Џејмс Кларк Максвел

Џејмс Кларк Максвел (англиски: James Clerk Maxwell)(Единбург, 13 јуни1831 - Кембриџ, 5 ноември1879) — шкотски[2] физичар и математичар[3], воедно и најголемиот теоретски физичар на XIX век. Ги дал теоретските основи на радиобрановите. Прочуен е по своите Максвелови равенки кои наоѓаат значајна примена во разни научни области. Со објавувањето на неговото дело „Теорија наелектромагнетно поле“во 1865 година, Максвел покажал дека електромагнетните полиња се движат низ вселената во вид на бранови со брзината на светлината.[4] Максвел тврдел дека светлината е тресење кое е причина за електромагнетни појави. Тој исто така ја претставил првата трајна фотографија во боја во 1861г. Неговите откритија ја навестуваат новата ера на современата физика. Неговиот придонес во науката се смета за исто толку значаен како и придонесите на Исак Њутн и Алберт Ајнштајн.[5]

Џемс Кларк Максвел
Џемс Кларк Максвел (1831–1879)
Роден(а)13 јуни 1831(1831-06-13)
Единбург, Шкотска
Починал(а)5 ноември 1879(1879-11-05) (возр. 48)
Кембриџ, Англија
НационалностШкот
Алма матерЕдингбуршки универзитет
Кембрички универзитет
Познат(а) поМаксвелови равенки
Максвелова распределба
Максвелов демон
Максвелови дискови
Максвелова брзинска распределба
Маквелова теорема
Максвелов материјал
Општ Максвелов модел
Потисна струја
Максвелова намотка
Максвелово тркало[1]
ВераЕвангелист
НаградиСмитова награда (1854)
Адамова награда (1857)
Румфордов медал (1860)
Потпис

Животопис

уреди

Ран Живот

уреди

Максвел е роден на 13 јуни 1831 година, ул. Индија 14, Единбург, во благородничко семејството. Неговиот татко Џон Кларк[6][7] бил познат адвокат, додека неговиот чичко Сер Џорџ Кларк бил, на времето, шестиот баронет.[8] Неговите родители претходно имале една ќерка, Елизабета, но не го преживеала детството.[9] Кога Максвел бил млад неговото семејство се преселило близу селото Корсок, Шкотска, во куќа која била дизајнирана за неговиот татко.

 
Вилата „Гленлаир“, домот на Максвел

Неговата мајка Францис Кеј, го воочила неговиот потенцијал и ја презела одговорноста за неговото образување.[10] На осум години тој веќе знаел да го цитира Светото Писмо. Во 1839, по неуспешна операција, мајка му умрела од рак. За неговото образование се погрижиле неговиот татко Џон и сестрата на мајка му, неговата тетка Џејн. Неговиот прв приватен тутор, за кој не се знае многу, се однесувал со Максвел прилично злобно,го подбивал дека бил многу спор и своеволен.[11] Во ноември 1841 бил испратен во Единбуршката академија. Престојувал кај неговата тетка Изабела, каде под влијание на неговата постара братучетка, познатата сликарка Џемима Блекбурн ја развил својата страст за цртање. Тој не се вклопил во училиштето и поради неговиот акцент долго бил исмејуван. Подоцна се запознал со Луис Кембел и Питер Тејт, две момчиња на иста возсраст со него, кои подоцна станале значајни научници исто како и Максвел. Тие останале доживотни пријатели. Тој го напишал својот прв научен труд на 14 години. Во него ги опишува механичките средства за цртање на криви, како и својствата на елипса, и поврзани криви со повеќе од две темиња. Бидејќи бил премногу млад за да го презентира својот труд пред Кралското друштво од Единбург, тоа го сторил Џејмс Форбс, професор по филозофија на Универзитетот во Единбург. Се смета дека неговиот труд не е оригинален, бидејќи Рене Декарт исто така ги испитувал својствата на елипсите во 17 век, и дека Максвел само ја упростил нивната градба.

