кандидати за претседател на јавно гласање помеѓу членовите на Конгресот. Тука биле вклучени Томас Џеферсон (номиниран во 1796, избран во 1800-01, 1804), Џејмс Медисон (1808 и 1812). По 1824 системот на јавно гласање повеќе не се употребувал. По 1800, партијата доминирала во Конгресот како и повеќе гувернерски места во сојузните држави надвор од Нова Англија. Во 1824, партијата била поделена на четири различни фракции и недостасувала врска која би ги обединила по распадот на системот на прва партија. Појавувањето на системот на втора партија во 1830-те ги обединила поранешните фракции. Една од тие фракции предводена од Ендру Џексон и Мартин ван Бјурен се претворила во новата Демократска партија во 1828, додека фракцијата од партијата предводена од Џон Квинси Адамс и Хенри Клеј ја формирала Националната републиканска партија во 1828, која што подоцна прераснала во Виговската партија.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Anti-Federalist vs. Federalist“. Diffen.
- ↑ „Democratic-Republican Party“. The Gilder Lehrman Institute of American History. Посетено на December 7, 2014.
- ↑ Susan Dunn (2004). Jefferson's Second Revolution: The Election of 1800 and the Triumph of Republicanism. Houghton Mifflin Harcourt. стр. 279. ISBN 0618131647.
- ↑ Paul Kleppner, et. al. The Evolution of American Electoral Systems (1981), ch 3