Правен факултет „Јустинијан I“ - Скопје

(Пренасочено од Правен факултет (УКИМ))
Оваа страница се однесува на Правниот факултет во Скопје - Јустинијан I. За други значења видете Јустинијан.

Правниот факултет Јустинијан Iфакултет за правни науки при Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје. Основан е најпрво како отсек на Правно-економскиот факултет, со Уредба на Владата на НР Македонија од 3 ноември 1951,[1] a од 1 јули 1956 работи како прва самостојна високообразовна институција од областа на правните науки. Ден на Правниот факултет во Скопје е 10 декември, меѓународен ден на правата на човекот. Од 1975 година е сместен во една од зградите/крило на универзитетскиот комплекс, изграден во бруталистички стил, по земјотресот, во центарот на Скопје.

Правниот факултет Јустинијан I

Дејноста, во почетокот, поради скромните можности, исклучиво насочена кон образовање студенти за правни студии, следејќи го слухот за потребите на општеството, се прошири до степен кога правниот факултет има организирано четиригодишни правни студии, политички студии и студии по новинарство; постдипломски студии, докторски студии, научноистражувачка дејност, апликативна дејност, библиотека, компјутерски центар и слични; долгогодишна меѓународна соработка, признат наставно-научен кадар. Сето ова го чини Правниот факултет значајна институција во Република Македонија, позната и во меѓународни рамки, со компатибилни студии со другите земји и респектабилни резултати од досегашната работа. Развојот, условен пред сè од материјалните можности и општествено-економските промени, бил проследен со повеќе реформи, промени пред сè во наставниообразовниот процес (наставните планови и наставните програми) режимот на студирањето, организационата поставеност и иновирањето на процесот на работењето и слично.

Наставно-образовен процес

уреди

На Правниот факултет континуирано се присутни настојувањата за подготвување квалитетни високостручни кадри кои со своето знаење успешно ќе се вклучат во сите сфери на општественото живеење. Затоа се и честите промени во наставните планови и програми, осовременувањето на наставно-научните содржини. Првиот наставен план датира од есента 1951 година. Следните наставни планови биле донесени во 1962, 1967, 1978,1988 година. Како резултат на промените во општествено економскиот и политичкиот систем, како и донесувањето на новиот Устав на Република Македонија во 1993 година се донесени три наставни планови: наставен план за правни студии, наставен план за политички студии (за прв пат организирани во Република Македонија) и наставен план за студии по новинарство (иновиран врз основа на наставните планови на интердисциплинарните студии по новинарство, организирани најпрво меѓу Правниот, Филозофскиот, Филолошкиот и Економскиот факултет, во периодот 1977-1987 година). Значи, се организираат три видови самостојни студии за формирање три профила: дипломиран правник, дипломиран политиколог и дипломиран новинар. Изведувањето на наставата се одвива низ теоретски предавања, семинари, вежби, применети програми, консултации и други облици, при што на вториве облици им се дава рамноправен третман со теоретската настава.

Постдипломски студии - докторанти

уреди

Правниот факултет беше меѓу првите факулети што организираа настава на постдипломски студии. Треба да се забележи дека главно се организирале во областа на граѓанското право, казненото право, меѓународното право, статусното право, во областа на правно-политичките науки. Притоа, некои од курсовите со своите наставни содржини ја одбележувале, односно задоволувале потребата за специјализирани кадри од потесни подрачја. Со завршувањето на постдипломските студии кандидатите се стекнуваат со академското звање магистер по правни или политички науки. Со вакво звање се стекнале вкупно 162 кандидати.

Научноистражувачка дејност

уреди

Прифаќајќи го мислењето дека научноистражувачката дејност треба да биде основа за создавање и на наставнообразовната функција Правниот факултет врши усилби за нејзино развивање што за жал најмногу се сведува на лично учество на наставничкиот кадар, a се помалку во крупни научноистражувачки проекти во рамките на факултетот. Ова е особено одлика на последните години, особено поради ограниченото финансирање на оваа дејност. Но, затоа, факултетот покажа обемна издавачка продукција на научни и стручни трудови во Годишникот на Правниот факултет, како и во повеќето зборници кои произлегоа од повеќегодишниот макропроект насловен "Конституирањето на Република Македонија како модерна и самостојна правна држава". Од овој проект произлегоа зборниците: Државната регулација и дерегулација на стопанството на Р Македонија, Правната држава и организираниот криминал, Слободите и правата на човекот и граѓанинот во Република Македонија, Правната држава и изборите, Независното судство и правната држава. Овие зборници се дел во придонесот, на теоретски план, во изградувањето на Република Македонија како модерна правна држава.

Организациона поставеност

уреди

Заради поуспешно извршување на својата дејност факултетот е организиран во следните работни единици:

  • Институт за политички и правно-политички науки
  • Институт за кривични науки
  • Институт за имотно право
  • Институт за правни и економски науки
  • Институт за меѓународно право и меѓународни односи
  • Самостојна катедра за правно-историски науки
  • Центар за научноистражувачка работа и апликативна дејност
  • Секретаријат и библиотека

Професори кои предавале на факултетот

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди