Пожари

село во Берско, Егејска Македонија
Оваа статија се однесува на берското село во Општина Гида. За множинскиот облик на неконтролираното ширење на огнот, видете пожар

Пожари (грчки: Κεφαλοχώρι, Кефалохори; книжевно: Κεφαλοχώριον, Кефалохорион, до 1928 година: Ποζαρίταις, Позаритес[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Пожари
Κεφαλοχώρι
Пожари is located in Грција
Пожари
Пожари
Местоположба во областа
Пожари во рамките на Гида (општина)
Пожари
Местоположба на Пожари во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°34′N 22°22′E / 40.567° СГШ; 22.367° ИГД / 40.567; 22.367
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаАнтигониди
Надм. вис.&1000000000000001900000019 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно604
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 14 километри североисточно од градот Бер и на исто толку километри југозападно од градот Гида, на надморска височина од 19 метри, во непосредна близина на железничката пруга што води од Солун за Бер.[3] Вкупната површина на селскиот атар изнесува 10 квадратни километри.

Сместено е во областа Урумлак.

Историја

уреди

Како и сите села во областа Урумлак и Пожари уште од одамна било населено со грчко население.[3]

По Првата светска војна во 1922 година во селото биле населени малку грчки бегалци. Во 1928 година, во селото биле сместени 1 бегалско семејство со вкупно 3 жители.[4] Во 1928 година селото било преименувано во Кефалохори (Κεφαλοχώρι), што во превод означува главно село.

Стопанство

уреди

Населението во селото главно се занимава со земјоделство, главно произведувајќи големи количества на памук и шеќерна репка.[3]

Население

уреди

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Пожари (Бугарин), Берска каза, живееле 210 Грци христијани.[3][5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година навел дека во Пожари Бугарин (Pojari Bougarin) живееле 210 Грци.[6]

Во 1913 година селото било забележано со 272 жители. Во 1920 година биле попишани 325, а во 1928 година 428 жители, од кои само двајца бегалци. Во 1940 година Пожари имало 628, во 1951 година 721, во 1961 година 832, во 1971 година 702, во 1981 година 695, а во 1991 година 792 жители. Зголемувањето на бројот на жители се должи на извршените мелиорации, регулацијата на коритото на реката Бистрица, искоренувањето на маларијата и примената на современата агротехника во земјоделството.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 788 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 604 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 628 721 832 702 695 792 788 604
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Антигониди со седиште во селото Кавасила, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Пожари, во кој е единствено село.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ποζαρίταις -- Κεφαλοχώρι
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 23.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 143.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222 - 223.