Патрик Андерсон
Патрик Џонас Андерсон (18 август 1971) е поранешен шведски професионален фудбалер кој играл на позицијата дефанзивец. (одбранбен играч)
Започнувајќи ја својата кариера со клубот на Малме ФФ во доцните 1980ти, тој продолжил да игра професионално во Англија, Германија и Шпанија и ја освоил Лигата на шампионите на УЕФА 2000-01 со ФК Баерн Минхен. Подоцна во 2004 година се вратил во Малме пред да се пензионира следната сезона.
Помеѓу 1992 и 2002 година, тој одиграл 96 натпревари за репрезентацијата на Шведска, а бил и дел од тимот на Шведска која го освоила на третото место на Светското првенство во фудбал во 1994 година во Соединетиоте Американски Држави. Исто така тој настапувал на Летните олимписки игри 1992 во Барселона. Патрик има настапувано и на УЕФА ЕВРО 1992, УЕФА ЕВРО 2000, и бил стандарден играч на тимот на Светското првенство на ФИФА 2002 година во Јужна Кореја и Јапонија.
Тој бил награден со Гулдболен како најдобар шведски фудбалер во 1995 и 2001 година.
Клупска кариера
уредиПочетна кариера
уредиПатрик Џонас Андерсон е роден е во Бјеред,Шведска. Тој ја започнал својата кариера во локалниот клуб, Бјередс ИФ, а во 1988 година, се преселил во Алсвенскан лигата во поголемиот и попознат клуб Малме ФФ.
Блекбурн Роверс
уредиВо декември 1992 година, Андерсон се преселил во англискиот тим на Блекбурн Роверс за сума од 800.000 фунти[1] каде останал една година, одигрувајќи само 12 натпревари во Премиер лигата. Сепак, тој останал познат по тоа што бил еден од првите странски засилувања во тимот на Блекбурн Роверс и еден од релативно малата група странци кои се појавиле во првата сезона од новата Премиер лига во Англија.[2] Патрик постигнал еден гол за Блекбурн, во поразот со 2:1 од Шефилд Венздеј во реваншот од полуфиналето на Купот на фудбалската лига во сезоната 1992-93.[3]
Борусија Менхенгладбах
уредиНеговиот следен чекор бил заминувањето во Германија во октомври 1993 година[4] во тимот на Борусија Менхенгладбах. Таму тој го освоил ДФБ-Покал (првенството) со екипата на Борусија во 1995 година, но морал да го напушти тимот во 1999 година бидејќи неговите перформанси и неговата игра не била на задоволитено ниво.
Баерн Минхен
уредиВо јуни 1999 година, Андерсон потпишал за Баерн Минхен за приближно 6 милиони германски марки.[5] Својот прв натпревар го одиграл на 22 август 1999 година во поразот на Бајер од 2:0 на гостински терен кај екипата на Бајер Леверкузен. Неговиот претстој во Баерн резултирал со две шампионски титули во Бундеслигата (во шампионската сезона 2000-01 тој го постигнал последниот и решавачки гол против тимот Хамбургер во последната минута.[6] Тоа бил неговиот единствен гол за клубот) едниот бил првак на Германија, а вториот победа и освојување на Лигата на шампионите на УЕФА 2000-01,[7] и покрај тоа што на тој натпревар го промашил ударот од точката за казнени удари (пенал).[8]
ФК Барселона
уредиАндерсон во 2001 година се преселил да игра во гигантот од Ла Лига ФК Барселона и таму поминал цели три сезони, но за жал со многу повреди. Затоа за популарнит тим од Ноу Камп (Блауграна - салата) одиграл само 19 првенствени натпревари.[9]
Малме ФФ
уредиВо сезоната 2004, Андерсон се вратил во клубот на Малме ФФ за да игра во шведската лига повторно по цели 10 години. Таа 2004 година тој бил капитен на ФФ Малме кој ја освоил првата титула во шведската лига (Алсвенскан) по пауза од цели 15 години. Двапати бил награден со Гулдболен како шведски фудбалер на годината, и тоа во 1995 и 2001 година. Доживеал уште една повреда на коленото за време на квалификацискиот натпревар за Лигата на шампионите против швајцарскиот тим ФК Тун на 10 август 2005 година.[10] Тогаш, на 12 август, Андерсон објавил дека се повлекува од професионалниот фудбал.
