Антонио де Оливеира Салазар

Антонио де Оливеира Салазар (порт. António de Oliveira Salazar; 28 април 1889 - 27 јули 1970) бил португалски диктатор кој ја вршел функцијата премиер на Португалија од 1932 до 1968 година. Тој е идеен творец и основоположник на корпоратистичката диктатура позната како Нова Држава („Estado Novo“), која владеела со Португалија од 1933 до 1974 година.

His Excellency
Антонио де Оливеира Салазар
Официјален портрет, ок. 1968
Премиер на Португалија
На должноста
5 јули 1932 – 25 септември 1968
Претседател Оскар Кармона
Франциско Кравеиро Лопес
Америко Томас
Претходник Домингос Оливеира
Наследник Марсело Каитано
Привремен претседател на Португалија
На должноста
18 април 1951 – 21 јули 1951
Лични податоци
Роден(а) 28 април 1889(1889-04-28)
Вимиеиро, Санта Комба Дао, Кралство Португалија
Починал(а) 27 јули 1970(1970-07-27) (возр. 81)
Лисабон, Португалија
Партија Национален сојуз (од1930)
Други припадности Академски центар на христијанската демократија (пред 1930 г.)
Установа Универзитет во Коимбра (доктор на науки)
Оксфордски универзитет (почесна диплома)
Професија Професор
Потпис

Живот

уреди

Семејство

уреди
 
Родното место на Салазар во Санта Комба Дао .

Салазар е роден на 28 април 1889 во Вимиеиро, во близина на Санта Комба Дао (Регион Визеу).[1] Тој бил единствен син на неговите родители кои имале вкупно 11 деца.

Образование

уреди

Од 1900 до 1908 учел во семинаријата во Визеу, и сакал да стане свештеник, но сепак по добивањето на свештенички ред одлучил да го напушти свештенството.[1] Во 1910 година, за време на првите години од Првата Португалска Република, заминал за Коимбра за да студира право на тамошниот универзитет.[1] Во текот на студентските денови во Коимбра, развил посебен интерес за финансии и дипломирал право со специјалност за финансии и економска политика. Дипломирал во 1914 година,[1] и подоцна станал асистент по економска политика на Правниот факултет. Во 1917 година станал професор. Следната година, Салазар го одбранил својот докторат.[1]

Политичка кариера

уреди

На 5 октомври 1910 година била соборена португалската монархија и била прогласена Првата Португалска Република.

Политичките ставови на Салазар во неговата младост произлегуваат од неговите католички погледи, а биле поттикнати од новиот антисвештенички став на Првата Република. Тој станал член на неполитичкото католичко движење Академски центар за христијанска демократија (Centro Académico de Democracia Cristã ). [2] Салазар бил и против монархистите бидејќи сметал дека нивните ставови се во спротивност со општествените доктрини што ги застапувал папата Лав XIII.

Во 1921 година, Салазар се кандидирал за избор во парламентот. Со Државниот удар од 28 мај 1926 година се ставило крај на хаотичната Прва Република, и била воспоставена т.н. Национална диктатура (порт: Ditadura Nacional).[3] Салазар во португалскиот јавен живот се појавил како министер за финансии по добиената поддршка од претседателот Оскар Кармона по државниот удар. Салазар ја прифатил функцијата под услов да може да ги надгледува буџетите на сите министерства и да има право на вето на зголемувањето на расходите. Потоа наметнал политика на штедење и строга контрола на сметките, претежно преку зголемување на даноците и намалување на јавните расходи, со што постигнал позитивно буџетско салдо во првата фискална година (1928-29).[4][5]

Тој промовирал цивилна администрација во авторитарниот режим во време кога сè повеќе земји станувале милитаризирани. [3] Целта на Салазар била деполитизација на општеството, а не мобилизација на населението.[3] Сепак, Португалија во голема мера останала неразвиена, населението релативно сиромашно и со ниско ниво на образование во споредба со остатокот од Европа.[6]

Салазар останал на функцијата министер за финансии иако премиерите често се менувале.

