Пирамида (архитектура)
- За другите значења на поимот видете ја страницата за појаснување.
Пирамида (старогрчки: πυραμίς, од πυρα - „оган“ и μιδες - „средина“) — градба чија облик е приближно како на пирамида во геометриска смисла, така што нејзиниот надворешен изглед се триаголници кои се спојуваат во единствена точка на врвот. Основата на пирамидата може да биде тристрана, четиристрана, или било која многуаголна форма, што значи дека пирамидата има најмалку три надворешени триаголни изгледи (бар четири надворешни страни вклучувајќи ја основата) четвртестата пирамида, со четвртеста основа и четири триаголни надворешни изгледи, е заедничката содржина.
Нацртот на пирамидата, со поголемиот дел од тежината поблиску до земјата и со пирамидонот на врвот значи дека помалку материјал највисоко на пирамидата ќе притиска од горе надолу. Оваа распределба на тежината им овозможила на првите цивилизации да создадат стабилни трајни градби.
Пирамидите биле изградени од цивилизациите во повеќе делови од светот. Илјада години најголемите градби на Земјата биле пирамидите — прво Црвената пирамида во Дашур и потоа Кеопсовата пирамида во Гиза — обете во Египет, втората е единствената од седумте светски чуда од античкиот свет која е сè уште преостаната. Пирамидата во Куфу главно е изградена од варовник (со големи црвени гранитни грутки, користени во некои внатрешни соби,) и се смета за архитектонско ремек-дело. Содржи околу 1 300 000 блокови наредени по тежина од 2,5 тона до 15 тона и е изградена на квадратна основа со страни кои можат да измерат околу 230 м (755с) што опфаќа 13 хектари.
Нејзините четири страни се соочуваат прецизно со четири кардинални точки и прават агол од 52 степени. Вистинската висина на пирамидата била 146,4 м, но денес е висока само 137 метри (455с) 9те метри (33с) што недеостигаат е поради крадењето на висококвалтитетниот варовник Тура со кој била покриена, или обвивката од камења за изградба во Каиро. Сè уште е највисоката пирамида. Најголемата пирамида по волумен е Големата пирамида од Cholula, во мексиканската држава Пуебла
Древни споменици
уредиМесопотамија
уредиЛуѓето од Месопотамија ги изградиле првите пирамидални градби, наречени ziggurats. Во древните времиња тие биле светло обоени. Бидејќи биле изградени од сушени на сонце тули од кал има малку остатоци од нив. Ziggurats биле изградени од Сумерите, Вавилонците, Еламитите, Акадијците, и Асирците за локалните религии. Секој ziggurat бил дел од комплекс на храм што вклучува и други градби. Претходниците на ziggurat биле подигнати платформи кои датираат од периодот Убаид, за време на четвртиот милениум п.н.е. Првите ziggurats биле почнати кон крајот на раниот период на династијата. Последните ziggurats во Месопотамија датираат од 6 век п.н.е Изградени во оддалечени низи во правоаголни, овални или квадратни платформи, ziggurat била пирамидална градба со рамен врв. Тулите печени на сонце од кои била составена суштината на ziggurat со дополнки од горени тули на надворешноста. Дополнките често биле полирани во различни бои и можно е да имале астролошко значење. Кралевите некогаш ги имале изгравирано нивните имиња на полираните тули. Бројот на редовите бил на растојание од два до седум. Се претпоставува дека тиа имале светилишта на врвот, но за тоа нема археолошки докази и единствениот текстуален доказ е од Херодот. Пристап до светилиштето би имало со низа платформи од едната страна на ziggurat или со спирална платформа од основата до врвот. Ziggurats во Месопотамија не биле места за јавни богослужби или церемонии. За нив се верувало дека биле места на живеење на боговите и секој град имал негов господар бог. Само на свештениците им било дозволено да бидат во ziggurat или во собите во неговата основа и нивна должност била да се грижат и да им служат на боговите. Свештениците биле многу моќни членови на општеството на Сумерите.
Египет
уредиНајпознатите пирамиди се египетските – огромни градби изградени од тули од камен, некои од нив се помеѓу најголемите светски градби. Тие се оформени во однос кон зраците на сонцето. Повеќето пирамиди имаат полиран, високо рефлективен изглед од бел варовник, со цел да им даде сјаен изглед кога се гледаат од растојание. Највисокиот премин обично бил направен од цврст камен – гранит или базалт – и можел да биде поплочен злато, сребро или електрум и исто ќе биделе високо рефлективни.
