Отворена листа е секоја варијанта на пропорционалниот изборен модел, каде што гласачите имаат одредено влијание врз редоследот по кој се избираат кандидатите од одредена партија. Оваа варијанта е спротивна на пропорционалниот изборен модел со затворена листа, во која само активните членови, партиските функционери или консултанти можат да го одредат редоследот по кој ќе се бираат кандидатите. Покрај ова, моделот со отворени листи им овозможува на гласачите да избираат поединци, наместо партии. Различни системи му даваат на избирачот различно количество влијание. Изборот на гласачот се нарекува преференцијален глас; гласачите обично можат да дадат еден или повеќе преференцијални гласови на кандидатите од отворената листа.

Земји кои користат пропорционална модел со отворени листи заклучно со 2020 година.
  Земји во кои сите партии користат отворени листи

Варијанти

уреди

Релативно затворен

уреди

„Релативно затворен“ модел со отворени листи е оној каде што кандидатот мора да ја исполни квотата на гласови за кандидатот да биде избран. (Оваа квота најчесто се пресметува како однос од вкупниот број гласови со бројот на места што треба да се пополнат. Треба да се наведе прецизна цифра, а може да се користат и Харевата квота, или Друповата квота.)

Преку одземање на бројот на кандидати од одредена партија кои ја постигнале оваа квота од вкупниот број на освоени мандати од партијата се добива бројот на неисполнети места. Тие редоследно се распределуваат на највисоко рангираните и сè уште неизбрани кандидати од оригиналната листа на партијата.

Норвешка

уреди

На парламентарните избори, 50% од гласачите треба да гласаат за одреден кандидат за да го сменат редоследот на партиската листа, што во пракса е речиси невозможно и тоа де факто е затворен модел. На локалните избори има праг од 8%.[1]

Поотворен

уреди

Во „поотворениот“ модел со отворени листи, изборниот праг е релативно низок. Така (теоретски) е возможно бројот на кандидати од една партија кои ќе го исполнат овој праг (квота) да е поголем од вкупниот број на мандати освоени од партијата. Затоа, однапред треба да се појасни дали првенство во освојување на мандатите има оригиналната партиска листа или апсолутниот број на гласови освоени од кандидатите. Квотата за поединци обично се одредува или како процент од квотата на партиската листа, или како процент од вкупните гласови што ги добила партијата.

Пример: Kвотата е 1000 гласови, а изборниот праг на отворената листа е 25% од квотата, т.е. 250 гласови. Оттука, ако партијата добие 5000 гласови ќе освои пет мандати, кои се распоредуваат на кандидатите од нејзината листа на следниов начин:

Место на кандидатиот
на листата
Преференцијални гласови 25% од квотата Избран
#1 3500 x (прво) x
#2 50 x
#3 150 x
#4 250 x (трето) x
#5 100
#6 100
#7 450 x (второ) x
#8 50
... ...

Кандидатите со реден број 1, 7 и 4 го оствариле изборниот праг од 25% од квотата (250 или повеќе преференцијални гласови). Затоа ги добиваат првите три од петте мандати што ги освоила партијата. Останатите два мандати ќе ги добијат кандидатите 2 и 3, како највисоко рангирани на оригиналната партиска листа. Ова би значело дека кандидатот број 5 не е избран иако е петти на листата и има повеќе преференцијални гласови од кандидатот број 2.

Во пракса, при олку строг праг, само мал број кандидати успеваат да напредуваат на листите, бидејќи потребен е огромен број на гласови. Онаму каде што прагот е помал (на пр. на парламентарните избори во Чешка, потребниот минимум е 5% од вкупниот број на гласови за партијата), резултатите многу често во голема мера се разликуваат од оригиналната листа.

Партиите обично им дозволуваат на своите кандидати да бараат преференцијални гласови од гласачите, но без притоа да водат негативна кампања против другите кандидати на листата.

Најотворен

уреди
 
Парламентарните избори во Финска користат метод на отворена листа. Тука, официјалната решетка за постери во центарот на Хелсинки ги прикажува кандидатите и нивните доделени броеви по гласови.
 
Гласачко ливче за финските парламентарни избори во 2011 година. Гласачкото ливче содржи само празен круг во кој гласачите го запишуваат бројот на својот префериран кандидат.

Моделот на „најотворени“ листи е оној каде што апсолутниот број гласови што ги добива секој кандидат во целост го одредува „редоследот на избор“.

Кога се користи таков модел на гласање, може да се каже дека се одржуваат и дополнителни внатрепартиски виртуелни избори со непреносливи гласови (единечни или повеќекратни во зависност од бројот на преференцијални гласови на располагање на избирачите).

Различни земји имаат различни методи за решавање на нерешениот исход меѓу кандидатите. На пример, во Финска тоа се решава со фрлање паричка, додека во Бразил највозрасниот кандидат го добива мандатот.