 
Единбуршката академија

Универзитет во Единбург

уреди

Во 1847, на возраст од 16 години започнал да посетува настава на Унивезитетот во Единбург. Имал можност да студира во Кембриџ, но решил да ги заврши студиите во Единбург.[12] Академскиот кадар на унивезитетот вклучувал многу ценети професори како Сер Вилијам Хамилтон, кој предавал логика и метафизика, Филип Келанд професор по математика,и Џејмс Форбс професор по филозофија. Неговото слободно време го поминувал експериментирајќи со импровизирани хемиски, електрични и магнетни инструменти. На 18 годишна возраст придонел уште две дела во Кралското друштво од Единбург, „Рамнотежа на еластични материи“ и „Овални криви“. Тој сè уште бил сметан за премногу млад за да може сам да го презентира својот труд. Неговиот труд бил предаден на Кралското друштво од страна на неговиот тутор Келанд.[13]

 
Единбуршки универзитет

Универзитетот во Кембриџ

уреди

Во октомври 1850 година,веќе како познат математичар, Максвел заминал да студира на Универзитетот во Кембриџ. Првично го посетувал колеџот „Питерхаус“ но при крајот на првото тромесечие се префрлил на колеџот „Тринити“, бидејќи било полесно да добие стипендија. Таму тој бил избран за член на тајната елитна организација позната како „Апостолите од Кембриџ“.[14] Максвеловото разбирање за Христијанската вера се зголемило уште повеќе за време на неговиот престој во Кембриџ. Во 1854 Максвел дипломирал по математика. Веднаш по добивањето на својата диплома, Максвел го презентирал својот труд „Трансформација на површини по пат на виткање“ пред Филозофското Друштво од Кембриџ. Охрабрен од својот успех решил да остане во „Тринити“ и по дипломирањето и решил да го доврши својот експеримент за природата и перцепцијата на бојата, кој го беше започнал уште како студент на универзитетот во Единбург. Максвел покажал дека белата светлина произлегува од мешавина од црвена, зелена и сина светлина. Неговиот труд „Експерименти со боја“ бил претставен пред Кралското Друштво од Единбург во март 1855 година. Овој пат бил во можност сам да го презентира. Во февруари 1856 година му предложил да аплицира да стане професор по Филозофија во колеџот „Маришал“, Абердин. Татко му му помогнал во подготовката, но починал на 2 април, пред Максвел да добие одговор на кандитатурата. Во ноември 1856 година заминува од Кембриџ и почнува да работи како професор во Абердин.[15]

Колеџот „Маришал“, Абердин, 1856-1860

уреди

Максвел бил 25 години помлад од било кој друг професор во колеџот. Предавал 15 часа неделно. Во текот на учебната година живеел во Абердин, а за време на летото престојувал во куќата во која пораснал, која ја наследил од татко му.[8] Две години одсвојот живот посветил за проучување на прстените на Сатурн; како е можно да останат стабилни, без да се распаднат, да се оддалечат или да се удрат во Сатурн. Тој заклучил дека прстените мора да се изградени од мали честички кои независно кружат околу Сатурн. За овој есеј во 1859 година му била доделена Адамовата награда со вредност од £130. Во 1857 година,Максвел се спријателил со свештеникот Даниел Девар, кој тогаш бил на директорот на унивезитетот.Малку подоцна се запознал со неговата ќерка Кетрин, со која стапил во брак на 2 јуни 1858 година.[16] Во 1860 година се формирал унивезитетот „Абердин“, соединувајќи ги „Маришал“ и соседниот „Кралски Унивезитет “. Бидејќи не им биле потребни два професори по Филозофија, Максвел и покрај неговата научна репутација, бил отпуштен. Во 1960 година, заедно со неговата сопруга заминува да работи во „Кралскиот Колеџ“ во Лондон.

