Предраг Русевски

македонски тенисер

Предраг Русевски (роден на 3 август 1983) — македонски тенисер, кој настапува во поединечна конкуренција, како и во двојки, заедно со Лазар Магдинчев, а исто така, тој е дел од Дејвис куп репрезентацијата на Македонија. Русевски игра со десна рака, а најголеми успеси имал на терените со земјена подлога.

Животопис

уреди

Русевски е оженет со Анита, вработена како хорист во Македонската опера, со која претходно поминал 4,5 години во љубовна врска. Во јануари 2017 година, по поминати 4,5 години во брак, тие го добиле синот Мартин.[1]

Тениска кариера

уреди

Кариерата на Русевски тргнала по нагорна линија во 2007 година, кога годината ја започнал на 556. место на АТП-листата, со освоени 43 бодови; веќе во јуни успеал да биде рангиран под 300. место; а годината ја завршил на 250. место, со освоени 161 бод.

Русевски настапувал на повеќе челинџ и фјучерс-турнири, а во јули 2007 година настапил на својот прв АТП турнир, во Умаг, Хрватска, каде бил елиминиран во првото коло од Виктор Троицки. Негов најдобар пласман на АТП-листата е 242. место, остварен во февруари 2008 година.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. А.Г., „Мартин е нашата радост“, Вест, година XVII, 6,7 и 8 јануари 2017, стр. 43.