Миле Корубин
Миле Корубин (роден на 28 ноември 1922 година во Прилеп - починал на 13 ноември 2000 година во Скопје) — македонски сликар и педагог.[1]
Миле Корубин | ||
Роден | 28 ноември 1922 Прилеп, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 13 ноември 2000 Скопје, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | сликар педагог | |
Сопружник | Вера Долгова-Корубин |
Животопис
уредиМиле Корубин е роден во 1922 година во Прилеп. Во 1951 година дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград. Работел во Историскиот музеј во Македонија. Специјализирал во Париз во 1963/64 година. Неговиот сликарски опус минува низ неколку различни дискурси. Во раната фаза доминантни се влијанијата на некои француски сликари. Најчести мотиви му се фрагментираните урбани пејзажи-патеписи од различните земји во кои престојувал. Богатата колористичка експресија во последната, апстрактна фаза е смирена и артикулирана низ топлите тонски градации. Добитник е на многу награди и признанија. Починал во 2000 година .
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Корубин“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 740. Text "series " ignored (help)