Кралскиот Колеџ,Лондон 1860-1865

уреди

Студиите во Кралскиот Колеџ биле најпродуктивните години во неговата кариера. Добитник е на Румфордскиот медал, доделен од Кралското Друштвово 1860 година, а подоцна во 1861 година бил избран и за член на Друштвото. Во овој период ќе ја претстави и првата трајна слика во боја. Максвел честопати присуствувал на предавањата во Кралската институција, каде бил во редовен контакт со Мајкл Фарадеј. Тие имале силна почит еден спрема друг, иако никогаш не станале блиски пријатели, најверојатно поради голема разлика во годините (Фарадеј бил 40 години постар од Максвел). Во 1861 и 1862 година следат уште научни трудови како „Физички линии на сила“ во кој ги објаснува магнетната индукција и магнетниот флукс, природата на електростатиката и поместувањето на струјата.[17]

Смрт

уреди

Максвел починал на 5 ноември 1879 година во Кембриџ, од абдоминален рак, на возраст од 48 години. Неговата мајка починала на иста возраст од истиот тип на рак.[18] Максвел е погребан во Партон Кирк, во близина на замокот Даглас во Галовеј во близина на местото каде што израснал. Неговата биографија, напишана од неговиот долгогодишен пријател професорот Луис Кемпбел, била објавена во 1882 година.[19] Неговите собрани дела биле издадени во два тома од страна на Универзитетот Кембриџ во 1890.[20]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Mechanical conservation of energy / Maxwell's wheel“ (PDF). PHYWE Laboratory Experiments: Physics. Посетено на 14 July 2014.
  2. „Early day motion 2048“. UK Parliament. Посетено на 22 April 2013.
  3. Topology and Scottish mathematical physics". University of St Andrews. Retrieved 9 September 2013.
  4. . "A dynamical theory of the electromagnetic field" (PDF). Philosophical Transactions of the Royal Society of London 155: 459–512. Bibcode:1865RSPT..155..459C. doi:10.1098/rstl.1865.0008.
  5. James Clerk Maxwell: A Biography. University of Chicago Press. p. 2
  6. „Waterston & Macmillan Shearer 2006, p. 633“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-01-16. Посетено на 2015-03-08.
  7. ] Laidler, Keith James (2002). Energy and the Unexpected. Oxford University Press. p. 49.
  8. 8,0 8,1 Maxwell, James Clerk (2011). "Preface". The Scientific Papers of James Clerk Maxwell. ISBN 9781108012256.
  9. Campbell, Lewis (1882). The Life of James Clerk Maxwell: With a Selection from His Correspondence and Occasional Writings and a Sketch of His Contributions to Science (1 ed.).
  10. Tolstoy 1982, pp. 15–16]
  11. Tolstoy 1982, pp. 15–16]
  12. Harman 2004, p. 662 (Harman, Peter M. (2004). Oxford Dictionary of National Biography 37. Oxford University Press. ISBN 0-19-861411-X.)
  13. Timoshenko, Stephen (1983). History of Strength of Materials. Courier Dover Publications. ISBN 978-0-486-61187-7.
  14. Glazebrook, R. T. (1896). James Clerk Maxwell and Modern Physics. 811951455. OCLC 811951455.
  15. Campbell 1882, p. 126
  16. "Very Rev. Daniel Dewar DD (I20494)". Stanford University. Retrieved 27 August 2013“. Архивирано од изворникот на 2016-03-07. Посетено на 2015-03-08.
  17. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-07. Посетено на 2015-03-08.
  18. "James Clerk Maxwell Foundation". Retrieved 30 June 2013.
  19. Campbell, Lewis (2010). The Life of James Clerk Maxwell: With a Selection from His Correspondence and Occasional Writings and a Sketch of His Contributions to Science. ISBN 9781108013703.
  20. Maxwell, James Clerk (2011). The Scientific Papers of James Clerk Maxwell. ISBN 9781108012256.