Велко Попадиски


Велко Апостолов, наречен Попадиски или Попадичанец — македонски револуционер, велешки војвода на Внатрешната македонска револуционерна организација.[1][2]

Велко Попадиски
Роден 1886
Попадија, Велешко  Османлиско Царство
Починал 18 април 1908
Скачинци, Велешко  Османлиско Царство

ЖивотописУреди

Велко Апостолов е роден 1886 година во велешкото село Попадија, тогаш под Османлиското Царство, денес во Македонија. Влегува во ВМОРО и е четник под команда на велешките војводи Стефан Димитров и Панчо Константинов. После Илинденското востание од 1906 година е главен војвода во Велешко, поради недостаток на окружен војвода.[3] Учествува во Битката на Ножот во 1907 година. Загинува во 1908 година во село Скачинци заедно со двајца свои комити, предаден од Србомани.[4][5] Според Васил Балевски, Велко Попадиски и Милан Змијата се откриени од турските власти и убиени после престрелка во Велес.[6]

По повод 100 - годишнината од загинувањето на војводата Велко Апостолов - Попадиски, на 21 септември 2008 година се одржа панихида во негова чест во црквата „Св. Никола“, во велешкото село Попадија, а беше откриен и споменик во знак на сеќавање на војводата.[7]

БелешкиУреди

  1. Николов, Борис. ВМОРО – псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.22
  2. Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 101.
  3. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 475-481., „Българските революционни чети в Македония според доклад на А. Тошев до министъра на външните работи и изповеданията Д. Станчов“
  4. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 26.
  5. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 203.
  6. Балевски, Васил. Спомени на двама четници на ВМОРО 1904-1908, „Акшеана 2007“, София, 2008, стр.82.
  7. „Споменик на војводата Велко Попадински“. Дневник. 22 септември 2008. Занемарен непознатиот параметар |https://time.mk/arhiva/?d1= (help); Отсутно или празно |url= (help)