Друпова квота
Друпова квота — квота која најчесто се користи на избори што се одржуваат во рамките на Системот со единствен пренослив глас (СТВ). Исто така, понекогаш се користи на избори што се одржуваат под методот на најголем остаток на партијата. На изборите преку Системот со единствен пренослив глас, квотата е минимален број гласови што кандидатот мора да ги добие за да биде избран. Сите гласови што кандидатот ги добива над квотата се префрлаат на друг кандидат. Друповата квота била осмислена во 1868 година од страна на англискиот адвокат и математичар Хенри Ричмонд Друп (1831-1884) како замена за претходната квота на Хер.
Денес, Друповата квота се користи во Индија, Република Ирска, Северна Ирска, Малта и Австралија.