Чукарче (Очипала)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Чукарка — старохристијанска црква, некропола и римски тумул се наоѓа во Источна Македонија во областа Пијанец, 8 км северозападно од Делчево. На 700 м источно од ридот Пресечен Камен, на мала тераса се зачувани остатоци од црква градена од камен и варов малтер. Околу неа се гледаат камени плочи од гробни конструкции.[1]

Истражувања уреди

Во текот на 2001 и 2002 г. биле извршени археолошки истражувања во околината на градот Делчево во областа Пијанец, биле истражани 5 тумули од римско време од кои еден бил во наоѓалиштето Чукарка во атарот на селото Очипала.[2]

Римски тумул уреди

Тумулот се протегал со правец исток-запад, пронајдено е пепел и изгорените коски на покојникот. Во гробот немало остатоци на јагленисано дрво што укажува дека бил кремиран на друго место а коските биле однесени до гробот, во пепелта биле оставени разни садови кои немале траги на горење како: керамички бокал, луцерна, стакленлакримариум и плиток конусовиден стаклен сад со рамен обод.[3] Гробот датирал од крајот на I или II век.

Средновековна некропола уреди

Со истражувањата на тумулата се пронајдени и 42 скелетни погребувања кои датираат од 10-12 век и се вкопани со негова конфигурација. Овие истражувања се извршувале во летото на 2002 г. Гробовите се речиси сите со насоченост запад-исток според христијанскиот канон со мали отстапки како ЈЗ-СИ или СЗ-ЈИ.[4] Традиционалната погребна гозба е исто забележана во оваа некропола. Во повеќето од гробовите главата на скелетите е завртена или десно или лево, ова највереојатно е поради постморталните поместувања, ерозивните процеси и растреситоста на теренот.[5] Необично нешто е што има има еден гроб со насоченост југ-север кој е исто најдлабок од сите гробови, но и декаптација и погребување на главата одвоено од трупот.[6]

Исто така во некрополата е пронајден накит, а тоа: прстени, наушници и белегзии.[7] Вкупниот број на пронајдени скелети е 42[8], 47% од скелетите припаѓале на жени додека 53% припаѓале на мажи[9], просечниот животен век на мажите бил 46.5 години додека на жените 46.1 години[10]. Повеќето од мажите биле со робусна или умерена градба, додека повеќето од жените биле со умерена или грацилна градба. Машките поединци во просек биле 169 см високи додека жените биле 164 см високи.[11] Забележано е кариес на 16.6% од сочуваните заби додека регресивните промени од стареење како артритис, спондилоза и интервертебрална дископатија се исто биле забележани ка постарите поединци, а најстарата жена имала остеоороза на ’рбетот и долгите коски.[12]

Наводи уреди

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
  2. Чукарка римски тумул средновековна некропола, Марјан Јованов, Елица Манева и Фаница Велјановска, Скопје 2004, стр 11
  3. Чукарка римски тумул средновековна некропола, Марјан Јованов, Елица Манева и Фаница Велјановска, Скопје 2004, стр 14-15
  4. Чукарка римски тумул средновековна некропола, Марјан Јованов, Елица Манева и Фаница Велјановска, Скопје 2004, стр 56
  5. Чукарка римски тумул средновековна некропола, Марјан Јованов, Елица Манева и Фаница Велјановска, Скопје 2004, стр 54-55
  6. Чукарка римски тумул средновековна некропола, Марјан Јованов, Елица Манева и Фаница Велјановска, Скопје 2004, стр 57
  7. Чукарка римски тумул средновековна некропола, Марјан Јованов, Елица Манева и Фаница Велјановска, Скопје 2004, стр 60
  8. Чукарка римски тумул средновековна некропола, Марјан Јованов, Елица Манева и Фаница Велјановска, Скопје 2004, стр 147
  9. Чукарка римски тумул средновековна некропола, Марјан Јованов, Елица Манева и Фаница Велјановска, Скопје 2004, стр 159
  10. Чукарка римски тумул средновековна некропола, Марјан Јованов, Елица Манева и Фаница Велјановска, Скопје 2004, стр 158
  11. Чукарка римски тумул средновековна некропола, Марјан Јованов, Елица Манева и Фаница Велјановска, Скопје 2004, стр 164
  12. Чукарка римски тумул средновековна некропола, Марјан Јованов, Елица Манева и Фаница Велјановска, Скопје 2004, стр 172-173