Салазар знаел како да го искористи печатот и новосоздадените радиодифузни станици за да стекне негови поддржувачи. Знаел и како да ги искористи борбите меѓу различните фракции во диктатурата, особено меѓу монархистите и републиканците, за да ја консолидира својата моќ и да стекне поголем престиж. Во 1930 година, Салазар го создал Националниот сојуз кој бил еден вид „национален фронт“, кој требало да ја обезбеди потребната поддршка за изградба на нов режим, Нова Држава, осмислен и целосно дизајниран од Салазар.[3]

Конечно, на 5 јули 1932 година, претседателот Кармона го назначил Салазар за 100-ти премиер на Португалија. [4] Конзервативните католици биле најрани и најлојални поддржувачи на Салазар, а конзервативните републиканци станале негови најопасни противници во раниот период.

Формирање на Нова Држава

уреди
 
Салазар (во средина) и неговата прва влада, формирана во 1932 година, во палатата Белем.

Во 1932 година, бил објавен нацрт на новиот Устав подготвен од група адвокати, стопанственици, свештеници и универзитетски професори, при што Салазар и Марсело Каитано, одиграле значајна улога.[4] Со овој устав, Салазар конечно го создал својот политички модел, Нова Држава.[1]

За разлика од Мусолини или Хитлер, Салазар немал намера да создаде партија-држава. Националниот сојуз станал помошно тело, а не извор на политичка моќ.[3] Тој бил формиран за да го контролира и ограничи јавното мислење, а не да го мобилизира; целта била зајакнување и зачувување на традиционалните вредности, а не создавање на нов општествен поредок.[3] Министрите, дипломатите и државните службеници не биле принудувани да се приклучат на Националниот сојуз.[7]

Новиот устав што го вовел Салазар воспоставил антипарламентарна и авторитарна влада која ќе опстои до 1974 година. Претседателот требало да се избира на избори за период од седум години.

Зацврстување на режимот

уреди
 
Пропагандна плакета кој го прикажува Салазар како кралот Афонсо I од Португалија.

Салазар се потпирал на тајната полиција за да ја спроведе својата политика. За таа цел во 1933 била основана „Државна полиција за одбрана и надзор“(PVDE - Polícia de Vigilância e de Defesa do Estado). Во 1945 година била заменета со ремоделираната „Меѓународна и државна одбранбена полиција“ (Polícia Internacional e de Defesa do Estado (PIDE)), која функционирала до 1969 година. Тајната полиција требало не само за да ја заштити националната безбедност, туку и да ги потисне политичките противници на режимот, особено оние поврзани со меѓународното комунистичко движење или Советскиот Сојуз.

Шпанска граѓанска војна

уреди

Шпанската граѓанска војна, која започнала во јули 1936 година, била наводна причина за радикализација на режимот. Внатрешно, режимот се соочил со монархистички бунт во 1935 година, левичарски пуч во 1936 година и неколку бомби и заговори во 1936 и 1937 година, како и обид за атентат на Салазар во 1937 година. Во исто време, шпанските републикански агенти биле активни во Лисабон, а шпански трупи биле распоредени на границата со Португалија, сериозно загрозувајќи го португалскиот суверенитет.[4]

Салазар го поддржал Франциско Франко и националистите во нивната војна против силите на Втората Република, анархистите и комунистите. Преку Португалија на Салазар шпанските националисти добивале пратки со оружје од странство. Затоа, националистите го викале Лисабон „пристаништето Кастилја“.[8]

Неколку дена пред крајот на Шпанската граѓанска војна, на 17 март 1939 година, Португалија и Шпанија го потпишале Пиринејскиот пакт, договор за ненапаѓање што означува почетокот на нова фаза во пиринејските односи.[9] Пактот се покажал како одлучувачки документ за задржување на Пиринејскиот Полуостров вон континенталниот систем на Хитлер.[10]

