Ленгеде (германски: Lengede) — слободна општина во округот Пајне, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 18 километри југозападно од Брауншвајг и 40 километри југоисточно од Хановер.

Ленгеде
Поглед на Ленгеде
Поглед на Ленгеде
Грб на Ленгеде
Ленгеде во рамките на Германија
Ленгеде
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Пајне
Месни единици 5
Градоначалник Марен Вегенер (СДП)
Основни податоци
Површина 34,09 км2
Надм. височина 157 м
Население 13.559 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 398 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PE
Пошт. бр. 38268
Повик. бр. 05174, 05344
Портал www.lengede.de
Местоположба на Ленгеде во рамките на округот Пајне
Карта
Координати 52°12′0″N 10°18′0″E / 52.20000° СГШ; 10.30000° ИГД / 52.20000; 10.30000Координати: 52°12′0″N 10°18′0″E / 52.20000° СГШ; 10.30000° ИГД / 52.20000; 10.30000

Во светот станала позната во 1963 година поради рударската несреќа и подоцнежната спасувачка операција на единаесет преживеани рудари, која подоцна била наречена „Чудо на Ленгеде“ (Wunder von Lengede).

ГеографијаУреди

МестоположбаУреди

Местото се наоѓа 18 километри југозападно од Брауншвајг и скоро 44 километри југоисточно од Хановер. До окружниот град Пајне на север има околу 18 километри. Реката Фузе тече низ Ленгеде.

Соседни општиниУреди

Општината Ленгеде се граничи со следниве места: со општината Фехелде на североисток, со градот Залцгитер на југ, со општината Зелде на запад и со општината Илзеде на северозапад.

Општински единициУреди

Општината е составена од следниве единици: Барбеке, Бројштет, Клајн Лаферде, Ленгеде и Волтвише.

НаводиУреди

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врскиУреди