После 2700 п.н.е. Египќаните почнале да градат пирамиди до околу 1700 п.н.е. Првата пирамида била изградена за време на третата династија од кралот Djoser и неговиот архитект Imhotep, како пирамида мерена со чекори со редење на шест мастаби. Најголемите египетски пирамиди се пирамидите во Гиза. “ Египетскиот бог на сонцето Ра кој бил сметан за татко на сите фараони, се вели дека се создал себеси од насип на земјата во облик на пирамида, пред создавањето на сите други богови. Се велело дека обликот на пирамидата ги симболизирал зраците на сонцето.” (Donald B. Redford, Ph.D., Penn State) Годините на пирамидите го достигнале највисокиот дострел во Гиза 2575 - 2150 п.н.е. Древните египетски пирамиди во повеќето случаи биле поставени западно од реката Нил бидејќи божјиот дух на фараоните требало да се приклучи кон сонцето за време на неговото спуштање, пред продолжување на сонцето со неговото вечно кружење.
Од 2008, околу 135 пирамиди се откриени во Египет. Големата пирамида во Гиза е нјголема во Египет и една од најголемите во светот. Додека била завршена катедралата на Линколн во н.е 1311 таа била највисоката градба во светот. Основата и е преку 52 600 квадратни метри во областа. Додека пирамидите се поврзани со Египет, народот на Судам има 220 пирамиди зачувани до денес и најбројни во светот.
Големата пирамида во Гиза е едно од седумте чуда од древниот свет. Единствената која останала во модерните времиња. Древните египќани го покривале лицето на пирамидите со бел исполиран варовник, кој содржи големи количини фосилни школки. Повеќето од надворешните камења паднале или биле отстранети и искористени за изградба во Каиро.
Повеќето пирамиди се наоѓаат близу Каиро, со само една кралска пирамида која се наоѓала јужно од Каиро, во храмот - комлекс Абидос. Пирамидата во Абидос, Египет била нарачана од Ахмос I, кој бил основач на 18 династија и новото кралство. Изградбата на пирамидите започнала во времето на третата династија во владеењето на кралот Djoser. Поранешните кралеви како Snefru изградиле неколку пирамиди, со додавање на бројот на пирамиди од наредните кралеви до карјот на средното кралство. Последниот крал кој изградил кралски пирамиди бил Ахмос, со подознежните кралеви криејќи ги нивните гробови во ридовите како во долината на кралевите во Луксор на западниот брег. Во Medinat Habu, или Deir el-Medina биле изградени помали пирамиди од поединци. Помали пирамиди исто така биле изградени од Нубијците кои владееле со Египет во доцниот период, иако нивните пирамиди имале пострмни страни.
Судан
уредиПирамидите на Нубејците биле изградени (околу 220 од нив ) на три страни во Судан да им служат како гробови за нивните кралеви и кралици од Napata и Meroë. Пирамидите од Куш исто познати како нубејски пирамиди се разликувале од пирамидите во Египет. Нубејските пирамиди биле изградени со поостар агол од египетските. Тие биле споменици на починати кралеви и кралици. Пирамиди биле сè уште градени во Судан подоцна од 300 н.е.
Нигерија
уредиЕдни од уникатните градби од културата на Igbo биле пирамидите Nsude, го градот Nsude, Нигерија во Абуџа северна Igboland. Десет пирамидални градби биле изградени од глина. Првата основна површина била 60 во обем и 3 во висина. Следниот куп бил 45 м во обем. Кружните купишта продолжиле, додека не го достигнат врвот. Градбите биле храмови за богот Ala/Uto, за кој се верувало дека престојува на врвот. Имало поставено стап на врвот за да го претставува живеалиштето на богот. Градбите биле поставени во групи од по пет паралелени една на друга. Бидејќи била изградена од глина како Deffufa во Нубија времето го направило своето и барало периодична реконструкција.
Грција
уредиПавзаниј (2 век од нашата ера) спомнува две градби кои наликуваат на пиримиди, едната 19 километри, (12 милји) југозападно од сè уште постоечката градба во Хеленикон, заеднички гроб на војници кои загинале во легендарната битка за престолот на Аргос, и другата за која се велело дека е гробот на Аргивите убиени во битката околу 669 п.н.е. Ниту една од овие не постои и нема доказ дека личеле на египетските пирамиди.
