Иво Пухан (роден на 28 март 1916 година во Пакрац - починал во 1999 година во Скопје) — македонски универзитетски професор и правник.[1]

Иво Пухан
Роден 28 март 1916
Пакрац, Кралство Хрватска и Славонија, Австроунгарија
Починал 1999(1999-00-00) (возр. 82–83)
Скопје, Македонија
Народност Хрват
Занимање правник
професор

Животопис

уреди

Основно училиште завршил во родното место, а гимназија во Загреб. Дипломирал на Правниот факултет во Белград (1946). По дипломирањето бил избран за асистент по предметот римско право на Правниот факултет во Белград (1947), каде што и докторирал на тема „Историјата на стариот римски нексум“ (1952). На Правно-економскиот факултет во Скопје бил избран за доцент (1952), а потоа за вонреден (1957) и за редовен професор (1962) по предметот римско право.

Бил партизан во шестата личка дивизија (1944) и учествувал во операциите на Сремскиот фронт, каде што бил ранет (1945). Бил југословенски делегат на Хашките конференции за меѓународното приватно право (1960, 1964, 1968 и 1972) и судија на Уставниот суд на СРМ (1963–1971). Двапати бил декан на Правниот факултет во Скопје (1957/58 и 1975–1977) и двапати проректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје (1956–1960). Објавил голем број трудови во земјата и во странство и го напишал првиот учебник по римско право на македонски јазик.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Пухан“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1237. Text "series " ignored (help)