Песочница (село)
Песочница (грчки: Αμμοχώρι, Амохори; до 1927 г. Πεσόσνιτσα, Песосница[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 1.250 жители (2011), од кои Македонците се огромно мнозинство.[3]
Песочница Αμμοχώρι | |
---|---|
Мала Река низ Песочница | |
Координати: 40°46.55′N 21°29.4′E / 40.77583° СГШ; 21.4900° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Лерин |
Општ. единица | Кучковени |
Надм. вис. | 635 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1.250 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото е сместено во Леринското Поле, околу 6 км источно од Лерин и 4 км северно од Кучковени. Низ Песочница тече Мала Река.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) ја опишал Пешошница како македонско село.[4][5] В 1861 г. австрискиот интелектуалец Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Вардар ја обележал Песочница како македонско село.[4][6] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Песочница живееле 850 Македонци христијани и 200 Турци.[7][8]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Песошница се води како мешано македонско-турско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 156 куќи.[9]
Според извештај на бугарскиот трговски агент во Битола, Андреј Тошев, на крајот на 1902 г. сета Песочница (село во Леринската околија со 156 куќи) потпаднала под врховенството на Бугарската егзархија и нејзината пропаганда, а претходно била поделена помеѓу егзархијата и Цариградската патријаршија (грчката проаганда).[10][11] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Песочница живееле 800 Македонци, сите под егзархијата.[7][12] Во Песочница работело бугарско училиште со учител Б. Ацев.[13]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 794 жители, кои во 1920 броеле 796 лица.[3] Во 1920-тите малобројното турско население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите доселиле 156 грчки колонисти од Понд. Во 1927 г. селото е преименувано во Амохори, што е грчки превод на македонското име(букв. „песочно село“).[14] Во 1928 г. во Песочница се попишани 1.092 жители, од кои македонските мештани останале огромно мнозинство.
Во 1940 г. населението се зголемило на 1.508 жители.[3] За време на Втората светска војна селото е окупирано од германски војска и во него е отворено бугарско училиште.[15] Селото не настрадало во Грчката граѓанска војна, па затоа во 1951 г. е попишано со 1.582 жители.[3] Во 1961 г. населението броело 1.510 жители, но во 1961 г. се намалил на 1.310 лица поради иселување на извесен број на Македонци во прекуоканските земји, и на грчките доселеници во околните градови. На пописот од 1981 г. Песочница броела 1.362 лица, кои во 1991 г. се зголемиле на 1.600.[3] Во следниот период населението повтороно опаднало, со 1.294 во 2001 и 1.250 во 2011 г.
Цркви
уреди- „Св. Атанас“ — изг. во 1910 г.
- „Св. Никола“ — изг. во 1960 г.
- „Св. Ѓорѓи“ — изг. во 1980 г.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.508 | 1.582 | 1.510 | 1.310 | 1.362 | 1.600 | 1.294 | 1.250 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиСелото има прилично плодно земјиште. Се одгледуваат жито, тутун, компир и бостан, а делумно е застапено и сточарството.[3]
Личности
уреди- Џим Антон (1944 - 2007) — деец на македонската дијаспора во Австралија
- Георги Поп Иванчев — револуционер од МРО
- Димитар Гердев — револуционер
- Кице Грдечки — револуционер од МРО
- Коле Маринчев — револуционер од МРО
- Константин Волканов (1868 – 1927) — просветен и револуционерен деец
- Наум Петров (1869 – ?) — револуционер
- Наум Гинков — деец на МРО, учител во битолското село Ѓавато, војвода на песочничката чета во Илинденското Востание[17]
- Никола Маринчев (1884 – 1932) — револуционер
- Христо Волканов (1874 – 1905) — просветен деец и револуционер
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πεσόσνιτσα -- Αμμοχώριον
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 169.
- ↑ 4,0 4,1 Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.93.
- ↑ Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.
- ↑ 7,0 7,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 26.
- ↑ Георгиев, Величко, Стайко Трифонов. Гръцката и сръбската пропаганди в Македония. Краят на XIX — началото на XX век, София, Македонски научен институт, 1995, стр. 26.
- ↑ Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том I, София, 1993, стр. 125.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
- ↑ Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр. 37
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „ΑΜΜΟΧΩΡΙ-ΤΟΠΟΣ ΚΑΙ ΙΣΤΟΡΙΑ“. Архивирано од изворникот на 2007-03-12. Посетено на 2019-12-09.
- ↑ Портал на поранешната Општина Кучковени[мртва врска]
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 34.
Надворешни врски
уреди„Песочница (село)“ на Ризницата ? |
- Страница за Песочница Архивирано на 12 март 2007 г. (грчки)
- Народна песна пд Песочница
- Црквата „Св. Никола“ во Песочница