Втора светска војна

уреди

Од самиот почеток на војната во 1939 година, Салазар бил убеден дека Британија ќе претрпи штета, но ќе остане непоразена ако САД се приклучат во војната и дека сојузниците ќе победат.[11]

Неутралност

уреди

Во 1937 година, Салазар објавил книга во ги критикувал Нирнбершките закони донесени во 1935 година во Германија.[12] Салазар немал симпатии кон нацистичкиот режим во Германија и неговите империјални амбиции, и германскиот Рајх го сметал како бастион против ширењето на комунизмот, а не како сојузничка држава. Тој ја фаворизирал шпанската националистичка кауза поради страв од комунистичка инвазија на Португалија, но сепак му биле непријатни врските кои шпанската влада ги имала со силите на Оската.[1]

Така, политиката на неутралност на Салазар во Втората светска војна имала стратешка компонента. Земјата сè уште имала колонии кои не можела да ги одбрани од евентуален воен напад. Застанувањето на страната на Оската би ја довело Португалија во конфликт со Британија, што веројатно ќе резултира со губење на нејзините колонии, а застанување на страната на сојузниците би предизвикало германска инвазија на континентална Португалија. Португалија продолжила да извезува волфрам и други стоки и во Оската (делумно преку Швајцарија) и во сојузничките земји.[13] На 1 септември 1939 година, кога почнала Втората светска војна, португалската влада објавила дека 600-годишната Англо-португалска алијанса останала непроменета, но бидејќи Британците не побарале помош од Португалија, Португалија може да остане неутрална во војната.[14]

Сепак, на почетокот од војната режимот на Салазар покажувал симпатии кон Оската; Салазар на пример изразил одобрение за германската инвазија на Советскиот Сојуз. Оваа поддршка може да се припише на цврстата антикомунистичка позиција на Салазар, а не на вистинската поддршка за Хитлер или нацистичкиот режим. По 1943 година Португалија ги фаворизирала сојузниците и им ги дала под закуп воздушни бази во Азорите откако сојузниците му се заканиле со инвазија на Португалија ако не ги исполни барањата на сојузниците. Салазар по големиот притисок од сојузниците ги прекинал испораките на волфрам и гума за Германија во 1944 година.[15][16] Лисабон бил база за операциите на Меѓународниот Црвен крст за помош на сојузничките заробеници и бил главна воздушна транзитна точка меѓу Велика Британија и САД.[17]

Во 1942 година, австралиските трупи накратко го окупирале Португалски Тимор, но набрзо го напуштиле по инвазијата на Јапонците. Салазар се трудел да го врати Источен Тимор под своја контрола, и успеал во тоа по предавањето на Јапонците во 1945 г.[18]

Во 1945 година, Португалија прогласила дводневна жалост поради смртта на Адолф Хитлер.[19]

Одржување на режимот

уреди

По почетокот на Студената војна, Салазаровата Нова Држава останала строго авторитарна. На претседателските избори во Португалија од 1958 година повеќето неутрални набљудувачи верувале дека на фер избори кандидатот на демократската опозиција, Умберто Делгадо, ќе го победи кандидатот на Салазаровиот режим, Америко Томас. Делгадо изјавил дека ако биде избран, прво нешто што ќе направи ќе биде разрешување на Салазар.[се бара извор] Делгадо освоил една четвртина од гласовите, многу помалку од Томас. Салазар бил вознемирен од епизодата, и протуркал уставен амандман претседателот се избира од двете парламентарни тела, кои биле под негова контрола. Делгадо бил избркан од португалската војска и се засолнил во бразилската амбасада пред да замине во егзил; а подоцна и убиен од тајната полиција (ПИДЕ) во Алжир. [2]

Меѓународни односи по Втората светска војна

уреди
 
Претседателот Труман го потпишува Северноатлантскиот договор со португалскиот амбасадор Теотонио Переира кој стои зад него