Меѓународна кариера
уредиАндерсон во својата кариера одиграл вкупно 96 натпревари за шведската репрезентација, постигнувајќи три гола.[11] Тој освоил бронзен медал на Светското првенство во фудбал во САД во 1994 година. Андерсон играл и во тимот што успела да стигне до полуфиналето на УЕФА ЕВРО 1992 година. Бил дел од шведската државна репрезентација која учествувала на ЕВРО 2000, потоа наСветскиот првенство на ФИФА 2002 година и бил член на шведскиот тим што се натпреварувал на Летните олимписки игри 1992 во Барселона.[12] На ЕВРО 2000, добил црвен картон за тежок прекршок над белгиецот Барт Гур.[13] На Светското првенство во 2002 година, на последниот тренинг на Шведска пред нивниот воведен натпревар против Англија, Андерсон се повредил и не бил во можност да игра на турнирот. Тој бил заменет од соиграчот Андреас Јакобсон.
Кариерата по професионалната игра
уредиАндерсон бил назначен за скаут на Манчестер Јунајтед во Скандинавија во август 2010 година.(човек кој ќе ги следи младите и надежни играчи од Скандинавија и ќе ги упатува во тимот на Манчестер Јунајтед).[14]
Приватен живот
уредиАндерсон е син на Рој Андерсон, кој одиграл повеќе од 300 натпревари за ФФ Малме и одиграл 20 натпревари за репрезентацијата на Шведска, претставувајќи ги на Светското првенство на ФИФА во 1978 година во Аргентина.[15] Неговиот брат Даниел Андерсон, бил исто така поранешен професионален фудбалер и шведски репрезентативец.[16]
Статистика во кариерата
уредиКлубска статитика
уредиКлуб | Сезона | Лигашки натпревари и голови | Натпревари во куп | Натпревари од лига куп | Европски натпревари | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Настапи | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
Малме ФФ | 1989 | Шведска прва лига | 15 | 1 | – | 4 | 0 | 19 | 1 | |||
1990 | Шведска прва лига | 20 | 2 | – | 4 | 0 | 24 | 2 | ||||
1991 | Шведска прва лига | 28 | 1 | – | – | 28 | 1 | |||||
1992 | Шведска прва лига | 27 | 7 | – | – | 27 | 7 | |||||
Вкупно | 90 | 11 | – | 8 | 0 | 98 | 11 | |||||
Блекбурн Роверс | 1992–93 | Премиер лига | 11 | 0 | – | 11 | 0 | |||||
1993–94 | Премиер лига | 1 | 0 | – | 1 | 0 | ||||||
Вкупно | 12 | 0 | – | 12 | 0 | |||||||
Борусија Менхенгладбах | 1993–94 | Бундеслига | 17 | 1 | 0 | 0 | – | – | 17 | 1 | ||
1994–95 | Бундеслига | 34 | 1 | 6 | 0 | 1 | 0 | – | 41 | 1 | ||
1995–96 | Бундеслига | 33 | 4 | 2 | 0 | – | 6 | 0 | 41 | 4 | ||
1996–97 | Бундеслига | 32 | 1 | 2 | 0 | – | 4 | 1 | 38 | 2 | ||
1997–98 | Бундеслига | 30 | 3 | 1 | 0 | – | – | 31 | 3 | |||
1998–99 | Бундеслига | 28 | 0 | 3 | 0 | – | – | 31 | 0 | |||
Вкупно | 174 | 10 | 14 | 0 | 1 | 0 | 10 | 1 | 199 | 11 | ||
Бајерн Минхен | 1999–2000 | Бундеслига | 15 | 0 | 5 | 0 | 2 | 0 | 9 | 0 | 31 | 0 |
2000–01 | Бундеслига | 20 | 1 | 1 | 0 | 2 | 0 | 12 | 0 | 35 | 1 | |
Вкупно | 35 | 1 | 6 | 0 | 4 | 0 | 21 | 0 | 66 | 1 | ||
Барселона | 2001–02 | Ла Лига
Шпанска прва лига |
12 | 0 | 1 | 0 | – | 6 | 1 | 19 | 1 | |
2002–03 | Ла Лига
Шпанска прва лига |
3 | 0 | 0 | 0 | – | 4 | 0 | 7 | 0 | ||
2003–04 | Ла Лига
Шпанска прва лига |
4 | 0 | 1 | 0 | – | 0 | 0 | 5 | 0 | ||
Вкупно | 19 | 0 | 2 | 0 | – | 10 | 1 | 31 | 1 | |||
Малме ФФ | 2004 | Шведска прва лига | 10 | 1 | – | – | 10 | 1 | ||||
2005 | Шведска прва лига | 9 | 0 | – | 3 | 0 | 12 | 0 | ||||
Вкупно | 19 | 1 | – | 11 | 0 | 22 | 1 | |||||
Вкупна кариера на играчот | 349 | 23 | 22 | 0 | 5 | 0 | 53 | 2 | 428 | 25 |
Меѓународни натпревари
уредиРепрезентација | Година | Натпревари | Голови |
---|---|---|---|
Шведска | 1992 година | 11 | 0 |
1993 година | 7 | 0 | |
1994 година | 15 | 1 | |
1995 година | 7 | 0 | |
1996 година | 8 | 1 | |
1997 година | 9 | 0 | |
1998 година | 7 | 0 | |
1999 година | 9 | 0 | |
2000 година | 10 | 0 | |
2001 година | 10 | 1 | |
2002 година | 3 | 0 | |
Вкупно | 96 | 3 |
- Список на натпревари и резултати. Најпрво е бројот на голови на Шведска, а потоа колоната со постигнати голови на Андерсон.
