Секретаријатот на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (кин. 中国共产党中央委员会书记处; пинјин: Zhōngguó Gòngchǎndǎng Zhōngyāng Wěiyuánhuì Shūjìchù) е управниот орган на Комунистичката партија на Кина, напоредна на државното устројство на НР Кина.

Секретаријат на Комунистичката партија на Кина

中国共产党中央书记处
Coat of arms or logo
Водство
Статус
Извршен орган на КПК меѓу Политбирото, Комунистичка партија на Кина
Прворангиран
Други членови
Избран од
Централниот комитет
Одговара на
Политбирото
Места7

Најважната улога на секретаријатот е одлучувањето за функционерите и кадрите во партијата и во државата (но не за вооружените сили).

Секретаријатот раководи со работата на Политбирото и неговиот Постојан комитет, на чие чело стои Генералниот секретар. Покрај ова, органот има улога да ја уредува и усогласува организациската поставеност на партијата. Надлежен е за партијата, но не е овластен за водење државна политика. Функционерите на секретаријатот ги гласа и назначува Политбирото и неговиот Постојан комитет.

Секретари

уреди

Моментални секретари на секретаријатот се од составот на XVII ЦК на КПК се следниве:

  1. Љу Јиншан (刘云山)
  2. Љу Ќибао (刘奇葆)
  3. Џао Леџи (赵乐际)
  4. Ли Џаншу (栗战书)
  5. Ду Чинглин (杜青林)
  6. Џао Хунгџу (赵洪祝)
  7. Јанг Џинг (杨晶)

Поврзано

уреди