И покрај авторитарниот карактер на режимот, Португалија не претрпела меѓународна изолација како Шпанија по Втората светска војна. За разлика од Шпанија, Португалија под Салазар била прифатена во Маршаловиот план (1947–1948) во замена за помошта што им ја даде на сојузниците во последните фази од војната. Понатаму, исто така, за разлика од Шпанија, била една од 12-те основачки членки на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) во 1949 година, поради улогата на Португалија како сојузник против комунизмот за време на Студената војна и покрај нејзиниот статус како единствен недемократски основач. Во 1950 година, Португалија се приклучила на Европската унија за плаќања и учествувала во основањето на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА) во 1960 година и Организацијата за економска соработка и развој во 1961 година. Таа се приклучила на Општата спогодба за царини и трговија во 1962 година, и конечно, Португалија потпишала договор за слободна трговија со Европската економска заедница во 1972 година, сè уште под покровителство на Нова Држава.[20]

Повлекување од политиката и смрт

уреди

Во август 1968 г., Салазар ненадејно доживеал мозочен удар и по 36 години на чело на државата, 79-годишниот премиер на Португалија бил разрешен од функцијата од страна на претседателот Америко Томас. На 27 септември 1968 година за премиер бил назначен Марсело Каитано. Салазар не бил известен дека е сменет од својата позиција како водач на режимот, а според некои извештаи, Салазар верувал дека е премиер сѐ до својата смрт во јули 1970 година. Починал во Лисабон и бил погребан во родното место. На погребот учествувале неколку десетици илјади луѓе.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Kay 1970.
  2. 2,0 2,1 Meneses 2009.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Gallagher 2020.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Wiarda 1977.
  5. Wiarda 1977, стр. 94.
  6. Mattoso, José; Rosas, Fernando (1994). História de Portugal: o Estado Novo (португалски). VII. Lisbon: Estampa. стр. 251. ISBN 978-9723310863.
  7. Gallagher 1990.
  8. Beevor, Antony. The Spanish Civil War. p. 97. ISBN 0911745114
  9. Maria Inácia Rezola, "The Franco–Salazar Meetings: Foreign policy and Iberian relations during the Dictatorships (1942–1963)" E-Journal of Portuguese History (2008) 6#2 pp. 1–11. online Архивирано на 24 февруари 2021 г.
  10. Hoare 1946.
  11. Henry Jay Taylor, Milwaukee Sentinel, 2 October 1968, as cited in Kay 1970
  12. Salazar, António de Oliveira (1977). Como se Levanta um Estado. Lisbon: Golden Books. стр. 69.
  13. Wheeler, Douglas (Summer 1986). „The Price of Neutrality: Portugal, the Wolfram Question, and World War II“. Luso-Brazilian Review. 23 (1): 107–127. JSTOR 3513391.
  14. Leite 1998.
  15. Douglas L. Wheeler, "The Price of Neutrality: Portugal, the Wolfram Question, and World War II".
  16. Gervase Clarence-Smith, William (2011). „The Portuguese Empire and the 'Battle for Rubber' in the Second World War“. Portuguese Studies Review. 19 (1): 177–196. ISSN 1057-1515.
  17. Ian Dear, and M.R.D. Foot, eds.
  18. Davis, Sonny B. (2005). „Salazar, Timor, and Portuguese Neutrality in World War II“. Portuguese Studies Review. 13 (1): 449–476. ISSN 1057-1515.
  19. „PORTUGAL IN MOURNING FOR HITLER“. The Argus (Melbourne). 4 May 1945.
  20. Nicolau Andresen, "The Salazar Regime and European Integration, 1947–1972", European Review of History (2007) 14#2 pp. 195–214.

