Голман (ракомет)
Голман – во ракометот голманот има задача да го заштити голот, односно да делува така што топката да не ја помине гол-линијата.
Тој е единствениот играч кој има право да се движи во својата зона од 6 метри (сино обележена на сликата). Негова улога е да ги запре ударите од играчите на противничката екипа да влезат во влезат во голот. Играчите на оваа позиција се високи околу 2 метра (висина на голот) и имаат голема еластичност за да можат да ги покриваат ударите по ќошовите, со раце и со нозе.