Орман Чифлик
Орман Чифлик (грчки: Δενδρί, Дендри; до 1928 година: Ορμάν Τσιφλίκ, Орман Цифлик[1]) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.
Орман Чифлик Δενδρί | |
---|---|
Координати: 40°45′N 22°08′E / 40.750° СГШ; 22.133° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Вртикоп |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓало помеѓу селата В’гени и Ризово, а ѝ припаѓало на општината Каменик.[2]
Историја
уредиВо 1928 година, селото добило ново грчко име, но изгледа дека истата година се растурило, бидејќи не се спомнува во пописот од 1928 година. Неговото население се прибрало во околните села, бидејќи земјиштето, кое било беговско, им било доделено на бегалски семејства сместени во селото Ризово.[2]
Стопанство
уредиГлавното занимање на селаните било земјоделството.
Население
уредиВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Орман Чифлик (Orman tchifliq) е село во Воденската каза со 20 куќи и 75 жители Македонци.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Орман Чифлик живееле 90 Македонци.[2][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мавреново (Mavrenovo) имало 48 Македонци.[2][5]
Во 1920 година, Орман Чифлик е посочено со 5 македонски куќи.[2][6]
Во пописот од 1913 година било забележано со 32 жители, а во 1920 година само со 14 жители. Во 1928 година добило ново грчко име, но изгледа селото се распаднало и не е спомнато во пописот од 1928 година.[2]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на општината Вртикоп, во округот Постол.
Наводи
уреди- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ορμάν Τσιφλίκ - Δενδρί
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 53–54.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 158 - 159.
- ↑ Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 146.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 102 - 103.
- ↑ Милојевић, Боровоје. Јужна Македонија - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927 (διοικητικά όρια 1911) Архивирано на 27 март 2013 г.
Белешки
уреди- Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.