Има најмалку две преостанати пирамиди, како градби кои сè уште можат да се проучуваат, едната во Хеленикон, а другата во Лигурио, село близу древниот театар Епидаур. Овие градби не биле изградени на истиот начин како пирамидите во Египет. Тие имаат внатрешно наведнати ѕидови, но освен тоа нема очигледна сличност со египетските пирамиди. Тие имаат големи главни соби (за разлика од египетските пирамиди) и градбата во Хеленикон е повеќе правоаголна отколку квадратна, 12.5 од 14 метри (41 од 46 стапки ) што значи дека страните не спојуваат во иста точка. Каменот што се користел за градење на пирамидите бил варовник кој бил кршен во локалноста и бил раздробен зза да го собере, а не во самостојни блокови како во Големата пирамида во Гиза. Нема остатоци или гробници внатре или во близина на градбите. Наместо тоа, собите во кои биле сместени биле направени за да бидат заклучени одвнатре. Ова во комбинација со покривот-тераса значи дека една од функциите на овие градби е што можела да послужи како стражарска кула. Друга можност за овие градби е тоа што тие се светилишта на херои и војници од древните времиња, но заклучувањто на внатрешноста нема никаква смисла за таква цел. Потекнувањето на овие пирамиди направено врзз основа од распрачени лонци ископани од подот. Најдоцните податоци достапни за научно истражување се проценети околу 5 и 4 век. Нормално оваа техника е користена за проценување на грнчаријата, но тука истражувачите ја користеле за проценување на камените парченца од ѕидовите на градбите. Ова направило некоја дебата за тоа дали се ил не се овие пирамиди всушност постари од Египет, кој е дел од дискусијата на Black Athena. Основите зза нивното користење на термолуминесцента за да ги проценуваат овие структури е нов метод на собирање примероци за тестирање. Научниците од лабораториите ангажирани од страна на неодамнешните копачи на градилиштето, Академијата на Атина вели дека тие можат да ги користат електроните заробени во внатрешната површина на камењата за навиистина да се одреди датата кога камењата биле ископани и ставени ззаедно. Мари Лефковиц го критикувала ова истражување. Таа укажува дека некои од истражувањата се направени не за да се одреди веродостојноста на методот на датирање како што било предложено, туку за да се помогне претпоставката за годините и да се направат одредени одлики во врска со пирамидите и грчката цивилизација. Таа забележала дека не само што резултатите не се прецизни, но другите градби вклучени во истражвањето не се всушност пирамиди на пр. гробот за кој е тврдело дека е гробот на Амфион и Цетус ви близина на Теба, структура во Силида (Тесалија) која е само долг ѕид, итн. Исто така ја забележала можноста дека камењата кои се проценувале можело да се преработени од некои поранешни градби. Забележала и дека претходните истражувањето од 1930те, потврдено во 1980те од Fracchia било игнорирано. Се расправала дека тие го презеле нивното истражување користејќи необична и претходно нетестирана методологија со цел да се потврди однапред одредената теорија за годините на овие градби. Liritzis одговорил во една статија во весник објавена во 2011, изјавувајќи дека Лефковиц не ја разбрала и погрешно ја протолкувала методологијата.
Шпанија
уредиПирамидите во Güímar се однесуваат на шест правоаголни пирамидали облици, терасесто обработени градби, изградени од камен од лава без употреба на малтер. Тие се наоѓаат во областа Chacona, дел од градот Güímar на островот Тенерифе во Канарските Острови. Градбите биле проценети дека се од 19 век и нивната вистинска функција објаснета како производ на современата земјоделска техника. Локалните традиции како и преостанатите слики укажуваат на тоа дека слични структури (исто така познати како "Morras", "Majanos", "Molleros", или "Paredones") сè уште моззело да се најдат на повеќе места на островот. Сепак, со текот на времето тие биле демонтирани и користени како евтин материјал за згради. Во самиот Güímar биле девет пирамиди, а само шест останле.
Кина
уреди.
Постојат многу квадратни рамно прекриени гробови со тумба со Кина. Првиот император Чин Ши Хуанг (околу 221 п.н.е кои се обединиле во 7 предимпериски кралства) е закопан под голем насип надвор во денешен Сиан. Во следните векови околу повеќе од дестина кралството на династијата Хан биле исто така закопани во рамно препиени пирамидални работи од земја.
Средна Америка
уредиПовеќе култури од Средна Америкa исто така граделе структури со пирамидални облици. Средноамериканските пирамиди биле обично со храмови на врвот послични со ziggurat во Месопотамија отколку со египетските пирамиди. Најголемата пирамида по волумен е е Големата пирамида во Колула во мексиканската држава Пуебла. Оваа пирамида се смета за најголемиот споменик што е некогаш изграден во светот, и сè уште се ископува. Третата најголема пирамида во светот, пирамидата на Сонцето во Теотихукан исто се наоѓа во Мексико. Има необична пирамида кружен нацрт на страната на Хоилуло, денес во внатрешноста на Град Мексико повеќе покриен со лава од ерупцијата на вулканот Xitle во првиот век п.н.е. Има исто така неколку кружно покриени пирамиди наречени Guachimontones во Техитлан, Халиско. Пирамидите во Мексико биле често користени како места за принесување човечки жртви. За повторно осветување на Големата пирамида на Теночтитлан во 1487, Ацтеките изјавиле дека жртвувале околу 80 400 луѓе во тек на четири дена.
