Португалска колонијална војна
Португалската колонијална војна (португалски: Guerra Colonial Portuguesa), позната во Португалија како Прекуморска војна (Guerra do Ultramar) а во поранешните колонии како Ослободителна војна (Guerra de Libertação), и исто така позната како Анголска, Гвинејско-Бисајска и Мозамбиканската војна за независност, бил конфликт меѓу португалската армија и новите националистички движења во африканските колонии на Португалија кој се одвивал од 1961 до 1974 година. По соборувањето на конзервативниот режим на Марсело Каитано во т.н револуција на каранфилите на 25 април 1974 година, новата демократска влада на Португалија ставила крај на војната и го започнала процесот на давање независност на нејзините дотогашни колонии.
Политички контекст
уредиПортугалците започнале да навлегуваат во Африка во XV и XVI век. Тие се труделе да воспостават монопол врз трговијата со злато. На некои од териториите се здобиле со трговска доминација, но воспоставувањето на целосна контрола над нив завршило дури кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Овие територии формално се сметале за прекуморски територии на Португалија. Била објавена политика на асимилација, според која португалските колонисти и месното население се сметаат за единствена раса, но всушност имало значителна дискриминација. Месното население имало тешки услови за живот и било принудено да работи за Португалците речиси во статус на робови.
Португалските колонијални територии во Африка биле признаени од другите европски сили во текот на 1880-тите, за време на трката за Африка, а конечните граници на португалската Африка биле договорени преку преговори во Европа во 1891 година. Во тоа време, Португалија имала делотворна контрола врз крајбрежниот појас на Ангола и Мозамбик. Во Ангола, во 1885 година започнала изградбата на железница од Луанда до Малање.[1]
Растот на африканската национална свест и забрзувањето на процесот на деколонизација во 1950-тите и раните 1960-ти довеле до создавање на политички здруженија во португалските колонии. Кога станало јасно дека Португалија нема намера да им даде независност на африканските народи, овие политички здруженија започнале со вооружена борба. Во 1961 година започнало востанието во Ангола, па следеле востанијата во Гвинеја-Бисао (1962) и Мозамбик (1964). Главните антипортугалски сили биле MPLA (Ангола), PAIGC (Гвинеја-Бисао), FRELIMO (Мозамбик), сепак, во сите земји имало и помали движења кои исто така се спротивставувале на Португалците, но имале несогласувања со водечките групи. Ова често водело до раздор и крвопролевање во рамките на антипортугалското движење, а најизразени биле во Ангола.
Во сите три земји, востанијата се претвориле во долготрајни герилски војни. Бунтовниците добиле морална и воена поддршка од СССР, Кина и голем број неврзани земји, а се оперирало од територијата на соседните независни африкански земји. Португалската армија, од своја страна, се обидела да ги затвори границите на своите колонијални поседи и масовно го прераспоредувала цивилното население во „стратешки села“ со цел да ја зајакне контролата над него. Тактиката на одлучни и масовни напади врз бунтовничките бази користени во Мозамбик во раните 70-ти се покажала како доста ефикасна, но поради огромните загуби при примената на ваквите тактики португалското раководство се одлучило да ги прекине. Португалија немаше доволно сили да води делотворна војна на три фронта одеднаш, особено во услови на делумна меѓународна изолација. Португалската армија билаизземена од исполнувањето на обврските од договорот за НАТО, што предизвикало незадоволство кај другите сојузници во сојузот, а големите финансиски трошоци од војната имале исклучително негативно влијание врз условите за живот во земјата. Долготрајните војни и човечките загуби предизвикале незадоволство кај населението. Најуспешно било партизанското движење во Гвинеја-Бисао, каде што партизаните во 1973 година биле толку самоуверени што прогласиле независност на ослободената територија; во модерната историографија, се смета дека во Мозамбик војната завршила „без победник“, а во Ангола Португалците извојувале стратешка победа.
Во април 1974 година, група армиски офицери, кои не верувале дека можат да ги победат колониите, извршиле државен удар во Португалија („ револуцијата на каранфилите“), по што започнал дијалог со африканските бунтовници. Во 1975 година, Ангола, Мозамбик, Гвинеја-Бисао, како и Зеленортските Острови, Саун Томе и Принсип и Источен Тимор (кој речиси веднаш бил окупиран од Индонезија и станал независен дури во 2002 година) добиле независност. По деценија и пол војна во Африка, Португалија ги загубила своите колонии, а со тоа и статусот на колонијална сила.
На чело на поранешните португалски територии, а сега независни држави во Африка како шефови на држави застанале: Агостињо Нето во Ангола, Самора Машел во Мозамбик, Луис Кабрал во Гвинеја-Бисао, Мануел Пинто да Коста во Саун Томе и Принсип и Аристидес Переира во Зеленортските Острови.
Поранешните колонии се соочиле со сериозни проблеми по независноста. Следеле разорни граѓански војни во Ангола и Мозамбик, кои траеле со децении, однесле милиони животи и резултирале со многу бегалци.[2] По независноста Ангола и Мозамбик воспоставиле систем на плански економии,[3] и се бореле против неефикасниот судски систем и бирократијата,[3] корупцијата,[3][4][5] сиромаштијата и невработеноста.[4] Нивото на општествено уредување и економски развој кое го имале под португалска власт, како и за време на колонијалната војна, станало цел на независните држави.[6]
Поврзано
уреди- Анголска војна за независност
- Војна за независност на Гвинеја-Бисао
- Мозамбичка војна за независност
- Операција Гордиев јазол
- Револуција на каранфили
- Лузофобија
Современи војни:
Војни по независноста:
Наводи
уреди- ↑ Bismarck, Europe, and Africa : the Berlin Africa Conference 1884-1885 and the onset of partition. Förster, Stig., Mommsen, Wolfgang J., 1930-2004., Robinson, Ronald, 1920-1999., German Historical Institute in London. Oxford: Oxford University Press. 1988. стр. 220. ISBN 0-19-920500-0. OCLC 16754126.CS1-одржување: друго (link)
- ↑ The Decolonization of Portuguese Africa: Metropolitan Revolution and the Dissolution of Empire by Norrie MacQueen – Mozambique since Independence: Confronting Leviathan by Margaret Hall, Tom Young – Author of Review: Stuart A. Notholt African Affairs, Vol. 97, No. 387 (Apr., 1998), pp. 276–278, JSTOR 723274
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Susan Rose-Ackerman, "Corruption in the Wake of Domestic National Conflict" in Corruption, Global Security, and World Order (ed.
- ↑ 4,0 4,1 Mario de Queiroz, Africa–Portugal: Three Decades After Last Colonial Empire Came to an End, Inter Press Service (November 23, 2005).
- ↑ Tim Butcher, As guerrilla war ends, corruption now bleeds Angola to death, The Daily Telegraph (30 July 2002)
- ↑ "Things are going well in Angola.