Постојан комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина
Постојаниот комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина или ПКП (кин. 中国共产党中央政治局常务委员会; пинјин: Zhōngguó Gòngchǎndǎng Zhōngyāng Zhèngzhìjú Chángwù Wěiyuánhuì) е комитет што се состои од највисоките функционери на Комунистичката партија на Кина. Се состанува еднаш неделно и носи одлуки со консензус. Секој член е надлежен за поважна област како економијата, законодавството, корупцијата, внатрешната безбедност и пропагандата.[1] Согласно Уставот на КПК, Генералниот секретар на ЦК мора да членува во Постојаниот комитет.[2]
Постојан комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина 中国共产党中央政治局常务委员会 | |
---|---|
Водство | |
Статус | Највисок орган на Централниот комитет, Комунистичка партија на Кина |
Прворангиран член | |
повторно избрани членови | |
новоизбрани членови | |
Го избира | Централниот комитет |
Одговара на | Централниот комитет |
Места | 7 |
Народна Република Кина |
Оваа статија е дел од темата: |
|
Идеологија
Право
|
|
Денес овој комитет е де факто највисок и најмоќен управно-политички орган во Кина. Членовите се предмет на внимателно иследување од домашните медиуми и странските аналитичари. Улогата на комитетот низ историјата се менувала. На пример, за време на Културната револуција, комитетот немал власт и значење.
Историја
уредиВистинскиот степен на моќ на комитетот се менувал низ децениите. На почетокот на Културната револуција, власта вистински му припаѓала на Културнореволуциската група на Централниот комитет, која формално му била потчинета на Постојаниот комитет на Политбирото, но во суштина раководела со него. Со укинувањето на групата во 1969 г., членовите што покажувале најголема верност кон Мао Цетунг биле примени во Постојаниот комитет. Последните години од револуцијата се запаметени како период на големи внатрешни безредија, а по смртта на Мао во 1976 г., на функцијата останале само два члена — Хуа Гуофенг (претседател на партијата) и Је Џенјинг (потпреседател). Претходната година починале петмина, еден (Денг Сјаопинг) бил исфрлен, а двајца (припадници на т.н. Четиричлена банда) биле притворени и ставени под истрага.
Откако дошол на власт во 1978 г., Денг Сјаопинг си дал задача да ја зајакне власта на партијата. Во 1989 г. издал наредба војската да изврши интервенција во протестите на плоштадот „Тјенанмен“ против волјата на највеќето членови на Постојаниот комитет, што завршило со нивно исфрлање.
Услови за членство
уредиИзборот на членови во државниот врв почива повеќе на семејни врски и лојалноста кон одредени личности, отколку на способноста на политичарот.[1][3] Важна улога играат и староста и искуството.[4] Политичките погледи на оние што се стремат кон врвот рутински се прикриваат за да не дојде до судири.[1][3]
Тековни членови (по редослед)
уредиБр. | Слика | Информации | Партиски функции | Функции | |
---|---|---|---|---|---|
I [5] |
Име | Си Ѓинпинг | Генерален секретар на ЦК на КПК Претседател на Централниот воен комитет на КПК |
Претседател на НР Кина Претседател на Централниот воен комитет на НР Кина | |
Родно место | Сиченг, Пекинг | ||||
Пратеник од | Шангај | ||||
Членува од | 22 октомври 2007 | ||||
II [5] |
Име | Ли Кеќанг | Партиски секретар на Државниот совет на НР Кина | Премиер на Државниот совет на НР Кина | |
Родно место | Дингјуен, Анхуеј | ||||
Пратеник од | Шандунг | ||||
Членува од | 22 октомври 2007 | ||||
III [5] |
Име | Џанг Деѓанг | Партиски секретар на Постојаниот комитет на Националното народно собрание | Претседател на Постојаниот комитет на Националното народно собрание | |
Родно место | Тајан, Љаонинг | ||||
Пратеник од | Џеџанг | ||||
Членува од | 15 ноември 2012 | ||||
IV [5] |
Име | Ји Џенгшенг | Партиски секретар на Националниот комитет на Народното политичко советодавно собрание | Претседател на Националниот комитет на Народното политичко советодавно собрание на Кина | |
Родно место | Шаосјинг, Џеџанг | ||||
Пратеник од | Хубеј | ||||
Членува од | 15 ноември 2012 | ||||
V [5] |
Име | Лиу Јиншан | Прворангиран Секретар на Секретаријат на ЦК на КПК Претседател на централната предводна комисија за изградба на духовна цивилизација Претседател на Централното партиско училиште на КПК |
||
Родно место | Бајрак Десен Тумед, Внатрешна Монголија | ||||
Пратеник од | Внатрешна Монголија | ||||
Членува од | 15 ноември 2012 | ||||
VI [5] |
Име | Ванг Чишан | Секретар на Централната комисија за дисциплинска инспекција | ||
Родно место | Тјанџен, Шанси | ||||
Пратеник од | Пекинг | ||||
Членува од | 15 ноември 2012 | ||||
VII [5] |
Име | Џанг Гаоли | Заменик-партиски секретар на Државниот совет на НР Кина | Прв вицепремиер на Државнот совет на НР Кина | |
Родно место | Џинџанг, Фуџен | ||||
Пратеник од | Тјенѓин | ||||
Членува од | 15 ноември 2012 | ||||
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „China's Next Leaders: A Guide to What's at Stake“. China File. 13 ноември 2012. Архивирано од изворникот на 2013-02-10. Посетено на 18 ноември 2012.
- ↑ Глава III Централни организации на партијата — Член 22 (англиски)
- ↑ 3,0 3,1 Edward Wong (17 ноември 2012). „Family Ties and Hobnobbing Trump Merit at China Helm“. The New York Times. Посетено на 18 ноември 2012.
- ↑ Susan Shirk (15 ноември 2012). „Age of China's New Leaders May Have Been Key to Their Selection“. China File. Посетено на 18 ноември 2012.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 „Новите кормилари на Кина“. Xinhua. 15 ноември 2012. Посетено на 17 ноември 2012.