Јордан Спасов
Јордан Спасов — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.
Јордан Спасов | ||
Роден | 1875 Кнежје, Светиниколско, денешна Македонија | |
---|---|---|
Починал | 25 јули 1908 Кратовско, Македонија |
Животопис
уредиСпасов е роден во 1875 година во штипскoто село Кнежје, тогаш во Османлиското Царство. Останува без образование и станува четник во ајдустската чета на дедо Димо. Со неа во 1895 година учествува во Мелничкото востание на Македонскиот комитет. При разбивањето на четата е заробен и затворен.
Бил амнестиран и повторно започнал со револуционерна дејност и во 1900 година станува четник во четата на Мирче Ацев - Оровчанецот. Подоцна долги години е војвода на ВМОРО во Кратовската околија која ја обиколува со чета од 15 души [1].
Бил суден од војводски суд и убиен во првите денови на Хуриетот поради обвинение и инсистирање од страна на Тодор Александров[2].
Извори
уреди- ↑ Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 475-481., „Българските революционни чети в Македония според доклад на А. Тошев до министъра на външните работи и изповеданията Д. Станчов“
- ↑ Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ ІІ, София, 1937, стр. 202.