бр. | Дата | Место на одигрување | Противник | Резултат | Резултат | Тип на натпревар |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 17 август 1994 година | Ејравален, Еребро, Шведска | Литванија | 3–0 | 4–2 | Пријателски |
2 | 1 јуни 1996 година | Стадион Росунда, Солна, Шведска | Белорусија | 4–1 | 5–1 | Квалификации за Светското првенство на ФИФА во 1998 година |
3 | 1 септември 2001 година | Градски стадион, Скопје, Македонија | Македонија | 2–0 | 2–1 | Квалификации за Светското првенство на ФИФА во 2002 година |
Наводи
уреди- ↑ „Football: On the move“. The Independent. 20 December 1992. Посетено на 24 May 2016.
- ↑ „Boom and bust the Blackburn way“. BBC. 13 May 1999. Посетено на 21 December 2010.
- ↑ „Wembley date for Wednesday“. The Independent. 14 March 1993. Посетено на 10 November 2015.
- ↑ „Borussia M'Gladbach 1993/94“. skladyfutbol.pl. 1 February 2015. Архивирано од изворникот на 2 February 2015. Посетено на 1 February 2015.
- ↑ Pfennig, Christian; Neußer, Joachim (7 June 1999). „Ribbeck stellt Matthäus EM-Freibrief aus“ [Ribbeck provides Matthäus complete authority from the European Championship]. Rhein-Zeitung (германски). Архивирано од изворникот на 2020-08-15. Посетено на 23 May 2016.
- ↑ „Vier Minuten im Mai“ (германски). sport1.de. 12 May 2009. Архивирано од изворникот на 2017-08-09. Посетено на 21 January 2010.
- ↑ „Patrik Andersson“ (германски). fussballdaten.de. Посетено на 21 January 2010.
- ↑ „Bayern crowned European champions“. BBC Sport. 23 May 2001. Посетено на 21 January 2010.
- ↑ Arnhold, Matthias (14 November 2019). „Patrik Jonas Andersson - Matches and Goals in Bundesliga“. Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation. Посетено на 15 November 2019.
- ↑ „Roundup:Doubts surround 2 league kickoffs“. The New York Times. 12 August 2005. Посетено на 21 January 2010.
- ↑ Mamrud, Roberto (14 November 2019). „Patrik Andersson – International Appearances“. Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation. Посетено на 15 November 2019.
- ↑ „Patrik Andersson Biography and Statistics“. Sports Reference. Архивирано од изворникот на 4 December 2009. Посетено на 29 October 2009.
- ↑ „Belgium beat Sweden to start with a bang“. UEFA.com. Union of European Football Associations. 6 October 2003. Посетено на 21 January 2010.
- ↑ Ogden, Mark (24 August 2010). „Anderson makes successful return in Manchester United's £48m reserves“. Telegraph.co.uk. Посетено на 4 September 2010.
- ↑ „Patrik Andersson“. level-k.com (јапонски). Посетено на 21 January 2010.
- ↑ „Svenske landslagshjältens superkropp – som 69-åring“. www.expressen.se (шведски). Посетено на 19 October 2020.