Примена

уреди

Африка

уреди

Америка

уреди

Азија-Тихоокеанија

уреди

Европа

уреди

Белешки

уреди

CEPPS

  1. „Country Profile: Colombia“. 2012-06-19. Архивирано од изворникот 2016-04-02. Посетено на July 8, 2012.
  2. „Country Profile: Indonesia“. 2010-11-26. Архивирано од изворникот 2016-03-29. Посетено на June 30, 2012.
  3. „Country Profile: Sri Lanka“. 2010-02-18. Архивирано од изворникот 2016-03-26. Посетено на June 30, 2012.
  4. „Country Profile: Czech Republic“. Архивирано од изворникот 2017-08-16. Посетено на 2017-08-16.
  5. „Country Profile: Estonia“. 2011-04-15. Архивирано од изворникот 2016-03-30. Посетено на June 30, 2012.
  6. „Country Profile: Latvia“. August 5, 2011. Архивирано од изворникот April 2, 2016. Посетено на June 30, 2012.
  7. „Country Profile: Luxembourg“. February 4, 2010. Архивирано од изворникот March 27, 2016. Посетено на July 8, 2012.
  8. „Country Profile: Netherlands“. 2010-10-14. Архивирано од изворникот 2016-04-02. Посетено на June 30, 2012.
  9. „Country Profile: Norway“. 2011-03-18. Архивирано од изворникот 2016-03-24. Посетено на July 8, 2012.
  10. „Country Profile: Slovakia“. February 1, 2012. Архивирано од изворникот April 1, 2016. Посетено на June 30, 2012.
  11. „Country Profile: Slovenia“. 2012-02-28. Архивирано од изворникот 2016-03-29. Посетено на June 30, 2012.
  12. „Country Profile: Sweden“. ElectionGuide. Consortium for Elections and Political Process Strengthening. 2010-08-08. Архивирано од изворникот 2016-03-29. Посетено на July 8, 2012.

Наводи

уреди
  1. Valgloven §7-2, §11-5, §11-10, §11-12 og §6-2
  2. „IPU PARLINE database: DEMOCRATIC REPUBLIC OF THE CONGO (Assemblée nationale), Electoral system“. Архивирано од изворникот 2021-02-24. Посетено на 2018-08-19.
  3. 3,0 3,1 3,2 Mainwaring, Scott (October 1991). „Politicians, Parties, and Electoral Systems: Brazil in Comparative Perspective“ (PDF). Comparative Politics. 24 (1): 21–43. doi:10.2307/422200. JSTOR 422200. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-05-08. Посетено на 2012-08-01.
  4. Craig Arceneaux, Democratic Latin America, Routledge, 2015 ISBN 978-1-317-34882-5 p.339 Архивирано на 25 февруари 2021 г.
  5. George Rodriguez, "Voters head to the polls in El Salvador to elect legislators, mayors Архивирано на 7 мај 2021 г.", Tico Times, 28 February 2015
  6. (на шпански) "Papeletas para las elecciones 2015 Архивирано на 27 февруари 2021 г. (reproduction of ballot papers and explanation of the new voting system)", Tribunal Supremo Electoral
  7. Matthew S. Shugart Архивирано на 24 февруари 2021 г., "El Salvador joins the panachage ranks, president's party holds steady Архивирано на 28 февруари 2021 г.", Fruits and Votes, 8 March 2015
  8. "Honduras Архивирано на 24 април 2021 г.", Election Passport
  9. „IPU PARLINE database: PANAMA (Asamblea Nacional), Electoral system“. Архивирано од изворникот 2022-04-07. Посетено на 2018-08-19.
  10. „IFES Election Guide | Country Profile: Peru“. Архивирано од изворникот 2021-04-22. Посетено на 2018-08-19.
  11. "http://archive.ipu.org/parline-e/reports/2299_B.htm Архивирано на 15 јули 2018 г."
  12. Fijan elections office. „Electoral decree 2014“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 14 July 2014. Посетено на 3 July 2014.
  13. ja:非拘束名簿式
  14. „IPU PARLINE database: JORDAN (Majlis Al-Nuwaab), Electoral system“. Архивирано од изворникот 2018-08-19. Посетено на 2018-08-19.
  15. „Lebanon to hold parliamentary elections in May 2018“. 14 June 2017. Архивирано од изворникот 18 June 2018. Посетено на 23 June 2017.
  16. „Broshurë Informative mbi proceset zgjedhore Parlamentare dhe Lokale në Shqipëri, mbi partitë politike, legjislacionin, rekomandimet e OSBE/ODIHR (1991-2020)“ [Information Booklet on Parliamentary and Local Electoral Processes in Albania, on Political Parties, Legislation, OSCE / ODIHR Recommendations (1991-2020)] (PDF) (албански). Instituti i Studimeve Politike (ISP). 2020. Архивирано (PDF) од изворникот 1 February 2021.
  17. „Armenia's New Electoral Code: Open vs. Closed Party Lists and Other Considerations“. 12 July 2018. Архивирано од изворникот August 24, 2022. Посетено на August 24, 2022.
  18. 18,0 18,1 18,2 18,3 18,4 18,5 18,6 18,7 „Electoral Systems in Europe: An Overview“. European Parliament in Brussels: European Centre for Parliamentary Research and Documentation. October 2000. Архивирано од изворникот на May 9, 2013. Посетено на July 6, 2012.
  19. „Izborni zakon BiH, članovi 9.5 i 9.8“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот March 7, 2021. Посетено на September 2, 2012.
  20. „Report on Proportional Electoral Systems: the Allocation of Seats inside the Lists (open/closed lists)“. Venice Commission. March 23, 2015. Посетено на January 24, 2023.
  21. „Zakon o izborima zastupnika u Hrvatski sabor (Act on Election of Representatives to the Croatian Parliament)“ (хрватски). Архивирано од изворникот April 9, 2018. Посетено на April 8, 2018.
  22. Miriam A. Golden; Lucio Picci (April 2008). „Pork-Barrel Politics in Postwar Italy, 1953-94“ (PDF). American Journal of Political Science. 52 (2): 268–289. doi:10.1111/j.1540-5907.2007.00312.x. Архивирано (PDF) од изворникот 2021-03-01. Посетено на 2012-08-01.
  23. „IFES Election Guide | Country Profile: Lithuania“. Архивирано од изворникот 2018-08-20. Посетено на 2018-08-19.
  24. UkrInform: Ukrainian parliament adopts Electoral Code Архивирано на 8 март 2021 г., Kyiv Post