Пашманостров покрај брегот на Јадранското Море во Хрватска со површина од 60,11 км2[2], сместен на југ од Задар, опкружен со островите Угљан, Иж, Дуги оток и Корнати. Островот е населен со 2.845 луѓе (2011).

Пашман
Pašman
Географија
МестоЈадранско Море
Координати43°57′N 15°23′E / 43.950° СГШ; 15.383° ИГД / 43.950; 15.383
Површина60,11 км2
Највисоко место272 м
Највисока точкаБокољ
Држава
Хрватска
ЖупанијаЗадарска
Најголема населбаПашман
Демографија
Население2,845 (2011)[1]
Густина33,34 /km2 (8.635 /sq mi)

Островот се состои од 11 села: Ткон, Угриниќ, Крај, Пашман, Мали Пашман, Баротул, Мрљане, Невиџане, Добропољана, Бањ, Ждрелац.

Помеѓу сите острови во хрватскиот архипелаг, Пашман има најголема зелена површина со оглед на неговата вкупна површина. Островот е 12-ти остров во хрватскиот архипелаг според големина. Исто така е познат и по тоа што има најчиста вода во Јадранското Море.

Историја

уреди
 
 
leдесноft
 
 

Островот бил населен уште од праисторијата, иако од палеолитот има многу малку сознанија, но има многу урнатини од бронзеното и железното време[3]. Островот бил дел од Либурнија, и од тој период најстарото познато име на еден од островите било Катан (Ткон). Во периодот на Римското Царство, во кој спаѓал и островот, островот бил познат како Флавеико или Инсула Постимана. Очигледно островот бил од античките времиња добро населен, но кон почетокот на средниот век бил напуштен, бидејќи Константин Порфирогенит го нарекол како „пустелија[3].

Во средниот век, поголемиот дел од Пашман бил феудален имот на задарските манастири и аристократија[3].

Првото споменување на Пашман е документирано во 11 век, како сопственост на Задарскиот бенедиктински манастир. Но, се чини дека островот во тоа време бил дел од епархијата Биоград, затоа што (според некои извори), епископот на Биоград во 1076 година го дал манастирот „Св. Кузма и Дамјан“ на Чоковац. По венецијанското уништување на Биоград во 1125 година, седиштето на Роговската опатија било преместено во Пашман.

По Опсадата на Задар во 1202 година, Задар и аристократите избегале во Чоковац. По Опсадата на Задар во 1345 година, Венеција го уништила манастирот „Св. Козма и Дамјан“, ги заробиле монасите и ја зеле архивата. Манастирот започнал да се обновува по потпишувањето на Задарскиот мир во 1358 година, а потоа била изградена и нова манастирска црква.

Францисканците на островот дошле во околу 1380 година и во 1390 година изградиле нов манастир, Св. Доминус кој бил целосно обновен во 16 век. Овде биле примени голем број на бегалци, кои побегнале од Османлиите.

„Св. Козма и Дамјан“ бил еден од центрите за глаголичкото ширење во северна Далмација. Во манастирот биле создадени бројни глаголички ракописи. Се претпоставува дека монасите од Пашман отишле во Прага како глаголички и старословенски учители.

Географија

уреди

Пашман има површина од 60,11 км2 и должина на брегот од 65,3 километри. Одделен е од континентот преку Пашманскиот канал, чија ширина е 2 до 3 километри, а должината над 20 километри. Во акваторијата има многу мали живописни острови. Правецот на морските струи се менува на секои шест часа, што помага за зачувување на вонредната чистина и бистрина на водата. Пашманскиот канал е омилено место за љубителите на вода, а особено за сурфањето на ветер.

Пасман е одделен од соседниот остров Угљан преку тесниот теснец Ждрелац, кој во минатото бил толку плиток што можело да се помине и пеш. Во 1883 година бил проширен и денес е достапн за мали пловни објекти. Од 1973 година, преку Ждрелац бил изграден мост, поврзувајќи го Пашман и Угљан со патниот сообраќај.

На запад од Пашман се наоѓа островот Дуги Оток и Корнати. Во Пашманскиот канал е сместен и островот Галешњак, кој станал познат во 2009 година, кога непосредно пред Денот на вљубените корисниците на Google Earth забележале дека островот наликува на срце.

Знаменитости

уреди

Пашман е познат како најзелен остров на јадранскиот брег. На северната страна, свртени кон копното, постојат прекрасни песочни плажи и борови шуми. Јужната половина е полна со недопрени места, чиста природа и бројни заливи со поглед на Корнати. Во овој дел од островот нема патишта.

На островот има два манастири - бенедиктскиот „Св. Козма и Дамјан“ во близина на Ткон од 1059 година и францисканскиот „Св. Доминус“ од 1392 до селото Крај.

Наводи

уреди
  1. Острошки, Лилјана, уред. (декември 2015). Статистички годишник на Република Хрватска 2015 (PDF). Државен завод за статистика. стр. 47. ISSN 1333-3305. Посетено на 27 декември 2015.
  2. (June 2004). "Coastline lengths and areas of islands in the Croatian part of the Adriatic Sea determined from the topographic maps at the scale of 1 : 25 000" (PDF).  (консултирано на 2011-01-21)
  3. 3,0 3,1 3,2 Pašman (хрватски). Hrvatska enciklopedija. Посетено на 14 мај 2017.

Извори

уреди

Надворешни врски

уреди