Пеги Луиндула
Пеги Луиндула (роден на 25 мај 1979 година во Киншаса) — француски поранешен фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.
Пеги Луиндула | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 25 мај 1979 | ||
Роден во | Киншаса, Заир | ||
Држава | Франција | ||
Висина | м | 1,78||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Повлекување | 31 мај 2015 (36 години) | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1997-1998 | Ниор | 27 | (8) |
1998-2002 | Стразбур | 85 | (19) |
2002-2004 | Лион | 91 | (33) |
2004-2007 | Марсеј | 37 | (10) |
2005-2006 | →Осер (позајмен) | 33 | (10) |
2006-2007 | →Леванте (позајмен) | 10 | (0) |
2007-2012 | Париз Сен Жермен | 130 | (19) |
2013-2014 | Њујорк Ред Булс | 60 | (9) |
Репрезентација ‡ | |||
2004-2009 | Франција | 6 | (1) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Клупска кариера
уредиРана кариера
уредиЛуиндула ја започнал својата кариера во Ниор и во својата прва професионална сезона постигнал 8 гола, со што им фатил око на скаутите на Стразбур. Тој му се приклучил на Стразбур во 1998 година и постигнал 19 првенствени голови во 85 натпревари. За ова време тој заработил репутација на еден од најперспективните фудбалери во францускиот фудбал.
Лион
уредиЛуиндула продолжил со неговиот напредок по фудбалските скалилата со доаѓањето во еден од најголемите француски клубови во овој период, Лион. Во јануари 2002 година тој го завршил трансферот во Лион за 5,5 милиони £ и ја продолжи својата добра форма постигнувајќи 6 гола и помагајќи му на Лион да триумфира во француската лига. Тој останал во Лион и во следните две сезона освојувајќи уште две првенствени титули. Неговата најпродуктивна сезона била 2003-04 кога тој постигнал 16 порвенствени голови помагајќи му на Лион да дојде до шампионската титула во Лига 1.
Марсеј
уредиОткако за сума од 24.000.000 £, која претставува клупски рекорд го продал Дидје Дрогба на Челзи, Олимпик Марсеј го насочил неговиот интерест кон Луиндула како негова замена. Иако Луиндула изразил желба да остане во Лион и покрај нивните неодамнешни успеси клубот претрпел големи финансиски проблеми и продажбате изгледала веројатна. На крајот тој направил трансфер во Марсеј, а на Лион му биле исплатени 7,5 милиони £.
Тој брзо се нашол во немилост на Велодром, и покрај тоа што бил најдобриот стрелец на клубот во сезоната 2004-05. Тој бил позајмен на ФК Осер, каде што повторно се обединил со својот поранешен тренер од Лион Жак Сантини, за време на сезоната 2005-06, но Луиндула не успеал да го убеди клубот да го задржи на трајна основа. Во летото на 2006 година, тој на тој начин се вратил во Олимпик Марсеј и се нашол на работ на првиот тим, пред да оди на уште еден заем овој пат во шпанскиот клуб Леванте.
Париз Сен Жермен
уредиЛуиндула не останал долго во Шпанија. Пред почетокот на сезоната 2006-07 се вратил во Франција, каде потпишал за Париз Сен Жермен.
Њујорк Ред Булс
уредиВо декември 2012 година беше објавено дека Луиндула ќе го раскине неговиот договор со ПСЖ и дека ќе потпише со Њујорк Ред Булс.[1] Њујорк официјално го објавил потпишувањето со Луиндула на 19 март 2013.[2]
Репрезентативна кариера
уредиТој има шест настапи во кој постигнал и еден гол за репрезентацијата на Франција. Своето деби го имал во 2004 во пријателскиот натпревар против Босна и Херцеговина.
Титули
уредиСтразбур
уреди- Куп на Франција : 2001
Лион
уреди- Лига 1 : 2002, 2003, 2004,
- Француски Суперкуп : 2002, 2003.
ПСЖ
уреди- Лига куп : 2008
- Куп на Франција : 2010
Надворешни врски
уреди- ligue1 profile Архивирано на 9 ноември 2012 г.
- lequipe.fr profile
- psg.fr profile Архивирано на 21 јули 2012 г.
- footballdatabase.eu
Наводи
уреди- ↑ „Luyindula vers New York“. www.lequipe.fr. Посетено на 18 December 2012. (француски)
- ↑ „Red Bulls sign Peguy Luyindula“. www.newyorkredbulls.com. Архивирано од изворникот на 2013-03-22. Посетено на 19 March 2013. (англиски)