Северна Америка
уредиМногу пред староседелските колумбијско-американски општества од античка Северна Америка граделе големи пирамидални земјени структури познати како насип - платформа. Покрај најголемите и најпознатите од овие градби е Monks Mound на страната на Cahokia, која има основа поголема од онаа на Големата пирамида во Гиза. Многу од насипите подложени на повеќе епизоди , на периодични интервали за изградба, некои стануваат доста големи. За нив се верува дека играле главна улога во верскиот живот на луѓето за градење насипи и документирани користи вклучено и полујавната платформа-куќа на водачот, јавни храмови-платформи, мртовечници-платформи, куќа костурница-платформи,стражарници на земја\градски куќи платформи, со квадратни основи и ротунда платформи и танц-платформи. Културите кои граделе темелни насипи вклучувајќи ги културата Troyville, грчката култура Coles, културата Plaquemine и мисисиписките култури.
Римското Царство
уредиПирамидата висока 27 метри во Cestius билаз изградена кон крајот на првиот век п.н.е и сè уште постои денес во близнина на Порта Сан Паоло. Уште една по име Meta Romuli, која се наоѓа во Агер, Ватикан (денешен Борго) била уништена кон крајот на 15 век. Исто има и римска ера на градење пирамиди во Фаликон, Франција. Има многу пирамиди кои се изградени во Франција во ова време.
Средна Европа
уредиПирамиди од време на време се користеле и во христијанската архитектура во феудалната ера, на пр. како кулата во Овидео Готичка катедрала во Сан Салвадор.
Индија
уредиМногу огромни гранитни пирамиди храмови се направени во јужна Индија за време на империјата Чола, повеќе од кои денес се користат за религиози потреби. Примери од такви пирамиди храмови вклучувајќи го храмот Brihadisvara во Thanjavur, храмот во Gangaikondacholapuram и храмот Airavatesvara во Darasuram. Сепак најголемата пирамида храм во областа е Sri Rangam во Srirangam, Tamil Nadu. Храмот Thanjavur бил изграден од Raja raja Chola во 11 век. Храмот Brihadisvara бил признат од УНЕСКО како светско наследство во 1987, храмот во Gangaikondacholapuram и храмот Airavatesvara биле додадени како проширување на страната во 2004.
Индонезија
уредиДо менхир, камената маса и камената статуа, мегалитската австронезијска култура во Индонезија, исто така оформени од земја и каме пирамида градби наречени Punden Berundak откриени во Pangguyangan, Cisolok и Gunung Padang, западна Јава. Изградбата на пирамиди од камен е основана на народските верувања дека планините и високите предели се живеалишта на духовите на предците. Скалестата пирамида е основиот дизајн на 8 век на споменикот Borobudur Buddhist во централна Јава.Сепак, подоцна изградените храмови во Јава биле под влијание на индииската Хинду архитектура како прикажани од издигнатите куполи од храмот Prambanan. Во 15 век, Јава во текот на доцниот период на Majapahit сведочел за оживување на австронезииските елементи како што биле прикажани од храмот Sukuh дека донекаде личи на пирамидата во Средна Америка.
Пирамидите како тема во уметноста и во популарната култура
уредиПирамидите се јавуваат како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Предупредување“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[1]
- „Проклетството на пирамидите“ - песна на египетскиот поет Халил Мутран.[2]
- „Пирамида“ - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[3]
- „Земјата од другата страна на пирамидите“ (Земља с оне стране пирамида) - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[4]
- „Песна за пирамидата“ (англиски: Pyramid song) - песна на британската рок-група „Рејдиохед“ (Radiohead).[5]
Галерија
уредиПредлошка:Comparison of pyramids.svg
-
Пирамидите во Кафра
-
Пирамидата во Стокпорт, Велика Британија
-
Пирамидата во Карлс Руе, Германија
-
Гробиштата Метаири, Њу Орлеанс.
Литература
уреди„Пирамида (архитектура)“ на Ризницата ? |
- Patricia Blackwell Gary and Richard Talcott, "Stargazing in Ancient Egypt," Astronomy, June 2006, pp. 62–67.
- Fagan, Garrett. "Archaeological Fantasies." RoutledgeFalmer. 2006
Наводи
уреди- ↑ Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 54-55.
- ↑ Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 86-87.
- ↑ Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 62.
- ↑ Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 31.
- ↑ YouTube, Radiohead - Pyramid Song (посетена на 12.3.2021)