Извори

уреди

Дополнителна литература

уреди
  • Baklanoff, Eric N (1992). „The Political Economy of Portugal's Later "Estado Novo": A Critique of the Stagnation Thesis“. Luso-Brazilian Review. 29 (1): 1–17. JSTOR 3513163.
  • Costa Pinto, António. "The Portuguese 'New State' and the Diffusion of Authoritarian Models in Interwar Latin America". Journal of Contemporary History (2021): 00220094211066000.
  • Coyne, E.J. "Oliveira Salazar and the Portuguese Corporative Constitution". The Irish Monthly, vol. 64, no. 752, 1936, pp. 81–94.
  • Gallagher, Tom. "Salazar: Portugal's Great Dictator A contemporary of Hitler, Franco and Mussolini, Salazar is remembered by some of his compatriots as the greatest figure in the nation's history. Why?" History Today (Sept 2018) 68#9 online
  • Graham, Lawrence S. and Harry M. Makler. Contemporary Portugal: The Revolution and Its Antecedents (U of Texas Press, 1979)
  • Hamann, Kerstin, and Paul Christopher Manuel. "Regime changes and civil society in twentieth-century Portugal". South European Society and Politics 4.1 (1999): 71–96.
  • Kallis, Aristotle. "Unlikely Mediterranean authoritarian crossings: Salazar's Portugal as model for the 4th of August dictatorship in Greece (1936–1940)". in An Authoritarian Third Way in the Era of Fascism (Routledge, 2021) pp. 91–106.
  • Kay, Hugh. Salazar and Modern Portugal (1970) online
  • Payne, Stanley G. A History of Spain and Portugal (2 vol 1973) full text online vol 2 after 1700; standard scholarly history; chapter 27 pp. 663–683
  • Pereira, Pedro Teotónio (1987). Correspondência de Pedro Teotónio Pereira Oliveira Salazar (португалски). Presidência do Conselho de Ministros. Comissão do Livro Negro sobre o Regime Fascista.
  • Pimentel, Irene (2002). „Women's Organizations and Imperial Ideology under the Estado Novo“. Portuguese Studies. 18: 121–131. doi:10.1353/port.2002.0014. JSTOR 41105184.
  • Pinto, António Costa. "Looking for a third way: Salazar's dictatorship and the diffusion of authoritarian models in the era of fascism". in An Authoritarian Third Way in the Era of Fascism (Routledge, 2021) pp. 7–37.
  • Pitcher, M. Anne. Politics in the Portuguese Empire: The State, Industry, and Cotton, 1926–1974 (Oxford University Press, 1993)
  • Santos, Paula Borges. "Politics and religion under the dictatorship in Portugal (1933-1974): rebuilding the separation between the State and the Church". Storicamente (2020). online
  • Simpson, Duncan, and Ana Louceiro. "Everyday life under the PIDE: A quantitative survey on the relations between ordinary citizens and Salazar's political police (1955‐74)". International Journal of Iberian Studies 34.3 (2021): 195-216. online
  • Stoer, Stephen R; Dale, Roger (1987). „Education, State, and Society in Portugal, 1926–1981“. Comparative Education Review. 31 (3): 400–418. doi:10.1086/446698. JSTOR 1188572.
  • Weber, Ronald. The Lisbon Route: Entry and Escape in Nazi Europe (2011).
  • West, S. George (1938). „The Present Situation in Portugal“. International Affairs. 17 (2): 211–232. doi:10.2307/2602248. JSTOR 2602248.
  • Wright, George (1997). The Destruction of a Nation: United States' Policy Towards Angola Since 1945. London: Pluto Press. ISBN 978-0-7453-1029-9.

Примарни извори

уреди
  • Salazar, António de Oliveira (1939). Doctrine and Action: Internal and Foreign Policy of the New Portugal, 1928–1939. London: Faber and Faber. ASIN B00086D6V6.
  • Coelho, Eduardo Coelho; António Macieira (1995). Salazar, o fim e a morte: história de uma mistificação; inclui os textos inéditos do Prof. Eduardo Coelho 'Salazar e o seu médico' e 'Salazar visto pelo seu médico' (1.. изд.). Lisboa: Publ. Dom Quixote. ISBN 978-9722012720.
  • de Melo Rita, Maria da Conceição; Vieira, Joaquim (2007). Os meus 35 anos com Salazar (португалски) (1. изд.). Lisbon: A Esfera dos Livros. ISBN 978-9896260743. – Salazar seen by "Micas", one of his two adopted children.