Грб на Југославија.
Грб на Југославија.

Социјалистичката Федеративна Република Југославија позната и под скратеното име СФРЈ или само Југославија била поранешна европска и балканска држава која постоела од 1943 до 1992 година. Југославија била создадена на 29 ноември 1943 на Второто заседание на АВНОЈ во Јајце како заедница на 6 народи и 6 републики (Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора). Првото име на федерацијата било Демократска Федеративна Југославија. Тоа име било променето на 29 ноември 1945 на Третото заседание на АВНОЈ во Белград и федерацијата го добила името Федеративна Народна Република Југославија, за конечно на 7 април 1963 да го добие името Социјалистичка Федеративна Република Југославија. СФРЈ се граничела со Италија и Австрија на северозапад, Унгарија и Романија на север, Бугарија на исток, и Грција и Албанија на југ. Западниот дел на републиката излегувал на Јадранско Море. Југославија била важен член на Движењето на неврзаните за време на Студената војна.