Пелка (грчки: Πελεκάνος, Пелеканос; до 1927 г. Πέλκα, Пелка[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 232 жители (2021).

Пелка
Πελεκάνος
Поглед на селото
Поглед на селото
Пелка is located in Грција
Пелка
Пелка
Местоположба во областа
Пелка во рамките на Горуша (општина)
Пелка
Местоположба на Пелка во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°22′N 21°28′E / 40.367° СГШ; 21.467° ИГД / 40.367; 21.467
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаСињак
Надм. вис.&10000000000000760000000760 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно232
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено на западните падини на Сињак, околу 22 км северно од гратчето Сачишта, на надморска височина од 760 м.[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Пелка било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Пелка живееле 580 Грци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 во Пелка живееле 575 Грци.[5]

Според грчка статистика од 1904 г. во Пелка живееле 585 Грци христијани.[6]

Во Грција

уреди

По Балканските Војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 664 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 594 лица.[3]

Во 1927 година, името на селото било променето во Πελεκάνος (Пелеканос).

Стопанство

уреди

Населението произведува жито, тутун, компири и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава и со краварството.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 931 926 825 712 632 614 523 269 232
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Сињак со седиште во селото Враништа, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Пелка, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости

уреди

Цркви

Личности

уреди

Родени во Пелка

Починати во Пелка

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Πανδέκτης: Pelka -- Pelekanos“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-07-16.
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 334.
  4. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.45“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-08-16.
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, р.226-227.
  6. Σπανός, Κωνσταντίνος. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  7. „Πολιτιστικός Σύλλογος Πελεκάνου Κοζάνης“. www.pelka.gr. Посетено на 2023-08-16.